ЈСП Скопје апелира да се носи маска при користење јавен превоз


ЈСП Скопје апелира сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид-19 при користење на превозот, односно да носат заштитна маска во автобус. Посочуваат дека немаат ингеренции да забрануваат влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту имаат право да ги казнуваат. – Единствено, со […]

Дневниот билет почна да се продава во автобусите на ЈСП


Дневниот билет почна да се продава и во возилата на ЈСП Скопје, а  тој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден, односно може да се користи за неограничен број преседнувања на сите линии, во период од 05 до 24 часот. Досега, дневниот билет беше достапен единствено […]

АДКОМ бара помош од Владата, инаку треба да „скокнат“цените за комуналните услуги


Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ), кое обединува 90 јавни комунални претпријатија даватели на комунални услуги на територијата на целата држава, апелира Владата да помогне во справувањето со последиците од економската криза која се чувствува и во нивното работење во спротивно најавуваат дека ќе мора да ги покачат цените на услугите што ги нудат. […]

Водата во Скопје е безбедна за пиење


 ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека според физичко-хемиските и микробиолошките испитувања од 55 мерни места во Скопје водата е безбедна за пиење. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 11 јули до 15 јули зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 55 мерни места во […]

Сончево со умерен северен ветер


Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе е поинтензивен на североистокот. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ-индексот е 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 34 степени. Времето […]

На ГП Богородица и Табановце се чека околу еден час


Поради зголемена феквенција на возила, на ГП Богородица за излез се чека околу еден час, а на ГП Табановце за влез се чека околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е […]

Од денеска во функција наплатните рампи на автопатот Миладиновци-Штип


Од денеска треба да бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци- Штип. На наплатните рамки, како што најави Јавното претпријатие за државни патишта, целосно ќе функционира електронскиот систем за наплата на патарина. Оттаму во четвртокот информираа дека првите две ленти од десно ќе бидат за возилата кои користат М-таг електронски […]

Земјотрес од 3,4 степени по Рихтер почувстуван во Македонија


Попладнево беше почувствуван земјотрес во Прилеп, Битола и околината со магнитуда од 3.4 степени по Рихтерова скала. Од Телеметриската сеизмолошка мрежа информираат дека земјотресот потекнува од епицентрално подрачје Мрежичко-Кавадарци. Според Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала се случи во 15:40 часот. Епицентарот на земјотресот […]

Заради корупцијата четири од десет млади би ја напуштиле државата


Четири од десет млади би ја напуштиле државата поради степенот на корупција, додека секоја трета млада личност смета дека токму корупцијата е главна мотивација да се приклучи и да придонесе во борбата против коруптивните дејства. Само четири проценти од младите сметаат дека ваквата состојба ги тера да станат дел од синџирот на корупцијата. Ова го […]

Над 7 000 предмети од пензионираните судии прераспределени, нови кадри од декември


Над 7 000 предмети од десет судови низ државава во кои неодамна се пензионираа поголем број на судии се прераспределени кај други судии и се веќе во работа, покажува анализата на МИА. Нови судии Судскиот совет најавува во декември, а според систематизацијата, испразнети се 200 судиски места. Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска за МИА […]

Бесплатни стоматолошки услуги за 300 социјално ранливи граѓани


Стоматолошкиот  факултет – Скопје при УКИМ на вкупно 300 социјално ранливи граѓани (150 мажи и 150 жени) ќе им овозможи бесплатни услуги – лекување и екстракција (вадење) на заби, дентални реставрации, ендодонтски третман, протетичка рехабилитација и флуор профилакса. Пациентите најпрво ќе бидат индивидуално, темелно прегледани, а потоа ќе добијат и соодветни термини – кога точно […]

Гости прв пат гледаат и слушаат за рало


Бројни гости од земјава и од странство прв пат гледаат и слушаат за рало, со кое во минатото се орала почвата. Ова старо рало е експонат во музејот во Демир Капија. Цветанка Тодоровска Митрева, виш кустос археолог, за МИА рече дека секој од експонатите од музејската поставка, има своја приказна. Заедничко за многу од нив, […]

Претпладне сончево, попладне наместа дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде претпладне сончево, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ ќе биде 8. Во Скопје, сончево со […]

Спасувачи волонтери продолжуваат со потрагата по исчезнатото момче на Халкидики


Една седмица по исчезнувањето на 31-годишниот македонски државјани во Посиди на Халкидики, спасувачи волонтери од Грција, но и со помош на спасувачи од Северна Македонија, осми ден ја продолжуваат потрагата за пронаоѓање на момчето, јави дописничката на МИА од Атина. Официјалната потрага на Крајбрежната служба на Грција заврши, односно во четвртокот беше последниот ден кога […]

Пожар во стан во Мичурин, интервенира противпожарната служба


Пожар попладнево избувна во станбен објект во Мичурин, јави известувачот на МИА од терен. Во моментот интервенираат екипи од Противпожарната единица на Град Скопје. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот. 

Владата го одобри францускиот предлог, во вторник прва меѓувладина конференција во Брисел


  Откако Собранието ги усвои заклучоците Владата веднаш одржа седница на која донесе одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство. За таа одлука премиерот Димитар Ковачевски информираше на прес-конференција по завршувањето на седницата, нагласувајќи дека со тоа отпочнува процесот на пристапни преговори на Македонија со Европската унија. Тој соопшти дека првата меѓувладина конференција ќе […]

Комисијата за заразни болести со препораки за маски во канцеларии и дезинфекција


Министерството за здравство и Комисијата за заштита на населението од заразни болести активно ја следи состојбата со Ковид-19 во земјата, но и активно ги следи состојбите и на европско и светско ниво. Неспорно е дека во нашата држава се забележува зголемување на трансмисија на коронавирус, но и дека ова е општ тренд што не може […]

Тргнал да бере чај, па се загубил – надлежните го барале цела ноќ


Оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Регионалниот центар за управување со кризи – РЦУК Велес заедно со субјектите од Системот за управување со кризи вчера имаа успешната акција за пронаоѓање изгубен повозрасен човек (67 години), којшто отишол да бере чај, при што се загубил во Велешкиот ридест регион. Информацијата за покренување […]

Колони возила на „Богородица“ за излез од Македонија


Зголемена фрекфенција и метеж на граничниот премин кон соседна Грција. Во екот на летната сезона, кога голем број граѓани заминуваат на одмор кај нашиот јужен сосед вообичено има зголем број на автомобили на граничниот премин. Така е и денеска. Од веб камерите на границите може да се забележи зголемена фрекфенција и долги колони на граничниот […]

Сончево и топло со мала до умерена облачност


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8 Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер […]