Презентација на извештајот за справување со загадувањето на воздухот во Град Скопје


Фото: Б. Грданоски

 

Македонска платформа против сиромаштијата денеска ќе го презентира извештајот насловен „Справување со загадувањето на воздухот преку минимизирање на енергетската сиромаштија и промовирање на проеколошко однесување“.

Извештајот е подготвен во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во град Скопје“, финансиран од Шведска, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање и Град Скопје.

Како што е најавено, ќе се споделат резултатите од истражувањето од страна на проектниот тим, по што би се развила дискусија за наодите и препораките од истражувањето, а настанот ќе се одржи во Младински центар „Матично“.