Следната недела продолжува изградбата на „Есенинова“ – се чека дислокација на резервоарот


Следната недела продолжува изградбата на улицата „Есенинова“ која треба да ги поврзе Чешма во Кисела Вода, до булеварот „Трета македонска бригада“ на влезот во Аеродром во Скопје. Иако уште пред вториот круг на локалните избори поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов ја најавуваше како готова, улицата која е долга 730 метри, на средина има прекин […]

Испораката на првите шест американски оклопни возила во јуни


 Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска информираше дека најмногу средствата во одбраната се насочени кон купување нова софистицирана опрема, а испораката на првите, како што е најавено, шест американски оклопни возила ќе почне некаде во јуни оваа година. Таа најави дека медиумите ќе бидат поканети да присуствуваат на нивното примопредавање. Инаку, најголемиот дел, повеќе од […]

Се уште нема одлука дали припадници на Армијата ќе учествуваат во засилување на источната линија на НАТО


 Се уште таква одлука немаме донесено и како што се уверивме и од денешната вежба ги демантиравме сите скептици дека нашата Армија не е подготвена. Но, таа одлука ќе се донесе во периодот согласно со координацијата со НАТО-Алијансата и ако донесеме и кога ќе донесеме секако дека ќе ве известиме. Ова е одговорот од министерката […]

Штрајкот на СОНК продолжува и утре, регистрирани притисоци во градинки


Сериозен притисок за прекин на штрајкот во неколку детски градинки во Скопје и во внатрешноста, нотира СОНК, при што најавија дека ќе поднесат кривични пријави. Од СОНК алармираат дека на првиот ден од штрајкот во образованието, воспитувачки од градинките во Општина Центар, во градинката „Орце Николов“ во Карпош, како и негувателки и воспитувачки во повеќе […]

Регистрирани 23 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 направени се 953 тестови, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19, од кои еден е реифнекција, информира Министерството за здравство.   Од новите случаи, 19 се од Скопје, двајца од Прилеп и по еден од Гостивар и Свети Николе.   Регистрирани сe 190 оздравени […]

Со изведување на докази продолжува судењето за случајот „Софтвери”


 Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжуца судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, Драги Рашковски. На денешната расправа се изведуваат докази од страна на Обвинителството, кои се однесуваат на пораки помеѓу обвинетиот Драги Рашковски и останатите вклучени […]

Презентиран дигиталниот регистар за субјекти на инспекциски надзор и инспекциски извештаи за животна средина


Со постоење на дигитален регистар на субјекти за инспекциски надзор на државно и локално ниво и база на податоци од спроведените инспекциските надзори, на граѓаните им се обезбедува поголем јавен увид во работењето на инспекциските служби, истакна на денешната презентација на дигиталниот регистар Дарко Блинков, раководител на Одделението за поддршка, аналитика и меѓународна соработка на […]

За една година продажните цени на производителите на индустриските производи зголемени за 15,7 отсто


Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари се повисоки за 0,8 проценти на месечно ниво и за 15,7 проценти на годишно ниво. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, пораст во споредба со јануари е забележан во секторите Преработувачка индустрија за еден процент, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се […]

Општина Битола остана без ингеренции и во втората градинка во Битола – „Мајски цвет“


  БИТОЛА – По три основи Министерството за труд и социјална политика им ги одзеде надлежностите на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и на Советот на Општина Битола за втората по големина градинка во Битола „Мајски цвет“, која располага со 7 објекти за згрижување на деца од претшколска возраст. Ова се случува по само […]

Се чисти на територијата на Општина Гази Баба


Во текот на денешниот ден, Градот Скопје и јавните градски претпријатија ќе започнат акција за генерално чистење на скопската општина Гази Баба. Во рамките на акцијата, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе реализира активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците во оваа скопска општина, како и миење и дезинфекција на контејнерите поставени […]

Парк од 2.000 м2 на местото Триангла во Гази Баба


  Почна изградбата на нов голем мултифукнционален парк во населеното место Триангла. – Денес означуваме почеток на изградбата на првиот голем мултифункционален парк на територија на општина Гази Баба. Паркот се гради помеѓу пешачката патека и општинското основно училиште „Наум Нумовски Борче“ на површина од 2.000 метри квадратни“, објави градоначалникот Бобан Стефковски. Во рамки на […]

Државава годинава дел од ПИСА тестирањето со 7.850 средношколци


Нашата држава оваа година четврти пат учествува на меѓународното ПИСА тестирање, заедно со 85 земји од светот. Станува збор за едно од најпознатите меѓународни тестирања, каде се мери примената на знаењата од научната и математичката писменост, писменоста за читање на учениците, а оваа година првпат и креативното размислување. ПИСА е Програма за меѓународно оценување на […]

Шаќири: Дел од училиштата штрајкуваат, но некои имаат часови


Дел од училиштата штрајкуваат, но некои функционираат, а има и директори кои не пуштаат никого во училиштата затоа што поддржуваат генерален штрајк, информира Министерот за образование Јетон Шаќири.  Како што потврди и директорот на средното училиште „Владо Тасевски“ наставата во училиштето се одвива непречено, а за колегите штрајкувачи обезбедена е посебна просторија за штрајкување.  Сепак, […]

ЈСП воведе еднодневен билет од 120 денари – линија „4“ со изменета траса


Од денеска, во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје пуштен е во продажба дневен билет кој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден. Новиот тип на билет важи од 05 до 24 часот, со можност за неограничен број возења, односно преседнувања на сите линии […]

ЗЕЛС со повик за подмирување на данокот на имот


Во општините во тек е постапка за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година, информира Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). – Во втората половина на месец април, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка блокади за неплатени решенија за […]

Битиќи: СОНК не им даде доволно шанса на преговорите


Генералниот штрајк очигледно е почнат, за жал сметам дека не се даде доволно шанса  на преговорите од страна на СОНК. И покрај неколкуте обиди да преговараме, сепак повикаа на штрајк, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Утрински брифинг“.   Смета дека во одредени региони штрајкувањето е парцијално затоа што некаде […]

Штрајкот во образованието почна без проблеми – родителите збунети


Училиштата во државата се празни, а празни се и градинките, откако утрово со штрајк почнаа наставниците, учителите, професорите и воспитачите во градинките, кои бараат усогласување на платите по воведувањето на минимална плата од 18.000 денари.  Вработените во образованието денеска се во образовните установи, но седат во една просторија и штрајкуваат.  Сепак, во градинките децата кои […]

Најмногу дожд во Берово, во Штип ветер со брзина до 50 километри на час


Во Маврови Анови изутрина се измерени – 4 степени,  а во Претор и Крушево -1, додека во останатите делови од државава утринските темрепатур се над нулата. Ва изминатите 24 часа до 8 часот  во Берово наврнале 20 литри дожд на метар квадратен, 16 во Крива Паланка и Виница, 15 во Маврови Анови и Пожаране, 14 […]

Без струја делови од населбите Островска, Маџир Маало и Лисиче и село Ракотинци


Заради изведување технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од скопските населби Островска, Маџир Маало и Лисиче и дел од селото Ракотинци. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе биде дел од село Ракотинци во Општина […]