Докторски и постдокторски истражувачки стипендии во Романија за студиската 2022-2023 година
Амбасадата на Романија во земјава известува дека Министерството за надворешни работи на Романија преку програмата „Eugen Ionescu“ доделува три месечни докторски и постдокторски стипендии за истражување и мобилност на државните високообразовни институции во Романија.
Како што објави МОН, овие стипендии се реализираат во соработка со франкофонската глобална мрежа на високообразовни и истражувачки институции (AUF) Agence universitaire de la Francophonie.
Повикот за стипендии ќе биде отворен до 20 ноември 2022, а периодот на мобилност е од 1 мај до 31 јули 2023.
Информации за стипендиите се достапни на интернет-страницата на AUF https://www.auf.org/nouvelles/