Попис 2021: Анализа по статистички региони, бројот на жители се намалува, а расте бројот на станови


Скопскиот регион е единствен од сите осум статистички региони во државата каде во последните 20 години има раст на бројот на жители, домаќинства и станови. Во него живеат 33,04 проценти од вкупното резидентно население во земјава и е најгусто населен со 334,99 жители на километар квадратен. Вардарскиот регион е единствен каде што има намалување и […]

Во земјава има 1.550 активни ковид случаи, на болничко лекување се 71 лице


Намалување од 5,4 отсто на дијагностицирани и од 45,5 отсто на починати од КОВИД-19 имало од 28 март до 3 април споредено со претходната седмица. За 13,4 проценти се помалку и хоспитализираните – на болничко лекување во моментов има 71 пациент. Според најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје, од 14.873 направени тестови, регистрирани […]

Сончево со мала до умерена облачност и потопло


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во крајните северозападните делови ќе има локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до […]

Ќе нема седница за трагедиите во модуларната во Тетово и на автопатот „Струма“


Претседателот на Собранието ја откажа седницата на Постојаната анкетна комисија во Собранието. На дневен ред беа точките за тетовската модуларна болница, трагедијата во Бугарија и жалбата на вработен во Министерството за одбрана. Според првиот човек на комисијата, Халил Снопче, откажувањето на седницата е прекршок за кој ќе следи одговорност. „Сметам дека за прв пат во […]

Владата усвои план за купување воена опрема


Владата  го донесе Годишниот план на Владата на Република Северна Македонија за склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на странски држави за 2022 година. Планот содржи 8 проекти кои ќе се реализираат преку склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи […]

Анима Мунди бара одговорност за претходното раководство на „Лајка“


Ќе има ли одговорност за минатото раководство на ЈП ЛАЈКА кое,освен што лажирало извештаи и хуман третман на животните,  континуирано продуцирало огромни трошоци и го вовело претпријатието во финансиска бездна?- реагираа од Анима Мунди.  -Сегашните обвинувањата кон град Скопје актуелниот директор на ЈП Лајка, Воислав Димитровски се невиден цинизам затоа што проблемите произлегуваат исклучиво од […]

Средношколците бараат бесплатен автобуски и железнички превоз во сите региони од државата


Сојузот на средношколци подготви закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование со кои ќе се воведе правилен превоз за сите средношколци на територија на целата држава. Со нашиов предлог сите средношколци ќе го добијат правото на бесплатен автобуски и железнички превоз во сите региони во текот на целата календарска година, истакна претседателот […]

Нови 236 заболени од Ковид-19, нема починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи со Ковид-19 и 252 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 236 новозаболени од Скопје се 125, Битола – 29, Кавадраци – 12, Прилеп и Гевгелија – по 10, Охрид – 9, Ресен – […]

Почина Владимир Богоев, новинар и еден од основачите на „Дневник“


Почина Владимир Богоев (61) , новинар и еден од основачите на дневниот весник „Дневник“. Со него, преку социјалните мрежи се прости неговиот син, ексградоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. „Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев. Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот“, напиша меѓу дргугото Стефан Богоев. […]

ЗЕЛС повикува да се плати данокот на имот


ЗЕЛС ги информира граѓаните дека во општините во тек е постапката за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година. Во втората половина на месец април, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка блокади за неплатени решенија за 2019 година, односно […]

Во Скопје се отвара почесен конзулат на Луксембург


Амбасадорот на Големото Војводство Луксембург за Северна Македонија Филипе Донкел од денеска до четврток ќе престојува во работна посета на земјава. Во рамки на посетата, како што информира Канцеларијата на почесниот конзулат на Големото Војводство Луксембург, амбасадорот Донкел ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски и со вицепремиерот задолжен за европски […]

Потопло време утре, в четврток дожд, грмежи и засилен ветер


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има локален дожд. Како што соопшти УХМР, утре ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура. Минимална […]

Зголемена сообраќајната безбедност на улиците „Јустинијан Први“ и „Народни херои“


По барање на граѓаните, екипите на ЈП “Улици и патишта”- Скопје по налог на Град Скопје, во текот на изминативе денови ги поставија новите платоа за намалување на брзината на движење на возилата на две улици во општина Кисела Вода. На улица „Јустинијан Први“ во близина на ОУ „Климент Охридски” и на улица „Народни херои“ […]

Општина Центар поднесе жалба за одземањето на правото на користење на државно земјиште кај зградата „Тифани“


Во насока на заштита на јавниот простор и државното неизградено земјиште, а по Решението за одземање на правото на користење на државното земјиште на катастарската парцела КП 11843/2, близу зградата „Тифани“, во надлежност на Општина Центар, од страна на Управата за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Центар-Скопје, Ве информираме дека градоначалникот […]

Заедничката борба и унифицирани решенија против илегалната миграција


Продолжува заедничката борба против илегалната миграција и потребни се унифицирани законски решенија и усогласени процедури за постапување со цел да се овозможи полесно движење за оние кои се одлучиле или биле приморани на миграција, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на традиционалниот дипломатски брифинг „Пријателите на МАРРИ“, во организација на МАРРИ Регионалниот Центар. Министерот […]

Протоколот за згрижување и сместување на лица од Украина на владина седница


Информацијата за усвојување на План – Протокол за прифаќање, згрижување и сместување, како и регулирање на статусот на лица кои од Украина ќе допатуваат во Република Северна Македонија како последица на воените дејствија и лица кои се затекнале на територија на Република Северна Македонија од 24 февруари 2022 година, а кои заради безбедносна состојба не […]

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка


Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени, нула степени се измерени во Маврови Анови, а максимални седум степени во Демир Капија и Гевгелија. На Попова Шапка има и најмногу снег 10 сантиметри. Како што соопшти УХМР, најмногу дожд до 8 часот изутрина наврнал во Гевгелија каде се измерени шест литри на метар квадратен, во […]

Намален бројот на заразени, хоспитализирани и починати од Ковид-19


Продолжува намалувњето на бројот на заразени, хоспитализирани и починати од КОВИд-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 март до 3 април 2022 година. Тестирани се 14.873 материјали, а регистрирани сe 1.602 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, што е намалување од 5,4% во однос на претходната седмица. […]

Претпладне облачно, од пладне ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност


Времето ќе биде променливо облачно, претпладне во јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, претпладне претежно облачно, од пладне облачноста ќе се намалува и […]

Поштата зад „Капитол“ ќе испорачува пратки


која се наоѓа во Општина Аеродром, на адреса бул. Јане Сандански бб (позади ТЦ Капитол), започнува да работи како испорачна пошта, односно Пошта која ќе врши врачување на поштенски пратки во своите простории, а врз претходно добиено известување за пристигната пратка. Пратките ќе може да се подигнат во поштенската единица 1126, Скопје 26, секој работен […]