Зибери: Годинава на многу судии и обвинители им завршуваат функциите со што сериозно ќе се наруши работата на правосудството


Во текот на 2022 година сериозно ќе биде нарушена работата на правосудниот систем, бидејќи на голем број судии и јавни обвинители им завршуваат функциите, а Академијата за судии и јавни обвинители нема доволно капацитет да го надомести тој број, изјави народниот правобранител Насер Зибери во интервју за Топ Тема на телевизија Телма. – Тука сигурно […]

Обвинителството отвори истрага против четири лица за фасадата на Владата во рамки на „Скопје 2014”


По сеопфатна предистражна постапка, денеска јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица кои ја злоупотребиле својата положба и овластување при реализација на договорот за изведување на градежни и градежно занаетчиски работи за реконструкција на фасадата и илуминација на објектот […]

Џафери: Не штитам никого, седицата на Анкетната комисија беше неделовнички закажана


Претседателот на Собранието Талат Џафери тврди дека со одлуката да ја откаже седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните што ја закажал нејзиниот претседател Халил Снопче, а на чиј дневен ред имаше точки за состојбите во Министерството за одбрана, за пожарот во модуларната болница и автобуската несреќа во Бугарија, […]

„Ѓубре, ѓубре, ѓубренце“- Игор Џамбазов, Весна Петрушевска и децата актери со еко химна 


Познатите шоумени Весна Петрушевска и Игор Џамбазов ја промовираа еколошката химна онлајн на јутјуб каналот на „Агенда 21“. Песната е изработена за телевизиската емисија  „Агенда 21“ која има за цел да се подигне свеста кај граѓаните за важноста на грижата за животната средина. – „Ѓубре, ѓубре, ѓубренце“ е рефренот кој ќе го потпевнувате секој пат […]

Оливер Деркоски заработи кривична пријава за набавката на софтвери за ДИК


  Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Оливер Деркоски, кој беше претседател на Државната изборна комисија (ДИК) од јули 2018 година до јануари 2021 година, претседателот на Комисијата за јавни набавки и двајца членови на Комисија за јавни набавки, за период […]

Нови 24 општини станаа дел од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите


Визијата за засилен локален развој и подобрување на финансискиот капацитет на општините е основа на реформата која е преточена во закон кој во моментов е во собраниска процедура со кој се унапредува фискалната децентрализација. Реформата се состои од три главни столба и поразбира: зголемување на фискалниот капацитет на општините и на нивните приходи; зголемување на […]

Градот Скопје започна со реконструкција на патеките во Зоолошката градина


Екипите на ЈП „Улици и патишта” по налог на Град Скопје, денеска започнаа со реконструкција на дел на патеките во Зоолошката градина – Скопје. Денеска екипите од ЈП „Улици и Патишта“ започнаа со отстранување на оштетените бекатон плочки, по што ќе следи асфалтирање и реконструкција на површина од околу 200 метри квадратни.  Во наредниот период […]

Нови 195 случаи на Ковид-19, оздравени 207, починале три лица


Во последните 24 часа се регистрирани нови 195 случаи на Ковид-19, од направени  2.249 тестови. Починале две лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид. Оздравени се 207 пациенти.   Како што информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, […]

Укинување на маските во затворен простор, препорача Комисијата за заразни болести


Укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките, јавниот превоз и такси возилата, како и укинување епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите, се препораките кои денеска на состанок ги донесе Комисијата за заразни болести (КЗК). – […]

Учениците од оваа година ќе може да се запишуваат електронски во средните училишта


Учениците кои ќе се запишуваат во прва година средно образование за 2022/2023 година, од оваа година ќе може да се пријавуваат електронски наместо да поднесуваат документи во училиштата. Тоа ќе го овозможи новата дигитална услуга – електронско запишување ученици во средните училишта која  Министерството за образование и наука ја изработи во соработка со Центарот за […]

Нема толеранција за пијани возачи, неисправни возила, непочитување на сообраќајните правила и прописи


„Вози како секое дете на улица да е твоето“, е мотото на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како учесник во сообраќајот. Во обраќањето на денешната тркалезна маса „Безбедноста на пешаците во сообраќајот“, тој нагласи дека се труди секогаш да го почитува ова мото бидејќи за безбедноста во сообраќајот сме одговорни сите, тргнувајќи од самите […]

Изложба за Гоце Делчев во Нови Сад – Европската престолнина на културата


Државниот архив на Македонија и Државниот архив на Војводина вчера во Нови Сад – Европска престолнина на културата во 2022,  ја отворија изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“,  јави дописникот на МИА од Белград. -Нови Сад и Архивот на Војводина е прва станица на изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ бидејќи […]

Утре пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува УХМР


Утре времето на повеќе места ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Како што најавуваат од УХМР, во недела ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има […]

„Пакомак“ доби нова петгодишна дозвола за работа


На компанијата „Пакомак“ и е продолжена дозволата за работа за постапување со отпад за уште пет години. Од компанијата денеска соопштија дека од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање позитивно е оценета апликацијата што ја поднеле на 24 март годинава. – Ова е резултат на севкупните активности кои беа реализирани изминативе години […]

Паркинзи за велосипеди во станбените, деловните и сите јавни објекти во Центар


Паркинзи за велосипеди кај сите нови станбени, деловни и јавни објекти во рамки на градежна парцела треба да планираат инвеститорите, според одлуката изгласана на  седница на Советот на Општина Центар. Општина Центар ги задолжува инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност истите да […]

Најстудено во Берово, снег само на Попова Шапка


Најниска температура од -4 степени утрово во осум часот е измерена во Берово, а -2 степени во Битола, Струмица и Маврови Анови. Нула степени беше во Скопје Петровец, Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, Попова Шапка, 1 во Тетово, Штип и Гевгелија, 2 во Охрид, Претор, Куманово, Kрушево, Дебар, 3 во Скопје Зајчев Рид и 4 […]

СДСМ отфрла одговорност за „Лајка“, ја обвини Арсовска за расипништво


Има расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на грбот на вработените, во ЈП Лајка со месеци немаат земено плата, возвратија од СДСМ на обвинувањата дека во време на мандатот на Петре Шилегов биле направени огромни долгови поради кои сега ова претпријатие има проблем да се финансира.    „Во изминатите месеци секојдневно сведочиме на расипништво, неодговорност и […]

Април месец на штрајкови – протестираат медицинарите, судовите, образованието и Пошта


По растот на минималната плата со субвенционирање од државата, со свои барања се активираа и вработените од голем број други сектори. Бараат повисока плата, односно скалест раст на платите во земјава, откако работниците наместо 15.000 денари, од овој месец, ќе земаат минималец од 18.000 денари. Здравство Утре, штрајк најавија медицинарите, вработени во примарното здравство. Приватните […]

Патот Струга – Дебар кај Глобочица и Луково затворен за сообраќај, поради санација на свлечишта


Поради градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар и ќе има комплетно затворање на овој дел од патот, секој ден од 10 – 14 часот во следните шест месеци. Градежните активности кои се започнати од вчера ги […]

МОН ќе презентира нова дигитална услуга – електронски уписи во средните училишта


Министерството за образование и наука денеска ќе ја презентира новата дигитална услуга – „Електронски уписи на ученици во средни училишта“. Услугата е во рамки на проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор“ поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени. Новата дигитална услига ќе […]