Делови од Скопје утре ќе бидат без струја


Утре, без струја ќе останат делови од општините Кисела Вода, Карпош и Илинден, поради планирани прекини на ел. енергија во електро дистрибутивната мрежа. Во најавата од ЕВН Македонија АД се наведува дека овие корисници ќе останат без електрична енергија во текот на утрешниот ден: – Во период од 06,00 до 15,00ч. с.Алдинци, дом Китка, дом […]

Ангелов: ЦУК подготвен како никогаш досега, за седум дена изгаснати над десет сериозни пожари


 Центарот за управување со кризи е подготвен како никогаш досега да се справи со пожарите, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, посочувајќи дека изминатите седум дена имало повеќе од десет сериозни шумски пожари на територијата на државата, но сите биле брзо изгаснати и затоа граѓаните не знаат за нив. Тој, во вечерашното гостување на „Сител“ телевизија, посочи дека ер-тракторите […]

На Табановце за влез и излез од земјата се чека околу еден час


На граничниот премин Табановце попладнево за влез и излез од земјата се чека околу еден час, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Пожарот во беровско излезе од контрола, испратен армиски хеликоптер


Армиски хеликоптер беше испратен во беровскиот регион каде пожарот меѓу селата Митрашинци и Будинарци излезе од  контрола. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека кога ќе има услови, рано наутро,  хеликоптерот ќе интервенира и ќе исфрли вода над опожарените површини. За утре најавено е исто така дека, доколку има потреба, од воздух ќе се вклучат […]

Општина Кисела Вода обезбеди донација за струја за социјално-загрозените семејства


Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски обезбеди донација од приватна компанија за субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства. Во време на енормно зголемени цени на сите продукти и општа финансиска криза, обезбедената донација, е наменета токму на оние на кои во моментов имаат најголема потреба од помош, соопштија од општина […]

Нема нови мерки за заштита од Ковид – се отвораат пет ковид-амбуланти


Пет ковид амбуланти од следната недела ќе почнат да функционираат на територијата на Скопје, објави денеска портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, Злате Мехмедовиќ.  „Тие пет ковид-амбуланти ќе бидат сместени во петте поликлиники во Скопје, во поликлиниката „Идадија“, во поликлиниката „Ѓорче Петров“, во „Јане Сандански“, во Ченто и во Чаир“, рече Мехмедовиќ. Најави […]

И кавадаречката администрација со 2.806 денари повисока плата


Претседателот на ССМ, Дарко Димовски денеска се сретна со  градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев на која на барање на синдикатите било договорено зголемување на платите на сите вработени во општината и јавните комунални претпријатија во општината за 2.806 денари во нето износ.   На средбата присуствуваа и Секретарот на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуноски, […]

Нови 788 случаи со Ковид-19, четворица починати 


  Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.631 тестови при што се регистрирани нови 788 случаи со КОВИД-19, 541 оздравен пациент и двајца починати од кои едниот од Струга (89 г), а другиот од Охрид (92 г). Двете лица починале во болнички услови. Од вкупниот број на позитивни, […]

Продолжува потрагата по Мартин на Халкидики


Потрагата по Мартин, кој на 9 јули исчезна во морето кај Посиди на првиот крак на Халкидики, продолжува и денеска, спасувачите волонтери не запираат со потрагата, а претседателот на грчкиот волонтерски спасувачки тим ОФКАТ, Христос Рамос во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека нема да запрат сè додека не го најдат исчезнатиот. […]

Високи температури од портокалова фаза, Владата со препораки до граѓаните


Од денеска државата е зафатена со високи температури од портокалова фаза. Поради тоа, Владата донесе препораки за ослободување од работа на бремените жени и хронично болните лица. Во градинките се препорачува да не се практикува физичка активност на отворено и да не се изнесуваат децата надвор од 11 до 17 часот. Работодавачите да ги почитуваат […]

Ќе има ли антиковид мерки – бројот на новозаразени се поголем, напладне состанок на Комисијата за заразни болести


Расте бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19 во државата. Комисијата за заразни болести напладне ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба, како и за евентуалните препораки. – Комисијата за заразни болести ќе се состане во 12 часот и на состанокот. Ќе се дискутира за епидемиолошката состојба или препораките ќе […]

Сончево и многу топло, температурата до 40 степени, УВ индексот ќе изнесува 9


Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 9 до 19, а дневната ќе достигне до 40 степени. УВ ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер […]

Владата ја усвои информацијата на Министерството за здравство за активностите за случајот „Клиника Жан Митрев“


Владата ја разгледа и усвои „Информација на Министерството за здравство за преземените активности во врска со сторијата на Истражувачката лабораторија, емитувана на програмата на Националната телевизија на ден 17 јули 2022 година“, соопштија вчера од Владата. Според Информацијата, на 18 јули 2022 година (понеделник) доставена е ургенција до Лекарската комора по однос на доставеното барање […]

Бремените жени и хронично болните да се ослободат од работни обврски поради високите температури, препорача Владата


Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, од 21 до 24 јули 2022 година дека територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокаловата фаза, Владата донесе препораки за ослободување од работни обврски на најранливите групи на население, бремените жени и хронично болните лица. Во градинките, како што посочи […]

Исплата на пензиите од 27 јули


Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за јули 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 јули, а деловните банки од 27.07.2022 година да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата […]

Извештај на Стејт департмент: Македонските влaсти да се ангажираат повеќе во спречување на трговијата со луѓе


На властите во Северна Македонија, САД им препорачуваат спроведување построги истраги, за гонење и осуда на осомничените трговци со луѓе, како и да не се изземаат и официјални лица за кои има сомнежи за соучество. Владата на Северна Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но прави значајни […]

Активирана функцијата „СМС порака за потсетување за активно паркирање“


ЈП „Градски паркинг- Скопје“ соопшти дека е активирана функцијата „СМС порака со цел потсетување за активна паркинг сесија на зонските паркиралишта“. На почетокот на оваа седмица во системот на зонското паркирање на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје се активираше СМС порака – потсетник за активна паркинг сесија. Корисниците кои испратиле СМС порака за паркирање, по […]

Мијалков ја смени адресата на живеење, сега е жител на Охрид


Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков ја променил адресата на живеење во Охрид. Мијалков на почетокот на месецов призна вина за случајот „Империја“ и треба да оди три години во затвор. Тоа значи дека тој казната би ја издржувал во затворот во Струга. „По добиеното известување од МВР на ден 19.07.2022 година, предметот со комплет […]

Комисијата за заразни болести утре напладне ќе одржи состанок


  Комисијата за заразни болести утре точно напладне ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба во државата, потврди за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата. – Комисијата за заразни болести ќе се состане утре во 12 часот и на состанокот ќе видиме за што ќе се разговара. Ќе се […]