Делегација на ЈП за железничка инфраструктура во понеделник и вторник во посета на Брисел


Фото: Б. Грданоски

Делегација на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, предводена од директорот Хари Локвенец во понеделник и вторник ќе престојува во работна посета на Брисел.

Како што соопштија од претпријатието, во понеделник ќе се одржи состанок во Секретаријатот на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF Secretariat) како најголем донатор на 155 милиони евра инвестициски грант наменет за железничката делница Крива Паланка –  граница со Република Бугарија, како и на инвестицискиот грант во вредност од 68 милиони евра наменет за железничката делница Бељаковце – Крива Паланка.

Во вторник во Европскиот парламент во рамки на изложбата „The track to a successful TEN-T for a sustainably connected Europe“, директорот Локвенец ќе ги презентира тековните капитални инвестиции во железничката инфраструктура пред европарламентарците и останатите учесници и донатори.