Општината Гази Баба плати летен одмор за 250 ученици


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ги испрати учениците од основните училишта од општина Гази Баба на училишен летен камп.

Општина Гази Баба оваа година за прв пат го субвенционира организирањето на летниот камп со што општината покрива дел од трошокот за учество на учениците во кампот.

За испраќањето на учениците, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална фејсбук страна на која напиша:
 – Општина Гази Баба за прв пат субвенционира оддржување на училишен летен камп.

Утрово имав чест да ги испратам и да им посакам среќен пат и убав престој во училишниот летен камп на учениците од основните училишта на територија на општина Гази Баба.

За прв пат оваа година, општина Гази Баба ги субвенционира учениците кои преку основните училишта се пријавиле за учесници на летниот камп.

На летниот камп ќе учествуваат 250 ученици од 11те основни училишта.

Овој проект се реализира во соработка со општинскиот сојуз на училишен спорт на општина Гази Баба.

Оваа мерка е уште една во низата нови мерки кои ги реализираме со цел поддршка и мотивирање на најмладите жители на општина Гази Баба. – напиша Стефковски.

 

Покрај субвенционирањето на летниот камп, општина Гази Баба оваа година за прв пат додели и еднократна парична помош за сите првоодделенчиња како и награда за учениците на генерација.