Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на Кавадарци


Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети општината Кавадарци, каде што ќе се сретне со градоначалникот Митко Јанчев, членовите на Советот на општината и претставници на граѓанските организации.

Ова е прва од претстојната серија посети на општините по отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија во јули 2022 година. Целта на посетите е да се презентираат новите чекори во процесот на пристапните преговори со ЕУ и нивното влијание врз секојдневниот живот на граѓаните.

Евроамбасадорот Гир ќе учествува и на кафе-дебата со граѓаните за да одговори на прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија.