Најавено целосно пробивање на левата цевка на тунелот Фариш


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска ќе присуствува на целосното пробивање на левата цевка на тунелот Фариш во правец кон Прилеп, кој се гради на експресниот правец Градско – Прилеп, информира Министерството за транспорт и врски. На настанот е најавено присуство и на заменик министерот Беким Реџепи, директорот на ЈП за државни патишта […]

Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд


Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе достигне […]

Состанок на ОБСЕ тројката во рамки на Преспа форумот за дијалог


На маргините на овогодишниот Преспа форум за дијалог денеска се одржа состанок на Тројката претседавачи со ОБСЕ: министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, и во име на шведската министерка за надворешни работи, амбасадорката Кристин Форсгрен Бенгтсон. На состанокот учествуваше и генералната секретарка на организацијата, […]

„Европскиот мировен проект во Западен Балкан“: Без Западен Балкан ЕУ останува незавршена работа


Во спорот со соседна Бугарија правиме се што е во наша моќ да ги усогласиме нашите позиции и да го одблокираме нашиот пат на интеграција преку ново пријателство. Не сме уморни, не сме разочарани, нема да креваме раце, напротив сме мотивирани да ја надминеме оваа пречка и заедно со соседите од Западен Балкан да се […]

Тренчевска: Во создавањето идни социјални услуги значајна улога имаат демографските податоци


 Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во рамки на министерската конференција во Рим имаше средба со директорката на Регионалната канцеларија на Фондот за население на ОН (УНФПА), Џулија Валезе, на која, како што соопшти МТСП, уште еднаш беше потврдена одличната соработка на бројни проекти со оваа организација. Како дел од позначајните се вбројуваат […]

Преспа форум: Зелената агенда бара вистински фокус и сериозна работа


 Во рамки на второто издание на Преспа форумот за дијалог 2022 се одржа специјална сесија насловена „Зелената агенда за Западниот Балкан: рамка за спроведување за одржлив и климатски неутрален регион“, на која земаа учество државни претставници, дипломати, истакнати личности од бизнис заедницата, граѓанското општество, како и претставници на млади еко-активисти од нашата земја и Западен […]

Борбени авиони од типот Ф-35 утре ќе летаат над Скопје


Утре, 17 јуни, на аеродромот во Петровец за прв пат во Северна Македонија ќе слетаат борбените авиони од типот Ф-35 кои се дел од 134-тиот борбен сквадрон на Националната гарда на Вермонт. Пред слетувањето, борбените авиони ќе извршат прелет над аеродромот во Петровец, како и над главниот град Скопје. На настанот ќе присуствува министерката за […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре и задутре


Поради  најавен настан во организација на политичка партија, кој треба да се одржи во сабота (18.06) во Скопје, од 17.00 часот на 17.06.2022 (петок) до завршување на настанот, ќе биде затворен сообраќајот од крстосницата на бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Илинден“ до крстосница на бул. „Илинден“ со бул. „Св.Климент Охридски“, а на околните сообраќајници ќе […]

Со 100 милиони денари се подобрува инфраструктурата во Крушево


„Инвестираме значајни средства за раст и развој на локалната економија, подобрување на условите за живот на граѓаните, но и за зголемување на туристичкиот потенцијал на Крушево“, истакна министерот Благој Бочварски, при денешната работна посета на општина Крушево, каде заедно со заменик министерот Беким Реџепи, државниот секретар Митко Трајчулески и градоначалникот Томе Христоски, извршија увид во […]

Тупанчески на средба со директорите на затворите


 Министерот за правда Никола Тупанчески денеска имаше средба со сите директори на затворите, на која беше констатирано дека најголеми проблеми во затворите се преоптовареност, немање соодветна здравствена заштита за осудените лица, недостаток на соодветен кадар. Како што соопштија од Министерството за правда, договорено е веднаш да се отпочне со решавање на наталожените проблеми кои со години […]

Нови 60 случаи на Ковид-19, преку „Мој термин“ пријавени две починати лица


Во последните 24 часа, регистрирани се 60 нови случаи на Ковид-19 од направени 842 тестови, 63 оздравени пациенти, не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица во период од 05.05. до 08.06.2022 година, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се […]

Клиника за хематологија: Кампањата „Биди срцевина, биди херој“ спасува животи


На ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија беше извршена трансплантација на крвотворни матични клетки на пациентка со акутна миелобластна леукемија од несроден донор од Македонскиот дарителски регистер за коскена срцевина, известуваат од Клиниката. -Со оваа трансплантација оваа млада жена има можност да продолжи со животот. Благодарение на кампањата за зголемување на бројот на несродни донори на […]

Лични асистенти и во летниот распуст ќе посетуваат ученици со попреченост


Општина Центар за првпат и за време на летниот распуст обезбедува лични асистенти во домашни услови кои ќе им помагаат на учениците со попреченост во развојот. Воедно Општина Центар е првата општина во државата која им дава поддршка од овој тип на учениците со пречки во развојот кои ги посетуваат основните училишта во Центар.  „Од […]

Здружени независни граѓани го повикуваат Бочварски да ги повлече измените на Правилникот за урбанистичко планирање


Здружени независните граѓански иницијативи велат дека последната измена на Правилникот за урбанистичко планирање е противуставна и на штета на граѓаните, со која им се одзема правото на здрава животна средина и хуманизиран простор. – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски остана доследен на својот став од првата прес-конференција пред две години дека донесени ДУП-ови не […]

Синдикатот на УКИМ најави мирен протест пред Владата на 30 јуни


Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје соопшти дека на 30 јуни од 19 часот ќе организира мирен протест пред Владата за да го изрази своето незадоволство од, како што наведува во соопштението, „драматично влошената материјална состојбата на вработените на Универзитетот“. -Платите на вработените на УКИМ се исклулчително ниски и се […]

Сончево со мала облачност, температурата до 32 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Минималната […]

Без струја утре делови од Карпош, Аеродром и Центар


Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Аеродром и Центар. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат Детската градинка „Орце Николов”, ул. „Бранислав Нушиќ” бб во Општина Карпош.   Од […]

ЕСМ „златна резерва“ за да ги грее скопјани со парно


Откако Владата ќе добие официјално писмо од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги дека се одземени лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Град Скопје ќе објави јавен оглас на кој доколку не се јави заинтересиран понудувач ќе одлучиме тоа да го прави ЕСМ како што […]

За сајбер безбедноста е потребно широко сојузништво, рече Грковска на форум во Естонија


    Сајбер безбедноста е процес кој мора да го реализираме паралелно со процесот на дигитална трансформација на општеството. Имаме обврска да изградиме доверба кај граѓаните во дигиталните услуги, а тоа ќе го постигнеме само ако обезбедиме сигурност и доверба дека користењето на дигиталните услуги е безбедно и дека нема да ја наруши приватноста на […]

Завршува електронското пријавување за упис во средно, стигнале над 14 илјади апликации


Електронското аплицирање за упис во средно образование за учебната 2022/2023 година завршува во 15 часот. Пријавувањето почна на 10 јуни во 10 часот преку линк до порталот за електронски услуги https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk. Еден час пред затворањето на е-системот, министерот за образование и наука Јетон Шаќири на прес-конференција […]