Повикот за бојкот на пописот најмногу се одразил кај дијаспората во Канада, САД и Австралија


Мислам дека повикот за бојкот беше најголемиот фактор за малиот број попишани наши државјани во одредени држави и ние го почувствуваме тоа во текот на Пописот, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг, коментирајќи ја разликата во бројот на лица кои со Пописот се вбројани во дијаспората и оние кои се пресметани […]

Утре без струја делови околу Грчката амбасада, Карпош 4 и село Шишево


ЕВН Македонија информира дека утре без снабдување со електрична енергија ќе бидат делови од Центар, Карпош и село Шишево. Како што соопшти Центарот за управување со кризи утре во периодот од 08.30 до 14.00 часот без струја ќе бидат корисниците во реонот околу Грчката амбасада во центарот на Скопје и тоа на улица „Борка Талески“ […]

Најмногу дожд наврна во Маврово, 18 литри на квадратен метар, во Пожаране и Охрид по 13


Во текот на ноќта и изутринава беше променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со локален снег. Дуваше слаб до умерен од променлив правец, кој на места беше повремено засилен ветер. Најмногу дожд во за изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна во Маврово и тоа 18 […]

Сообраќајот умерен по наместа влажни коловози


 Сообраќајот на патни правци низ државата се одвива непречено по наместа влажни коловози со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ […]

Последен ден од караванот за вакцинација, забележан раст во просечниот дневен број на вакцинирани лица против КОВИД-19


По посетени вкупно 14 градски и рурални подрачја низ целата држава, во Струга денеска ќе заврши караванот за вакцинација против КОВИД-19. Освен можноста да се прими вакцина против вирусот, медицинските екипи, Црвениот крст и студенти од медицински здруженија презентираа веродостојни информации за вакцинацијата и придобивките од неа, како и за ризиците од одложување на вакцинирањето. Караванот за […]

Променливо облачно со локален дожд и југозападен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и источни делови, кои на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви […]

Без вода вечерва се Драчево и Долно Лисиче


Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 милиметри на улица „Скендер Бег Кастриоти“ бб во населба Драчево, вечерва без вода ќе бидат корисници во оваа и во соседната населба Долно Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 21:30 часот, па до остранување на дефектот. 

Исплатени пет бонус плати за прекувремени часови на вработени во МВР


Исплатени се вкупно пет бонус плати за над 150 изработени прекувремени часови на годишно ниво. Откако го преземав раководењето со МВР, една од целите коишто ги поставивме на стратешко ниво беше и спроведувањето на гарантираните права на вработените во МВР согласно Колективен договор, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук. Тој во објавата […]

Поради одрон сообраќајот на патот Кичево-Охрид кај Малковец се одвива по една лента


Поради одрон на карпа кај кичевското село Малковец, од попладнево од 18 часот сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид на ова место се одвива само по една коловозна лента. Како што соопшти АМСМ на терен е излезена екипа на единицата за Безбедност на патниот сообраќај – Кичево. На останатите патни правци сообраќајот се одвива непречено по […]

Нови 300 случаи на Кoвид-19, 197 оздравени и еден починат


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се регистрирани 300 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.493 тестови, како и 197 оздравени пациенти и едно починато лице, информира Министерството за здравство. Од новорегистрираните 300 случаи на КОВИД-19 од Скопје се 180, Битола 19, Охрид 16, Прилеп и Кавадарци по 13, […]

Почнува Рамазанскиот пост


Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 1 мај. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. […]

По ламата, во ЗОО Скопје се роди и лемур


Од Зоолошка градина Скопје денеска соопштија дека имаат принова, денеска се родило лемурче, а вчера лама. – Прстеноопашестите лемури од Мадагаскар се загрозен вид и ретко се множат во зоолошките градини, но во Скопје имаме благослов секоја година да ни се раѓаат по неколку лемурчиња. Да ни е живо и здраво бебето, напишаа од Зоолошка […]

Ветерот откорна покрив од зграда во Мичурин


Ветерот откорна кровна конструкција на зграда на улицата „Симеон Кавракиров“ во населба Мичурин, пишува Локално. На терен покрај полицијата е  и пожарната служба. Повеќе информации наскоро.

Од понеделник акција за собирање кабаст отпад во Аеродром


Општина Аеродром во соработка со JП „Комунална хигиена“, од понеделник, 04.04.2022 година до недела, 10.04.2022 година ќе организира акција за собирање кабаст отпад.   Контејнери за собирање кабаст отпад ќе бидат поставени на 6 локации, односно населби, каде што граѓаните ќе можат да го остават својот стар мебел: 1. Јане Сандански („АСНОМ“ 68) од понеделник […]

Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада


Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец во склоп на активностите по повод 30-годишниот јубилеј на Армијата, со воена свеченост беше одбележан Денот на најголемата борбена единица во Армијата – Првата пешадиска бригада. – Во оваа најголема армиска единица рамо до рамо различни, а единствени Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи ги покажувате својата стручност […]

Почина професорот Ѓорѓи Марјановиќ


Почина универзитетскиот професор Ѓорѓи Марјановиќ. Тој подолг период имаше здравствени проблеми. Марјановиќ дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962. Магистрирал на постдипломските студии по казнено-правни науки на Правниот факултет во Загреб во 1968 со тезата: “Правните последици на осудата”. Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1973 со тезата “Правната положба на осуденикот по […]

Пороен дожд и грмежи попладне во западните и источните делови


За попладне се најавува нестабилно време со пороен дожд и грмежи особено во крајните западни и источни делови од државата. Ќе дува и умерен до силен југозападен ветер кој наместа ќе достигне брзина и над 80 километри на час. Кон крајот на денот на планините, врнежите ќе преминат во снег. Максималната температура ќе биде во […]

Треба да се најде избалансирано решение за раст на платите во образованието, вели Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека треба да се најде избалансирано решение за раст на платите во образованието до кое ќе се дојде низ економско-социјален дијалог.   Тој во синоќешното интервју за емисијата „360“ на телевизија Алсат истакна дека дијалогот со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) е отворен и дека се разговара за методологија […]

Одбележување на Светскиот ден на аутизмот


Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) и Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет” денеска ќе го одбележат 2 април, Светскиот ден на аутизмот. По тој повод МНЗА во Кинотеката организира настан насловен „Дружење, дружење и само дружење“. Ќе биде прикажан и филмот „Стела“. Од МНЗА посочуваат […]