Поради надградба на системот не функционира плаќањето паркинг со СМС порака


Јавното претпријатие „Градски паркинг“ информира дека поради надградба на системот за зонско паркирање, денеска не е во функција наплаќањето преку смс порака. Тоа значи дека смс пораките за наплата на паркинг, од крајните корисници не можат да се процесираат до ЈП „Градски паркинг“. Поради ова, од претпријатието ги замолуваат корисниците на зонско паркирање да го […]

До сабота топло, викендот можни попладневни врнежи


  Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи од утре до сабота ќе се задржи стабилно и топло време со пораст на дневните температури. За време на викендот во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе […]

Задутре завршува пријавувањето за сместување студенти од втора до шеста година во студентските домови


До 5 август трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови, кое почна на 18 јули, и се однесува на студенти од втора до шеста студиска година и апсолвенти. За студентите од прва година, рокот за аплицирање е од 5 до 16 септември 2022, односно откако ќе помине првиот рок за упис […]

Oколу 1.700 ученици и наставници ги посетија предавања за финансиска едукација на НБ


Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари продолжи да работи на натамошно унапредување на финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, 88 наставници и професори од основни […]

На Табановце за влез и за излез во Северна Македонија се чека 90, на Богородица 40 минути


  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 60 до 90 минути, а на граничниот премин Богородица време на чекање за влез и излез од […]

Сончево со мала облачност, температурата до 37 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во северозападните и североисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. УВ индексот ќе биде 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 20 степени, а […]

Астрономски календар


  Денеска е среда, 3 август 2022 година, 210-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 155 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 27 минути, а ќе зајде во 19 часот и 51 минута. Денов трае 14 часа и 24 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе […]

Хирургот Тодор Ношпал почина на 60 години


  Хирургот Тодор Ношпал, кој беше познат не само поради своето врвно знаење во ортопедијата, туку беше познат и  во јавниот живот, почина денеска на 60 години. Беше еден од најстручните кадри на Клиниката за ортопедија во Скопје, каде имаше и раководни функции, но во 2012 година доби отказ бидејќи наводно издавал службени тајни и […]

ЦУК: Активни се два пожари во Кумановско и во Крушево


Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека до 14.30 часот се евидентирани три пожари на отворено од кои еден е веќе изгаснат. Активен е пожарот кај местото Шупли Камен, кумановско, каде гори сува трева во близина на викендици, а на терен се пожарникари од ТППЕ Куманово. Активен пожар има и во општина Крушево кај […]

Нови 815 случаи со Ковид-19, четворица починати 


  Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.814 тестови, а регистрирани се нови 815 случаи со КОВИД-19, две починати лица од Велес (86г и 74г) и 1.252 оздравени пациенти. Двете лица починале во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ се регистрирани […]

До сабота сончево со повисоки температури, в недела и понеделник дожд


До сабота ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер […]

Честитка од Али Ахмети: Патот на слободата започна од Крушево


  Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска упати честитка по повод Илинден, нагласувајќи ја важноста на, како што напиша во објава на Фејсбук, заедничкото востание од 1903 година кое ги обедини граѓаните на земјата околу виталните каузи за слобода, еднаквост и мир. Ахмети потсети на 119-годишното патување на земјата низ предизвици од […]

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе на гробот на Никола Карев


  Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Александар Николоски, а во чиј состав беа членот на ИК и пратеник Драган Ковачки и пратеничката Ане Лашкоска, положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев, претседателот на Крушевската Република во Македониумот на Гумење во Крушево.

(Видео) Илинденско обраќање на премиерот Ковачевски од централната прослава на Мечкин Камен


По повод големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе се обрати на централната манифестација на Мечкин Камен во Крушево.   Централната манифестацијата на која и претходи положување на цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, започнува во 11:30 часот.  На истата, свечено ќе се обрати премиерот Ковачевски. […]

Македонија влегувала од една цивилизациска зона во друга, тврдат од ГЕРБ


  Истакнатиот пратеник во штотуку распуштеното бугарско Собрание, Тома Биков од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, тврди дека по 150 Бугарија и Македонија имаат шанса да бидат во еден заеднички геополитички простор. Во разговор за Бгнес тој вели дека „Македонија во моментов е во процес на премин од една во друга цивилизациска зона, од еден […]

(Видео) Пендаровски доделува ордени и медали на заслужни граѓани


На платото во Кабинетот на претседателот ќе се одржи централна манифестација, на која ќе се обрати претседателот Пендаровски и ќе бидат доделени одликувањата Орден на Република Северна Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст. Со Орден на Република Северна Македонија, постхумно ќе биде одликуван Крсте Црвенковски, за својот особен, стратешки, долготраен и неповторлив придонес во втемелувањето и во развојот […]

Ковачевски: Да го празнуваме Илинден во слога и обединетост


Илинден е нашата гордост, нашиот патоказ. Илинден е нашата сила за иднината!, порача премиерот Димитар Ковачевски во честитката по повод празникот Илинден. Во фејсбук објава премиерот повикува да го празнуваме празникот во слога и обединетост. -Нека ни е честит и долговечен Илинден – Денот на Републиката. Да го празнуваме во слога и обединетост. Денеска ги […]

Македонија го слави 2 Август – Денот на Републиката и Илинден


Сто и деветнаесет години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ се одбележуваат денеска на 2 Август – Денот на Републиката. Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден – Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста. […]

Сончево и ветровито со температура до 36 степени


 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а попладне повремено […]

Чествување на Илинден – Денот на Републиката во манастирот „Св. Прохор Пчински“


Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, денеска ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година. Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор […]