Нови 98 случаи со Ковид-19 од 775 направени тестови, нема починати


 

Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 98 Ковид-случаи од 775 направени тестови, како и 79 оздравени пациенти. Не се регистрирани починати пациенти.
 
Како што соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, 68 нови случаи се регистрирани во Скопје, шест во Прилеп, по пет во Куманово и Битола, по три во Велес и Ресен, по два во Тетово, Кавадарци и Штип и по еден нов случај има во Кратово и Берово.
 
Од вкупниот број на позитивни (98), регистрирани се 26 реинфекција.
 
Во текот на изминатите 24 часа,  не се регистрирани починати лица, а нема починати лица ниту во  Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин.
 
Досега во земјата се направени вкупно 2.164.476 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 342.413, бројот на оздравени пациенти е 332.229, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 660.