Интервју со Андреј Колев од „Феникс“: Ги следиме светските трендови, организираме дневен престој за повозрасните


 

„Феникс“ е синџир на старски домови чија историја е од богат размер. Првиот старски дом е основан во 2002 година. Денес „Феникс“ располага со три старски дома: „Феникс геромедикал“, „Феникс премиум“ и „Феникс фемили“, а наскоро се отвора и четвртиот под името „Феникс гарден“ во населбата Црниче во Скопје.

Сите повозрасни лица кои имаат потреба од дневен престој или пак потреба од социјализација, дружење, исполнет ден, психотерапија, на оние кои им недостигаат физички активности, медицински потреби итн, сега можат да ја користат и оваа нова услуга на врвниот персонал на „Феникс“. Овој модел можат да го користат и изнемоштени лица, кои не можат самите да се грижат за себе во текот на денот, здрави лица кои им е потребно денот да им биде квалитетно исполнет и исто така и лицата кои имаат деменција, за кои фамилијата не може да биде постојано присутна, вели Андреј Колев директор за маркетинг и продажба во „Феникс“.

 

Која е потребата да организирате дневен престој за стари лица?

Колев: Отсекогаш имало одредена побарувачка за овој тип на згрижување, па си рековме зашто да не направиме едно истражување и да пробаме да го воведеме како принцип кај луѓето кои ја имаат оваа потреба. Секогаш сме се труделе да правиме нови работи, да бидеме креативни, и да им дадеме што е можно повеќе опции на луѓето. Потребата да организираме вакво нешто е баш поради тие истражувања а и побарувања кои сме ги добивале во изминатите години, но не сме биле подготвени да ги реализираме. Сега сме ланец, голем тим и можеме да го понудиме овој тип на згрижување со врвен квалитет. Овој модел на згрижување е исто така и добар показател за луѓето кои имаат предрасуди кон домовите за стари, да дојдат, да видат како изгледа еден ден во „Феникс“, да почувствуваат дека ова не е казна, туку напротив, луксуз кој што не може секој да си го дозволи и да имаат претстава за понатаму дека можат да си бидат згрижени и на месечно годишно па и доживотно.

Андреј Колев од „Феникс“

Кои се можностите и колку често може да се користи дневниот престој?

Колев: Никој не е обврзан да доаѓа секој ден, а услугата  да се користи по потреба, два или три пати неделно, но и секој ден. Со претходно закажан ден, ние сме тука да им ги исполниме барањата. Искуствено кога на луѓето што пробале ваков тип услуга, им се допаднало, доаѓале пет пати во неделата. Исто така, ние нудиме и транспорт. Под тоа се подразбира земање и враќање на лицето од дома до установата и обратно. Нештата се менуваат и по моделот на западните земји, токму овие места се потреба, пред сè, за повозрасните, бидејќи грижата и негата е 24 часа, секој ден, една од најважните придобивки за нив, но и за нивните семејства.

Колку чини престојот во дневниот центар и што вклучува?

Колев: Цената за оваа услуга во нашите установи чини 1.200 денари од ден. Во тоа е вклучено сето она што го добиваат и лицата кои се згрижени на подолг период кај нас.
Оброци, физикална терапија, психотерапија, медицинска поддршка, асистирано живеење, социјални активности, прошетки итн. Транспортните услуги се дополнителна услуга.

Може ли дневниот престој да се користи во сите домови на „Феникс“?

Колев: Во најголем процент семејствата се тие кои бараат помош од домот за сместување на своите родители или пак роднини, но во изминатите години расте и бројката на стари лица кои сами се приклучуваат и ги разбираат бенефитите од ваквото домување. Бидејќи сме синџир, поголема е предноста токму поради четирите локации на кои сме распространети на сите делови од градот, така што тоа уште повеќе им олеснува на луѓето бидејќи можат да изберат локациски како најдобро им одговара за нивните потреби.

 Како изгледа еден ден во „Феникс“: https://www.youtube.com/watch?v=-AN4CKUGeT8 

(Ова е спонзориран текст)