Жичарницата на Водно утре нема да работи


Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска информираа дека поради редовен годишен технички преглед, утре нема да работи Жичарницата на Водно, а ќе биде редуцирана и автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно).

Возен ред за автобуската линија „25“: Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч и од Средно Водно: 8.40 ч, 10.40 ч, 12.40 ч, 14.40 ч, 16.40 ч и 18.40 ч.

– Од петок (23 септември 2022 год), Жичарницата и линијата „25“ ќе продолжат со редовна работа, додадоа од ЈСП.