Активни 1.715 случаи, караванот за вакцинирање против Ковид-19 во Кичево


Караванот за вакцинирање против Ковид-19 денеска ќе биде во Кичево, а ќе заврши утре во Струга. Надлежните апелираат граѓаните да се вакцинираат со цел да се заштитат од тешки форма на болеста, хоспитализација и смрт поради инфекција со Ковид-19. Заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски, претставникот на УСАИД за земјава, Ерик Јановски, заменик-претставникот на УНИЦЕФ, Артур […]

Над 500 домашни и странски тркачи ќе учествуваат во трката Водно-Матка Треилс


Еднодневен спортски настан – трка во планинско трчање ќе се одржи денеска на релација Водно-Матка Треилс. Настанот всушност е составен од три трки – Водно – Матка што е со должина од 40 километри, Водно Треил со должина од 27 километри и Водно ИзиРан – трка долга 10 километри. Трките се одвиваат во околината на […]

Облачно со повремени врнежи, попладне пороен дожд, грмежи и силен ветер


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува силен југозападен ветер. Кон крајот на денот поради заладување на планините врнежите ќе преминат во снег. Максималната температура ќе биде во интервал од […]

Градоначалникот на Кисела Вода бара да се истражи пожарот во Пржино кој можеби е подметнат


Старо училиште во скопската населба Пржино, попдладнево целосно изгоре во пожар. На местото на настанот беше и градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски кој на социјалните мрежи го повика Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи пожарот, бидејќи според неговите информации причина за истиот е човечки фактор. – По добиената информација дека гори објект, веднаш […]

Тренчевска: Да се вклучат децата со аутизам во општествените текови


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, вечерва ја поддржа иницијативата на Општина Струмица во одбележувањето на 2 април, Меѓународниот ден на децата со аутизам, со осветлување на општинската зграда во сино и притоа истакна дека политиките и социјалните услуги кои ги реализира Министерството се со цел да се вклучат децата со аутизам во […]

Потпишан Меморандум за разбирање меѓу МЗ и унгарското Министерство за човечки ресурси за соработка во областа на здравството и медицината


Меморандум за разбирање меѓу македонското Министерството за здравство и унгарското Министерство за човечки ресурси за соработка во областите на здравството и медицината за периодот 2022-2026 година, потпишаа денеска ресорниот министер Беким Сали и амбасадорот на Република Унгарија, Ласло Иштван Дукс. Меморандумот, како што објави на својата фејсбук страница Министерството за здравство, е потпишан со цел […]

Пожар во поранешно училиште во Пржино


Поранешно училиште во скопската населба Пржино е целосно опожарено. Станува збор за голема барака, која е напуштена. На терен се екипи на противпожарната служба и итната медицинска помош. „Тоа е напуштена барака. Има три возила таму, се интервенира во моментот. Ветерот го отежнува гаснењето на пожарот, но опасност од проширување во други објекти нема“, вели […]

Невреме со силен ветер, пороен дожд и грмежи попладнево во Скопската котлина


Невреме со силен ветер, пороен дожд и грмежи доцна попладнево ја зафати Скопската котлина, поизразено во нејзините источни делови, информираат од УХМР. Попладнево на повеќе места во државава времето беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме со појава на град. До крајот на денот, како што соопштија од […]

Конкурс за награди за иновации за граѓани од Западен Балкан


Советот за регионална соработка (РСС) распиша денеска Конкурс за награди за иновации, наречени „Иновација Пеперутка“, за учесници од Западен Балкан во висина од 30.000 евра. Учесниците може да пријават иновации во шест категории, а победниците од секоја категорија ќе добијат награда од по 5.000 евра. Учесниците може да пријават најмногу по две иновации во една […]

Нови 201 случаи на Ковид-19, починаa петмина


Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од направени 1986 тестови регистрирани се 201 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 249 пациенти, а починати се две лица. Во Скопје регистрирани се 111 заболени со Ковид-19, Битола 27, Кавадарци 19, Прилеп седум, Куманово, Кичево и Кочани по […]

Повик за полагање приемен испит за Математичко-информатичката гимназија


Министерството за образование и наука објави повик за полагање приемен испит на учениците кои се заинтересирани за запишување во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) во учебната 2022/2023 година. За прием во МИГ учениците треба да полагаат два предмета – математика на 1 јуни  и физика на 3 јуни 2022 гдина. Двата испита (писмено проверување по предметите) ќе бидат со почеток […]

САДУ испрати покана за средба со синдикатот на УПОЗ за усогласување на нивните барања


По објавата на синдикатот на УПОЗ, за организирање на предупредувачки протест следната недела за изразување на незадоволство од Владата поради непристапување кон покачување на платите во јавниот сектор, Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) кој ги здружува работниците од истата дејност, испративме покана за средба со синдикатот на УПОЗ со цел усогласување […]

Со пари од Швајцарија се чистат реките во Полошкиот регион за превенција од поплави


Во центарот на општинскиот центар Боговиње започнаа градежни работи за санација на 1,2 километри дел од Боговињска река, дел од проектот со странски донации за подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот регион. Чистење на речните корита и нивна санација ќе се прави во сите девет полошки општини, при што целта е управување на ризиците, […]

Карпош ќе субвенционира поправка на лифтови и покриви


Советниците на Општина карпош на вчерашната седница ја изгласаа одлуката за за финансиска поддршка за поправка на постоечки лифтови и поставување нови лифтови во станбени згради за колективно домување, на територија на локалната самоуправа. Станува збор за субвенционирање кое ќе биде поддржано со финансиски средства од буџетот на Општина Карпош за 2022 година по принципот […]

МПЦ-ОА се сомнева во пописните резултати за „религиска припадност“


Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (САС на МПЦ-ОА), разгледувајќи ги официјaлните резултати на пописот на населението, изразува сомневање во неговата статистичка прецизност, особено во делот за религиозната припадност каде сметаат дека постои сериозна статистичка грешка која опфаќа 13,4 отсто од населението. Како што се наведува во соопштението од МПЦ-ОА, применетата […]

ЕК: Методологијата на пописот е во согласност со сите стандарди


Европската комисија не ги доведува во прашање резултатите и методологијата на пописот во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. На прашање на МИА дали Европската комисија има коментар за разните заедници и чинители кои не се согласуваат или не ги признаваат резултатите од пописот, Европската комисија вели дека е задоволна од методологијата. – […]

Казнети 167 возачи кои се паркирале на тревници


Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 167 возила од зелени и јавни површини. Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето […]

Порака на поглаварот на ИВЗ Фетаху по повод почетокот на Рамазанскиот пост


Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, […]

Европски фонд за Балканот: Квалитетот на воздухот во Западен Балкан е најлош во Европа, потребни се итни мерки


Земјите од Западен Балкан мора веднаш да започнат итни мерки за намалување на загаденоста на воздухот, бидејќи квалитетот на воздухот во регионот е најлош во Европа, соопшти Европскиот фонд за Балканот, кој ја спроведува својата кампања „Обединет Балкан за чист воздух“ со организации од регионот. Учесниците во регионалната кампања, вклучително и организации од Белград, Приштина, […]

Викендов посвежо и променливо облачно, со локални врнежи


Времето попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени. Како што информираат од УХМР, локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град, повеќе услови ќе има во источните […]