Герасимовски ќе бара да не се гради на Водно, каде нема пристапен пат


Фото: Б. Грданоски

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска, на редовната 11-та седница на Совет на Општина Центар ќе побара дополнување на дневниот ред со нова точка која се однесува на стопирање на постапката за изведба на пристапен пат до делот од Блок 10 од Деталниот Урбанистички План Ј 07 – локалитет Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, каде се наоѓа и градежната парцела на инвеститорот Маркеза ДООЕЛ.

На сите градежни парцели во парк шумата Водно до кои нема пристапен пат, нема да се одвиваат никакви градежни дејствија и парк шумата ќе остане недопрена.