Маричиќ за Русковска: Имаме завидни резултати во борбата против корупцијата


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ , не смета дека суспендирањето на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска и повлекувањето на директорот на финансиската полиција Арафат Муареми ќе влијае на ефикасноста на борбата против корупцијата во која, според него, сме покажале завидни резултати изминатите пет години.  -Муареми не поднесе оставка туку му истече мандатот и […]

Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат


  Од 1 јануари уверението за државјанство ќе може да се издава и во електронска форма преку Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса. Граѓаните ќе можат по електронски пат да поднесуваат и барања за издавање на лична карта и пасош. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на […]

Без вода денеска овие скопски улици


Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска без вода ќе бидат следниве улици: -поради уличен дефект на Народен Фронт 29, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (од бр.15 до бр. 33). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:40 часот до завршување со санација на дефектот. -поради дефект на затворач ф-80мм на […]

Вчера големо невреме во Неготино, денеска ќе се проценуваат штетите


Торнадо му се случи на Неготино, невремето проследено со силен ветер и поројни дождови за само 20 минути предизвика тешки последици, информираа вчера од Центарот за управување со кризи.  Деветнаесет пожарникари работеле синоќа на санирање на штети од невремето. Повеќе неготинци пријавиле штети од невремето. Невремето однесе неколку покриви од куќи, а блокирани беа и […]

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата


  Единица на артилерискиот баталјон на Армијата вечер во 19 часот во касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија. Два часа претходно, во периодот од 17 до 18 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со по еден истрел од шест артилериски орудија. […]

На ГП Богородица и на Табановце се чека 40 минути


  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Табановце и на на ГП Богородица се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува […]

Прослава по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“


Денот на Армијата 18 Август и јубилејот „30 години Армија“ ќе бидат одбележани со целовечерен настан организиран под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.   На настанот, што ќе започне во 19:00 часот, ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко […]

Сончево со слаб ветер и температура до 37 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 19 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, сончево и топло со мала локална облачност и […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 17 август 2022 година, 224-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 141 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 42 минути, а ќе зајде во 19 часот и 33 минути. Денов трае 13 часа и 51 минута. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

МИОА: Усогласувањето за правичната застапеност при вработувања во јавниот сектор е со податоци од вкупно попишаните лица


При усогласување на податоците од последниот Попис, а во врска со вработувањата во јавниот сектор согласно принципот на правична и соодветна застапеност што се врши со Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор од Министерството за информатичко општество и администрација за МИА велат дека за основа се земени предвид податоците добиени од вкупниот број […]

Од први септември започнува ловот на дивите свињи


  Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска донесе решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита. Со ова решение започнува итна максимална депопулација на дивите свињи според акционен план дефиниран помеѓу Министерството и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Ловната сезона започнува на 1 септември на сите ловишта на територија на […]

Муареми се повлече од функцијата директор на Управата за финансиска полиција


Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, информира дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма […]

Сабота – 20 август неработен ден во општините Тетово, Маврово и Ростуше и Центар Жупа


 Владата на денешната 69-та седница донесе заклучок 20 август 2022 година (сабота) да биде неработен ден за граѓаните во општините Тетово, Маврово и Ростуше и Центар Жупа поради одржување на избор за градоначалници на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа, како и избори на членови на Советот на Општина Тетово. Седницата, како што информираат […]

Русковска суспендирана, дисциплинска постапка за Трајчева и Јосифовска


Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда. Неофицијално станува збор за обвинителите Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.  – Во согласност со член 93 […]

Јакимовски најави инвестиции од 1,5 милијарди евра во Карпош


По речиси пет години, Општина Карпош од 10 август има деблокирана сметка, соопшти денеска градоначалникот на општината, Стевчо Јакимовски во обраќање во живо на Фејсбук. Првиот човек на Карпош информираше дека за овие девет месеци откако е повторно на функцијата, исплатени се 154.235.000 денари блокади, како и 2 милиони евра друг долг. – Во моментов […]

Регистрирани 590 случаи на Ковид-19, починати две лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на КОВИД-19: Скопје – 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп – 19, Делчево – 17, […]

Заврши протестот на оризопроизводителите, нормализиран сообраќајот на патот Штип – Кочани


Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Кочани – Штип кај село Облешево откако во 11:45 часот заврши собирот на оризопроизводителите, информира АМСМ. Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани на патниот правец А3 Кочани – Штип кај село Облешево од 10:15 часот беше блокирана со 12 земјоделски машини од околу 80 до 100 оризопроизводители, […]

Топол бран во четврток и петок, температури и над 40 степени


  Целата територија на државава во четврток и петок ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните делови и над 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На целата територија на државата во четврток и петок […]

Општина Чаир ќе лее статуетки на Скендербег на државна сметка


Во време на економска криза, општина Чаир распиша тендер за изработка на сувенири за нејзините потреби, на кој не е наведена крајната сума. На тендерот се бараат леени фигури од Скендербег, Мајка Терза, Саат кула и Хасан Приштина, плакети со гравура, стаклени и керамички чаши, стаклени шишиња, дрвени привезоци, изработка на дизајн, печатење на моден […]

Оризопроизводители го блокираа патот Штип – Кочани кај Облешево


Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани на патниот правец А3 Кочани – Штип кај село Облешево од 10:15 часот е блокирана со 12 земјоделски машини од околу 80 до 100 граѓани – оризопроизводители, информира АМСМ. Сообраќајот се одвива наизменично.