Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации нека поднесе обвинител акт


Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ја повикува јавната обвинителка Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал, да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против него, а не празни и, како што вели, неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува. […]

Министерството за одбрана без конкретен одговор дали се донирани воени авиони за Украина


 Министерството за одбрана засега не потврдува дали на Украина ѝ се испратени четири авиони „СУ-25“. – Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија, наведуваат од Министерството за одбрана за МИА. Дел од медиумите објавија […]

Пријавете бездомно куче за хуман третман во Лајка


Од ЈП Лајка-Скопје потсетуваат дека преку електронската апликација  може да пријавите бездомно куче за хуман третман во прифатилиштето. Приоритет ќе имаат кучињата кои се скучни, повредени, проблематични и кучки за стерилизација, со цел спречување пораст на популацијата на бездомни кучиња на улиците во градот Скопје.  Инаку проблемот со кучињата скитници и натаму е актуелен меѓу скопјани. Секојдневно […]

Ванг: Посетата на Пелоси на Тајван е „неодговорен и крајно ирационален“ потег


 Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ја нарече посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД  „маничен, неодговорен и крајно ирационален“ потег, објави државната телевизија СиСиТиВи (CCTV).   Ванг на состанокот на министрите за надворешни работи на АСЕАН во Пном Пен, Камбоџа, рече дека Кина направила најголеми дипломатски напори за да ја спречи кризата, […]

Во Јапонија 200.000 луѓе повикани на евакуација по обилните дождови


Во обилните дождови во северна Јапонија има урнато мостови и излеани реки, а 200.000 жители беа повикани да ги напуштат погодените области.   Две лица се водат како исчезнати, изјави владиниот портпарол Хироказу Мацуно, а властите предупредија на зголемен ризик од лизгање на земјиштето и поплави.   На телевизиските снимки се гледаат паднати дрвја во […]

ДЗР: Застој, бавна динамика и зголемени трошоци за инфраструктурните проекти


Постои застој и бавна динамика на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти, a трошоците за проектите се зголемени поради повисока цена на чинење на изградбата од првично планираната, како и поради споредни трошоци, констатира Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на успешност на тема „Задолжување на субјектите од јавниот сектор, степен на искористеност на кредитите и заемите […]

Кинеската армија го опколи Тајван и почна маневри со боева муниција


  Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси повеќе не е во Тајван, но во четвртокот Кина го исполни своето ветување дека островот ќе плати цена за тоа што го пречека највисокиот американски функционер во последните 25 години. Командата на источниот фронт на кинеската војска соопшти дека во четвртокот извршила вежба со боева муниција […]

На „Табановце“ се чека до еден час, на „Богородица“ до 30 минути


  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 до 60 минути, а на ГП Богородица е 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. Сообраќајот на државните патишта се одвива […]

Сончево и ветровито, температури до 37 степени


  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со […]

Астрономски календар


  Денеска е четврток, 4 август 2022 година, 211-иот ден во година. До крајот на годината остануваат уште 154 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 28 минути, а ќе зајде во 19 часот и 50 минути. Денов трае 14 часа и 22 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе […]

Во петок прскање против ларви и возрасни комарци по седми пат годинава во Скопје


Градот Скопје ги информира граѓаните дека на 05.08.2022 година (петок) ќе започне дезинсекцијата против ларви од комарци, а на 08.08.2022 година (понеделник) дезинсекцијата против возрасни форми на комарци. Прскањето ќе се врши според следниов распоред: 1. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализираат на 05.08.2022 година (петок), во […]

Од септември 720 образовни асистенти во основните училишта


Подигнувањето на степенот на инклузивност на националниот образовен систем е стратешки приоритет и клучна цел во програмата за работа на Министерството за образование и наука, кон која континуирано се насочуваат сé повеќе средства и активности во чија реализација се вклучуваат голем број општествени чинители. Во таа насока е воведена и услугата образовна асистенција како обврска […]

Владата ја усвои Информацијата за нацрт-концептот на даночни реформи


Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за нацрт-концептот на даночни реформи, согласно Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025). Како што соопшти владината прес-служба, Стратегијата ги утврдува главните цели на даночните реформи, а кои се однесуваат на обезбедување праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем кој ќе се темели на современи дигитални технологии и […]

Драган Илиевски нов в.д. директор на ЗОО Скопје


  Драган Илиевски е нов в.д. директор на ЗОО Скопје. Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор. Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а има завршено магистерски студии по Економија.  Илиевски доаѓа на позицијата по разрешувањето на претходниот В.Д […]

Муареми најави кривична пријава против обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифовска


  Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми до крајот на неделата ќе поднесе кривична пријава против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службената исправа“. На брифинг со медиумите денеска во Управата за финансиска полиција, директорот Муареми, појасни дека претставки до Јавниот […]

Градот Скопје и за мостот на „Љубљанска“ ја прозва Владата


Градот Скопје не смета дека е неопходно целосно затворање на кејот кај изведба на мостот на „Љубљанска“ од страна на инвеститорот и изведувачот. – Сепак, треба да потенцираме дека во овој проект Град Скопје се појавува само како иден корисник, додека инвеститор на проектот е Влада на РМ, финансиер на истиот е ТАВ Македонија, а […]

Фекалии се излеваат од шахтите на „Партизанска“ во Нова Битола


  БИТОЛА – На оваа летна жега, Нова Битола е без вода за пиење, откако фекалии се излеваат од шахтите на обновената улица „Партизанска“ во овој дел на градот. Улицата пред две години ја реконструираше претходната локална власт и за неа беа платени над половина милион евра. Битолчани се револтирани од новонастаната ситуација во Нова […]

Вицепремиерката Грковска и група средношколци симулираа владина седница


  Праведна држава со нулта толеранција за корупцијата, добро организиран и квалитетен образовен и здравствен систем, социјална држава во која помошта оди на вистинското место се прашањата што учениците од повеќе средни училишта од Валандово, Гевгелија, Велес и Скопје ги отворија во рамки на денешната посета на Владата, што ја организираше заменичката на претседателот на […]

Младите во Србија најпозитивни кон Црногорците и Македонците, најнегативни кон Албанците


Младите во Србија имаат најпозитивен однос кон припадниците на црногорската и македонската националност, а најнегативен однос кон албанската, покажа овогодинешниот Алтернативен извештај за положбата и потребите на младите во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. -На скалата од еден до четири, со тоа што еден значи „секогаш имавме блиски и пријателски односи со нив“, […]

Нови 178 случаи со Ковид-19, четворица починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи со Ковид-19, две починати лица од Скопје (72г и 60г) и 592 оздравени пациенти. Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ се регистрирани […]