Нови 75 случаи на Ковид-19, пријавени двајца починати


Во последните 24 часа регистрирани се нови 75 случаи на Ковид-19, од направени 937 тестови. Како што информира Министерството за здравство согласно Институтот за јавно здравје, оздравени се 60 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице.   Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две од Скопје […]

Тупанчевски: Никој нема да биде поштеден од одговорност по претресот во КПУ „Идризово“


Никој нема да биде поштеден од одговорност по спроведената координирана акција на повеќе институции во Казнено поправната установа-КПУ „Идризово“ каде биле претресувани 25 ќелии и се пронајдени мобилни, ножеви и дрога, соопшти денеска министерот за правда Никола Тупанчевски. Тој заедно со директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски информираа за акцијата која била […]

Од денеска посебен режим на сообраќај на подрачјето на СВР Охрид


Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од 16 до 18 јуни 2022 година, поради реализација на самитот „Преспа форум дијалог 2022“ што се одржува во Охрид, на подрачјето на СВР Охрид се преземаат соодветни безбедносни мерки со цел зголемување на степенот на мобилност во обезбедување на делегациите. Полициската станица за […]

Тупанчевски: Работиме на создавање оптимални услови за издржување на казната на лица кои немаат 18 години


Работиме на создавање оптимални услови за лица кои немаат 18 години, а требна да издржуваат казна, тоа да се направи во соодветни услови. Постои објект, кој во моментов се адаптира за таа цел за да биде ставен во функција, изјави министерот за правда Никола Тупанчевски. -Пред две-три недели бевме во посета, затоа што сакав и […]

Во 2021 најмногу се умирало од Ковид и од кардиоваскуларни болести


Бројот на умрените лица во земјава лани е зголемен за 10.7 % во однос на претходната година и изнесува 28 516. Поголем број се од машки пол, и тоа 15 155 или 53.1 %. Бројот на умрените доенчиња изнесува 85, a нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0.3 % на 100 умрени […]

Жената во политиката треба да биде смирена и трпелива: Разговор со Моника Зајкова, пратеничка


  „Либералниот пристап е оној кон кој треба да се стреми современото општество и гордо стојам зад тоа бидејќи верувам во убавината на индивидуата, во правото на среќен живот на различните од мене, во слободата на изразување на сопствените ставови и мислења без страв од осуда или јавен линч само затоа што некој не се […]

Хоџа: Почитувани се сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово


Сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово се почитувани. По донесувањето на вчерашната владина одлука за распуштање на Советот на Општина Тетово, натамошната процедура продолжува во Собранието на Република Северна Македонија, по што ќе бидат распишани вонредни избори за избор на нов Совет, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Муамет Хоџа, […]

Управата за водење матични книги го прекина штрајкот, од утре ќе издаваат документи


Вработените од Управата за водење матични книги од утре се враќаат на работа по седум недели штрајк откако со раководството на институцијата за издавање изводи потпишаа колективен договор за унапредување на нивните права. Сепак, тие велат дека штрајкот е само ставен во мирување до 20 јули, до кога очекуваат владата да им одобри зголемување на […]

Само по еден пациент дневно лекувале лекарите од Стоматолошката клиника


Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи од извршената ревизија на усогласеност на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар – Скопје, каде е утврдено дека е нарушена независноста на единицата за внатрешна ревизија, пописот не е спроведен во целост, не е воспоставена евиденција на потрошокот на залихи по организациони единиции пациенти не е воспоставена […]

Со една година задоцнување ќе почне изградбата на градинка во населбата Пролет


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во денешното гостување на утринската емисија на ТВ Сител, ги презентираше тековните општински активности, но и плановите за работа во претстојниот период. Герасимовски, покрај останатите проекти, ја спомена и новата градинка која ќе се гради во населбата Пролет, која воедно ќе биде и прва детска градинка во ова населено […]

Базенот во Аеродром ја стартува сезоната за капење


Базен Аеродром од денеска ја отвара новата сезона. Скопјани ќе имаат место плус каде ќе може да избегаат од летните горешнини , со оглед дека ниту оваа сезона тропските температури нема да го одминат скопскиот асфалт.  Цената на билетот за целодневно капење чини 300 денари, додека за полудневно капење 200 денари. 

Петровска на министерски состанок на НАТО во Брисел


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска и утре во седиштето на Алијансата во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана на земјите – членки на НАТО. Петровска и министрите за одбрана на 29-те сојузници на состаноците ќе разговараат за две клучни теми за Алијансата – одвраќањето и одбраната, како […]

Променливо облачно и топло до 32 степена


Променливо облачно со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ=8 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 15 јуни 2022 година, 166-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 199 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 57 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути. Денов трае 15 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее […]

Љубомир Михајловски доби нов мандат да ја води Адвокатската комора, избран нов состав и на телата на Комората


Адвокатската комора на Република Северна Македонија го одржа 67-то годишно Собрание во рамки на кое беа избрани членови на новиот Управен одбор на Комората, а за претседател беше реизбран адвокатот Љубомир Михајловски. Како што соопштија денеска од адвокатската Комора, Михајловски, кој по втор пат ја добива довербата на адвокатите за прв човек на Комората, во […]

Ламбе Алабаковски е на слобода, одземен му е пасошот


  БИТОЛА – Ламбе Алабаковски, од денеска е на слобода, но остана без пасошот како мерка на претпазливост што ја одреди  Кривичниот совет  на  Основниот суд во Битола, потврдува за медиумите правниот застапник на поп пејачот, познатиот битолски адвокат Дарко Стефановски.  Алабаковски по признавањето на делото беше притворен во затворот „Црн Мост“, па пуштен во домашен […]

Нови 66 случаи на КОВИД-19 од направени 983 тестови, оздравени 115 лица


Во последните 24 часа регистрирани се нови 66 случаи на КОВИД-19, од направени 983 тестови. Оздравени се 115 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.   Од новите случаи, во Скопје се 50, Битола и Охрид по 5, Македонски Брод 2, Прилеп […]

Протестот на возачите на ЈСП се откажува, добија покачување од 2.800 денари


Возачите од ЈСП „Скопје“ го откажаа протестот кој го најавија минатата недела поради ниските плати и тешките услови за работа. Како што велат од трите синдикати и кабинетот на в. д. директорот Александар Стојковски, постигнат е договор за зголемување на платите за 2.800 денари од јунската плата која се исплаќа во јули.   „Од наредната […]

Струјомерите ќе мора да се „читаат“ најмалку четири пати годишно


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ќе предложи измени на правилата за снабдување со електрична енергија со кои Електродистрибуција ќе биде обврзана најмалку квартално, односно еднаш на три месеци да ги чита броилата на потрошувачите на електрична енергија наместо еднаш годишно, како што е сега. Ова е договорено на денешната средба меѓу претседателот […]