Паѓа бројот на новозаразени од Ковид-19


  Минатата недела се регистрирани сe 3.477 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е намалување за 8,7 отсто во споредба со претходната седмица. Направени биле 7.682 тестови, а процентот на позитивност се движел од 33,4 до 49,4, просечно 43,6 отсто. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 8 до 14 август, […]

На ГП Богородица и на Табановце се чека до 40 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 30-40 минути. На ГП Табановце се чека околу 20-30 минути за влез во државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. […]

Нов закон за помилување за да нема политички злоупотреби


  Во Министерството за правда во завршна фаза е текстот на новиот закон за помилување, за којшто, како што се најавува, во најскоро време ќе биде подготвена драфт – верзија. Најзначајната измена што се предвидува е дека Претседателот ќе може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени […]

Сончево, попладне можност за пороен дожд


  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево […]

Астрономски календар


  Денеска е вторник, 16 август 2022 година, 223-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 142 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 41 минута, а ќе зајде во 19 часот и 34 минути. Денов трае 13 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе […]

Ковачевски во Маврово најави модерна, еколошка и европска општина


Лидерот на  СДСМ, Димитар Ковачевски, се сретна со жителите од мавровскиот крај, за да го подржи кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски.    “Важно е Маврово и Ростуше да продолжи да се развива како модерна, еколошка и европска општина која ги користи сите свои потенцијали кои ги има во изобилие”, рече Ковачевски.  Во изминатиот период, во […]

Пронајдена граната во Вардар кај Велес


Во СВР Велес било пријавено дека кај местото познато како „Мало мовче“ во водите на река Вардар во Велес вчера во утринските часови рибар вадел граната, соопшти Министерството за внатрешни работи. – На 14.08.2022 година во 08.25 часот во СВР Велес било пријавено дека рибар кај место викано „Мало мовче“ од водите на реката Вардар […]

На 78 години почина проф. д-р Димитар Бајалџиев, поранешен министер за образование и наука


  На 78 години вчера почина проф. д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје,  на Катедрата за воведни и теоретски правни науки. – Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа на вовед во правото и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, […]

Нема македонски универзитет во првите илјада рангирани на Шангајската листа 2022


На најновото рангирање на универзитетите во светот во 2022 година на Шангајската листа, во првите сто се  39 од Соединетите Американски Држави. Прв на листата е Универзитетот Харвард и, освен два британски – Универзитетот Кембриџ на четврто место и Оксфордскиот на седмо, првите 15 места на листата ги држат американски универзитети. Кина има девет универзитети рангирани […]

За три дена седум починати од Ковид


 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 12.08 до 14.08.2022), направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи со КОВИД-19, седум починати (три од Скопје (81г, 84г и 90г) и по едно од Велес (85г), Охрид (82г), Струга (72г) и Крива Паланка (91г)), и 1.228 оздравени пациенти, соопшти […]

Комунална хигиена негира дека некој друг го чистел споменикот на Гоце Делчев


Јавното претпријатие Комунална хигиена реагираше на пишувањата дека членови на бугарско здружение го чистеле споменикот на Гоце Делчев и ставиле на него знаме  на Бугарија.  -Невистинити се објавите на извесни провокатори чии фотографии осамнаа на интернет, дека го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк. Имено, споменикот на Гоце Делчев, како и бројни други […]

Кисела Вода со донација ќе субвенционира сметки за струја на загрозените


 Општина Кисела Вода ќе ги субвенционира сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства. Објавен е јавниот повик со критериумите, на кој од денес, во наредните 15 работни денови можат да аплицираат ранливите категории-социјално загрозени семејства, самохрани родители и деца без родители.   -Во услови на енормни поскапувања, на зголемени цени на сите основни продукти и […]

Откорнати клупи во Паркот Македонија во Тафталиџе


Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ реагираше денес на зачестената појава да се уништува урбаната опрема , испровоцирано од вандалското однесување во Паркот „Македонија“ во населбата Тафталиџе. -Оштетени, искршени и откорнати клупи, расфрлени во зеленилото во парк Мaкедонија, е сликата која утрово нашите екипи ја затекнаа во паркот.За жал вакви глетки на уништена парковска опрема се […]

Спасовски: 28 услуги на МВР достапни онлајн


На web-страницата на МВР https://termin.mvr.gov.mk/, како и на Националниот портал за електронски услуги https://uslugi.gov.mk/ каде што се воведени 28 електронски административни услуги на МВР за граѓаните, достапни за онлајн аплицирање, се нуди можност граѓаните да можат дигитално да си закажат термин за фотографирање за лични документи, како и електронско плаќање на услугата, а достапни се и образците за […]

И утре нестабилно, од среда сончево и топло


  Утре во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од среда следува период на сончево и топло време со пораст на температурите на воздухот, соопшти УХМР. Особено топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени и над просекот за овој период од годината ќе биде […]

Национална мрежа против насилство: Дали државата навистина ги штити жените жртви на семејно и родово базирано насилство


  Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска преку соопштение реагира во врска со непостапувањето на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи (МЦСР) на Град Скопје во конкретен случај каде по пријава од страна на жртвата и после четири месеци, до ден денес, не се преземени никакви мерки на заштита. – Последните настани […]

Најмногу дожд во Тетово, најмалку во Скопје


  Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Тетово, 21 литар на метар квадратен, а најмалку во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Дојран и Берово, еден литар. Според УХМР, до 8 часот се измерени  19 литри во Крушево, 8 во Крива Паланка и на Попова Шапка, 5 во Виница, 3 во Прилеп и Гевгелија, како […]

На „Табановце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ околу 30 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, а на ГП „Табановце“ се чека околу еден час за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги […]

Глумац: Повисоки стандарди за лиценци во поштенскиот сектор и контрола на почитување на тие стандарди


  Потребно е да се воведе поголем и подобар механизам за заштита од нелиценцирани компании, да се постават повисоки стандарди за издавање лиценци и најважно од се, контрола на почитување на стандардите кои се наведени во лиценците, вели во интервју за МИА Билјана Глумац, сопственичка на Карго Експрес ДООЕЛ увоз – извоз Битола, поштенскиот оператор кој […]

Македонскиот тим во Комисијата за историски прашања ќе информира за решенијата за заеднички чествувања и за учебниците


  Македонскиот тим во Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија денеска ќе одржи брифинг во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје. Тема на брифингот, како што соопшти МНР, се усвоените решенија на Комисијата за заедничките чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Северна […]