Македонските граѓани најмалку подготвени на Балканот да ја бранат државата


Според статистичките анализи на Европската комисија  македонските граѓани се најмалку подготвени од целиот Балкан да се борат за својата држава, без оглед што е многу силна патриотската реторика и на неа водат политика многумина во Македонија.  Според овие податоци само 55 отсто од граѓаните кај нас се подготвени да се борат ако е загрозена државата, […]

Почна отстранувањето на гаражите во центарот на Битола, власта ветува уредени простори и паркинзи


  БИТОЛА – Почна отстранувањето на гаражите во строгиот центар на Битола, локалната власт ветува уредeни простори и паркиралишта, но жителите се собраа со негодување и побараа сообраќајно решение и проект, па рушење. Станува збор за гаражите зад позната зграда „ЈАТ“, околу седумдесеттина на број, каде општината констатирала дека во најголем дел се нелегални и […]

МТСП: Се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население


  Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на […]

На Табановце се чека 30 минути за влез и излез, од денеска градежни работи на патот Охрид – Ресен преку Галичица


  На ГП Табановце утрово се чека околу 30 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Поради изведување градежни работи (асфалтирање), од денеска до 12 септември 2022 на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица сообраќајот ќе […]

Централна свеченост по повод Денот на Армијата


  Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи централната свеченост по повод Денот на Армијата на Република Северна Македонија, која оваа година одбележува 30 години од формирањето. По повод Денот на Армијата обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и […]

Портокалово ниво на опасност, денеска и утре температури и над 40 степени


Топол бран со температури и над 40 степени ќе ја зафати земјава денеска и утре. На целата територија на државата ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Во петок во текот на ноќта ќе има зголемена облачност со појава на повремени врнежи. Иако кај нас е застапена умерено-континентална и субмедитеранска клима, според […]

Најчести акутни заболувања минатиот месец биле овчи сипаници и ентероколити


Во текот на претходниот месец во земјава се пријавени вкупно 607 заболени лица од акутни заразни заболувања, без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хепатит Б и Ц и ХИВ. Првите две најчести заболувања се овчи сипаници и ентероколити, кои учествуваат со 90,4 проценти во вкупниот број на заболени, а со 91,9 отсто во десетте […]

Бремените жени и лицата над 60 години ослободени од работа, поради високите температури да се избегнува престој на отворено


  Поради топлотен бран во земјава денеска и утре бремените жени и лицата на возраст над 60 години се ослободени од работните обврски, децата во градинките не смеат да имаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор треба да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, а […]

Астрономски календар


  Денеска е четврток, 18 август 2022 година, 225-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 140 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 43 минути, а ќе зајде во 19 часот и 32 минути. Денов трае 13 часа и 49 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе […]

(Галерија) АРМ заедно со граѓаните го прослави 30-годишниот јубилеј


  Со традиционално испукување на плутони, прикажување на најновата воена опрема, показни вежби и со концерт на воениот оркестар и со музички ѕвезди, Армијата на Република Северна Македонија заедно со граѓаните вечерва на Воениот стадион во Скопје го прослави 30-годишниот јубилеј. На манифестацијата присуствуваа министерката за одбрана, Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал – потполковник […]

Пецаков: Срамота е да не се одржи Охридскиот маратон


  Изразувам огромно жалење поради информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој е под покровителство на претседателот на Македонија. Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодржување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа […]

Македонија во четврток и во петок во портокалова фаза, Владата со препораки за топлотниот бран


Владата на денешната 70. седница поради топлотниот бран најавен за четврток и петок донесе препораки за ослободување од работните обврски на бремените жени и лицата на возраст над 60 години, децата во градинките да немаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева […]

Симовски: Единствена валидна категорија е резидентно население


Единствена валидна категорија е резидентно население и тоа е согласно сите стандарди на ОН кои важат за сите земји во светот и ги прифати и Евростат, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на прашање од МИА, за тоа кои податоци треба да се користат од Министерството за информатичко општество и администрација при […]

Лиле Стефанова ќе ја менува Русковска додека трае суспензијата


Лиле Стефанова ќе ја менува Русковска додека трае суспензијата- за тоа кој ќе ги води нејзините две предистраги, Русковска дополнително ќе одлучи. Не стивнуваат превирањата во највисоките обвинителски инстанци. По суспензијата на Русковска, нејзиното место според годишниот план за распоред на обвинители ќе го превземе обвинителката Лиле Стефанова. Стефанова ги водеше случаите Империја и Плацеви […]

Намален број на новозаболени од Ковид-19 во земјава, досега вакцинирани 875.431 со барем една доза вакцина


  Во последните две недели регистрирано е намалување на инциденцата на Ковид-19 во 22 градови во земјава. Најголемо намалување е забележано во Македонски Брод, Демир Хисар, Крива Паланка и Ресен. Зголемување се забележува во 12 градови, а состојбата останува непроменета во Пехчево. R0 се движи од 0,56 во Демир Хисар до 1,74 во Пробиштип, покажуваат податоците […]

Од КОВИД-19 починаа три лица, регистрирани нови 521 случај, 120 се реинфекции


  Во изминатите 24 часа направени се 1.231 тестирање, а регистрирани се 521 случај на КОВИД-19, од кои 120 се реинфекции. Оздравени се 485 пациенти, а пријавени се три починати лица. Во моментов активни се 3.595 случаи на КОВИД-19 во земјава, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Од новозаболените, најголем број се во Скопје-201, од Битола – 36, Куманово – 28, Охрид – 27, Кавдарци – 23, Велес – 19, Кочани – […]

Превентивната акција „Вози одморен“: Заморот може да биде фатален за возачите


Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност денеска на автопатот „Пријателство“ продолжија со превентивната акција „Вози одморен“. Заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи во летниот период, а овие превентивни активности се главно насочени на делницата од граничниот премин „Табановце“ до граничниот […]

Од утре сончево и многу топло, викендов облачно со пороен дожд и грмежи


  Под влијание на топол бран утре и в петок температурите на повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени. Како што соопшти УХМР, за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има услови за изолирана појава […]

Македонија втора во регионот по искористување на европските пари


Се подобро ги искористуваме фондовите на Европската Унија, но има простор за подобрување, порача денес вицепремиерот за евроинтеграција Бојан Маричиќ. Според него, на почеток од 2023 година следува нова инвестициска офанзива со европски пари, при што на тековниот повик за инвестициски грантови, Северна Македонија учествува со три нови проекти во вкупен износ од околу 53 […]

Русковска ќе се жали пред Советот на јавни обвинители


  Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која беше суспендирана од функцијата, ќе се жали пред Советот на обвинители откако републичкиот обвинител, Љубомир Јовески донесе решение со кое времено ја отстрани од функцијата. Ваквата одлука на Јовески доаѓа откако претходно тој напиша извештај во кој се констатирани неправилности при претресот што Русковска […]