СЗО и УСАИД обезбедија биомедицинска опрема за унапредување на грижата за пациентите со Ковид-19


Со поддршка од Светската здравствена организација обезбедени се монитори за пациенти, маски за кислород и машини за позитивен притисок на дишните патишта (BiPAP) на две нивоа за што поуспешно справување со Ковид-19. Биомедицинската опрема, во вредност од 6.244.000 денари е набавена со поддршка од УСАИД и ќе овозможи унапредување на третманот и грижата за пациентите […]

Двесте јуниори на „Спорт лајф’се прошетаа и забавуваа во ЗОО паркот на Скопје


За околу 200 деца и исто толку родители, во организација на „Спорт лајф“, се одржа едукативна и забавна програма во ЗОО паркот во Скопје – „Sport Life Јуниор“ ден.   Со водич од зоолошката градина, децата на вработените во „Спорт лајф“ обложувалници, имаа можност да се запознаат и да научат интересни работи за животните од […]

Спасовски го отвори регионалниот семинар „За заедничка проценка на закани поврзани со организиран криминал”


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска заедно со францускиот амбасадор во нашата земја Сирил Бомгартнер, го отворија дводневниот регионален семинар за Југоисточна Европа „За заедничка проценка на закани поврзани со организиран криминал”. Целта на семинарот, што го организира Амбасадата на Франција во замјава, е споделување на методологиите што се користат за спроведување на […]

ССМ: Одлуката за штрајк е доставена до Владата, Собранието и до градоначалниците


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повикува и поведува на штрајк со цел заштита на економските и социјалните права на своите членови и на вработените во јавен сектор од работниот однос. Како што соопштија од ССМ, штрајкот е најавен за 22 јуни, а рокот за исполнувања на нивните барања е до 21 јуни оваа година. […]

ДЗС ќе спроведе пробен попис на земјоделството од утре до 30 јуни


Од утре до 30 јуни Државниот завод за статистика ќе спроведе пробен попис на земјоделството со кој ќе бидат опфатени одреден број семејни земјоделски стопанства и деловни субјекти што се регистрирани и се занимаваат со активности поврзани со земјоделството. Основна цел на Пробниот попис, како што нагласуваат од ДЗС, е да се тестираат методологијата и […]

Во Скопје изречени се вкупно 157 мерки за сообраќајни прекршоци


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се и 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, осум мерки за поминување на затворен сигнал (црвено […]

Вселенскиот патријарх му подари на архиепископот Стефан комплет архиепископски панагии


Раскошен комплет од архиепископски панагии за време на официјалниот прием на целата црковна и државна делегација од Република Северна Македонија, му подари Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј на охридскиот архиепископ г. г. Стефан. По завршувањето на неделната богослужба во соборниот храм на Вселенската патријаршија, на која за првпат после повеќе од два века вселенски патријарх […]

Министерот Чупи побара авиолинија Тревизо – Охрид на иницијатива на иселениците во Италија


Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи испрати барање до Министерството за транспорт и врски за дополнителни авиолинии на релација Тревизо – Охрид откако престојуваше во Италија и имаше средби со претставници на здруженијата на нашинците во регионот на Венето.   -Нашите активни здруженија во регионот Венето изразија потреба од авиолинија Тревизо – Охрид, бидејќи во […]

Сообраќаен режим на патот Маврови Анови – Жировница во наредните 45 дена


Од денеска од 10 до 16 часот и во наредните 45 дена се воведува привремен сообраќаен режим заради активности за асфалтирање на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница. -Во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до ресторан „Трница“. Градежните активности ги […]

Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд и грмежи


Сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец се очекува до претпладневните часови. Попладне времето ќе биде нестабилно и облачно со пороен дожд и грмежи. локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 14 јуни 2022 година, 165-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 200 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 57 минути, а ќе зајде во 20 часот и 9 минути. Денов трае 15 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее […]

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 20 тони производи хуманитарна помош во Украина


Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина, информираше на својот Фејсбук-профил поранешниот премиер Зоран Заев.     – Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина. Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, […]

За три дена 69 лица се заразиле со корона вирус


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 10.06 до 12.06.2022): Направени се 1.640 тестови, а регистрирани се 69 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 53, Битола и Тетово – по 3, Дебар – 2, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе и Берово – […]

Од септември БЕГ нема да ги грее скопјани, тече постапката за одземање на лиценцата


  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, информира денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. „Тоа значи дека во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика […]

(Видео)„Не е мокро, ова е паднато само од себе“ – Јакимовски провери зошто се урна таванот 


Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен. – Ја утврдуваме причината, најверојатно се работи за технички проблем – вели тој. […]

Падна таванот во градинката „Мајски цвет“ во Карпош, нема повредени


Во градинката „Мајски цвет” во Карпош, Тафталиџе 2, паднал таванот во една од просториите, но за среќа, тоа се случило викендов, кога немало деца и вработени во објектот. Нема повредени во инцидентот. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од детската градинка каде според нив може да се види дека паднал дел од таванската конструкција. Побаравме […]

Сослужувањето во Фанар е историско, пишуваат грчките медиуми


  АТИНА – „Историско сослужување во Фанар за Педесетница со учество на охридскиот архиепископ“; „Заедничка литургија на вселенскиот патријарх со охридскиот архиепископ“;„Историско сослужување во Фанар со учество на охридскиот архиепископ по 59 години“; „Вселенскиот патријарх до охридскиот архиепископ: Вашиот понатамошен тек зависи исклучиво од вашето однесување“; „Покана до вселенскиот патријарх да го посети Скопје“; „Вселенскиот […]

Град Скопје субвенционира инвертери


Градот Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, а граѓаните може да аплицираат онлајн.   На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела […]

Втор дел државна матура, полагање на изборниот екстерен испит


Матурантите денеска ќе полагаат втор дел од државната матура со тестот од екстерниот испит што го избираат. Од вкупно 15 899 кандидати, 14 320 се пријавиле за англиски јазик. Математика ќе полагаат 1231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати […]

Сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд


Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови ќе има ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, […]