Препораката за ослободување од работа на ранливите групи граѓани продолжена до 27 јули


 Владата на денешната 64-та седница, на предлог на Министерството за здравство, ја измени Одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури, со што препораката за ослободување од работни обврски на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години, се продолжува да важи во периодот до 27 јули. – […]

Се шири миризба од ОХИС, од Инспекторатот велат дека доаѓа од големата депонија со линдан


Поради зголемување на температурите можно е во одредени временски интервали да се јавува непријатен мирис, кој потекнува од големата депонија и оваа состојба е години наназад. Големата депонија локациски се наоѓа веднаш до малата, која се чисти. ДИЖС континуирано врши инспекциски надзори – 15 дена нема активности во шаторот-мала депонија, велат од надлежниот Инспекторат за […]

Сè уште е активен пожарот меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци


 Пожарот што зафати подрачје меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци се уште е активен. Ветрот прави проблеми со ставање под целосна контрола на огнените јазици. Состојбата се менува од час во час, изјави за МИА Владо Клинчарски, директор на ЈП „Македонски шуми – Малешево“ – Берово. Тој посочи дека во моментов пожарот го гаснат околу […]

Бочварски тврди: Патната инфраструктура значително подобрена


Патната инфраструктура во државата значително се подобрува, се градат нови патишта, патарини има само на автопатиштата, не и на експресните патишта, изјави денеска министерот за транспорт, Благој Бочварски при посетата на ГП Табановце. -До пред неколку години воопшто не се дискутираше дека накај Прилеп ќе се гради нов експресен пат. Денеска тој експресен пат се гради. Штип-Радовиш имавме крајно лоша конекција во којашто имаше многу […]

Агенцијата за туризам започна еко кампања за дестинации без отпад


 Агенцијата за туризам (АППТ) од денеска почнува еко кампања за дестинации без отпад во нашата држава. Кампањата ќе трае до 1 ноември, преку фејсбук и инстаграм профилите на Агенцијата, и ќе бидат промовирани 30 дестинации под хаштазите #ЧистоКакоДома #PastërSiNëShtëpi. – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот континуирано го поддржува развојот на еко туризмот и […]

Ослободителна пресуда за таткото и ќерката од Косово кои бесправно градеa бунгалови во Леуново


Обвинетите татко и ќерка, Шериф Ракума и Блерта Рамука и двајцата од Косово и правното лице „Радика Резорт” ДООЕЛ увоз извоз с.Леуново Општина Маврово и Ростуше, не се виновни за бунгалови на брегот од Мавровското Езеро. Вака одлучи Основниот суд во Гостивар каде судијата Даут Рустеми проценил дека не се докажало дека обвинетите го сториле […]

Нови 779 заразени со Ковид-19, починаа четворица


Изминатото деноноќие регистрирани се 779 новозаразени од направени 1.613 тестови. Најголем дел од заразените се од Скопје и тоа 345 лица, потоа следуваат Битола со 61 заразен, Куманово со 45 новозаразени, па Прилеп со 39 новозаразени. Починале четири лица и тоа едно од Скопје, едно лице од Велес, две од Прилеп. Од вкупниот број на […]

Ревизорите открија огромен одлив на средства од јавното во приватното здравство


Државниот завод за ревизија објави извештај за работата на Фондот за здравство што фрла светло на состојбата таму по скандалот со болницата „Жан Митрев“ и по ковид епидемијата. Генерално, ревизорот изрази резерва околу вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Фондот и нивната усогласеност со законите во 2020 година. ДРЗ  констатира повеќе слабости и хаотични […]

Границата Македонија-Србија се поминува со едно застанување


Бочварски-Момировиќ: Концептот на Отворен Балкан дава успешни резултати. Го забрзавме протокот на стока и патници на ГП Табановце Ова што денеска се случува на Граничниот премин Табановце и Граничниот премин Прешево е доказ за партнерскиот однос меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, со што ја олеснуваме размената и транзитот на стока и патници. Ова […]

Спречено ширењето на пожарот во беровско, на терен 110 луѓе и 17 возила


Од 4 и пол часот утринава до 10:30 на пожарот што го зафати малешевскиот крај, на границата меѓу селата Митрашинци и Будинарци, дејствувал хеликоптер при што е постигнато пожарот да престане да се шири, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Берово. Во гаснење на пожарот се ангажирани 110 луѓе и 17 […]

Во текот на денот пожарот во Малешевијата ќе биде под контрола


Зафатени се повеќе од 50 хектари деградирана букова и дабова шума од пожарот што го зафати малешевскиот крај, на границата меѓу селата Митрашинци и Будинарци. За среќа, пожарот се движи ниско по земјата, и очекуваме во текот на денот да имаме целосна контрола врз пожарот, најдоцна до утре, изјави за МИА директорот на Центарот за […]

Горештините нема да попуштат ни следната недела


Топлиот бран што од вчера ја зафати Македонија продолжува и следните денови.  До среда подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. На целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. Во недела попладне и кон крајот на денот ќе […]

ССМ: Трудот на работниците во ЕУ, за разлика од земјава се цени, продолжува генералниот штрајк


Доколку Владата смета дека го започнала процесот за пристапни преговори со ЕУ, и укажуваме дека нејзините вработени и пред почетокот на процесот и по почетокот на процесот се еднакво сиромашни, примаат најниски плати во ЕУ и дека Владата не може да очекува дека вработените во управата кои треба да го сработат процесот, се мотивирани со […]

МТСП: Објавен јавен повик за финансирање на социјални услуги во општините


Министерството за труд и социјалната политика објави јавен повик со кој ги повикува општините, во партнерство со даватели на социјални услуги согласно Законот за социјална заштита, да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. Повикот е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој го спроведува Министерството за труд и […]

„Партизанска“ во Битола – пример за лошо изведена и скапо платена улица


  БИТОЛА – Две години од реконструкцијата на улицата „Партизанска“ во Нова Битола и потрошени над половина милион евра, таа е нефункционална после секој дожд. Спорни се над 700 метри од улицата. Има улици во Битола кои по реконструкцијата траат со години и децении, ама не и „Партизанска“. Оваа улица се реконструираше за време на […]

Фото репортажа: Како се спасува преубавата природа во беровско?


Од утрово во гасењето на пожарот во беровско е вклучен хеликоптер на АРМ,  за да се запре неговото проширување на преубавата природа, која што е една од главните природни богатства на Македонија. Подолу ги објавуваме фотографиите од оваа акција која се уште трае, откако ветерот го прошири пожарот за кој се веруваше дека е ставен […]

Полициски хеликоптер интензивно го гасне пожарот во Беровско


Еден полициски хеликоптер од утринава интензивно го гасне пожарот во беровскиот регион, вели за МИА директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Хеликоптерот од воздух почнал со исфрлање на вода од 5 часот. -Ер-тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување ќе пристигне околу 10 часот. Во моментов на терен се и десет […]

Сончево и многу топло време


  Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


   Денеска е петок, 22 јули 2022 година, 198-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 167 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 16 минути, а ќе зајде во 20 часот и 3 минути. Денов трае 14 часа и 47 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе […]

Пожарот во Беровско утре ќе се гаси од воздух


Еден армиски, еден полициски хеликоптер и ЕР-трактор утре уште во раните утрински часови ќе интервенираат од воздух врз опожарената шума меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци, вели за МИА директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Доцна попладнево армискиот хеликоптер направил само извиднички лет кој всушност и дал координати и план како утре да се гасне пожарот […]