Сончево и топло со мала до умерена облачност


  Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7, соопшти УХМР. Во Скопје сончево и топло со […]

Астрономски календар


  Денеска е понеделник, 15 август 2022 година, 222-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 143 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 40 минути, а ќе зајде во 19 часот и 36 минути. Денов трае 13 часа и 56 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе […]

Kонтрола во продажни објекти во Чаир, изречени 12 мерки


Припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд, денеска во периодот 10 до 17 часот, на подрачјето на Општина Чаир извршиле контроли во објекти на ул. „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на забраната за […]

Со „Носферату, симфонија на стравот“ почнува Фестивалот на нем и класичен филм


Со проекција на филмот „Носферату, симфонија на стравот“ на германскиот режисер Фридрих Вилхелм Мурнау од 1922 година, а во музичка придружба на Џијан Емин, во среда, 31 август, во летното кино на Кинотека, ќе почне годинашното издание на Фестивалот за нем и класичен филм. Фестивалот ќе трае до 7 септември. Како што соопштија од Кинотека, […]

Бизарни претставки до АХВ – куче им лаело пред зграда или влезот им мирисал на компири


Сосед ги храни уличните кучиња и мачки кои се собираат во голем број, а потоа лаат и мјаукаат, гаврани напаѓаат луѓе, квалитетот на лебот не е ист – еден ден е попечен, а друг помалку печен. Ова се само некои од претставките што изминатиот период стигнале до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). МИА уште […]

Поплавени подруми, излеана канализација и оштетени улици од невремето во Кавадарци 


Поплави во подруми и подрумски простории на дваесетина куќи, излеана канализација од неколку шахти, паднато дрво и однесен дел од тампонот на повеќе улици, е билансот од синоќешното невреме во Кавадарци. Од „Комуналец” за МИА велат дека дел од улиците биле и блокирани поради наноси од тампонот, но со брза интервенција со четири скипа, неколку […]

Армијата одбележува 30-годишен јубилеј


Под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ в среда, на 17 август, Армијата на Република Северна Македонија ќе го одбележи 30-годишниот јубилеј. Манифестацијата по повод јубилејот ќе се одржи на Воениот стадион со почеток во 18:30 часот. На настанот кој ќе биде целовечерен, посетителите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со дел од најновата воена […]

И денес дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. На места ќе наврне поголема количина на воден талог. Минималната температура ќе се движи од […]

За истражување и развој годишно трошиме 22 евра по жител


 За истражувања и развој во државава во просек годишно се трошат по околу 22 евра по глава на жител. Најмногу за истражувања во здравството и образованието, а најмалку за одбрана и енергија. Според податоците од Државниот завод за статистика во 2020 година вкупно за истражувања и развој во државава биле издвоени 2 494 023 000 […]

Училишниот прибор поскап за 50 отсто, за прваче во просек потребни до 100 евра


Пред почетокот на учебната година, родителите веќе почнаа да ги подготвуваат своите деца за училиште. Се купуваат тетратки, училишен прибор, ранци и останат училишен материјал, но за разлика од минатите години сега цените се повисоки во просек за 50 до 60 проценти. Така, сега за опремување на едно прваче потребни се во просек од 5.000 […]

Силно невреме вечерва го зафати Кавадарци, поплавени подруми, вода навлезе и во општинската зграда


Силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења вечерва го зафати Кавадарци, јави Општината на нејзиниот фејсбук профил. Според првичните информации, до повикувачкиот центар во општината, се пристигнати дваесетина пријави за поплавени подрумски простории. Екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец и „Мој општинар“ се на терен. За половина час наврнале 40 […]

УХМР најавува локални поројни врнежи во ноќните часови, времето нестабилно и утре


  До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, процесите локално, особено во ноќните часови ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Утре ќе биде променливо облачно и свежо, на […]

Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани


  БИТОЛА – Следната работна недела почнува рушењето на гаражите во строгиот центар во Битола, зад поранешната зграда „ЈАТ“. Ваквата намера на локалната власт во Битола, ги револтира станарите од околните згради и куќи, кои најавуваат дека ќе се спротивстават. Одлуката помина на седница на Совет во мај годинава, и уште тогаш ја разбранува јавноста. […]

„На пат секогаш тргнувај одморен“ – превентивни активности на Ќафасан и во Охрид


Под мотото „На пат секогаш тргнувај одморен“, Одделението за превенција при СВР Охрид и Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ја спроведоа превентивната кампања „Безбедно лето 2022“, при што возачите ги потсетија на потребата од почитување на сообраќајните правила. Како што соопштија од МВР, денеска полициските службеници на граничниот премин „Ќафасан“ и […]

На Табановце и Пелинце за влез и излез од државата се чека околу два часа


На граничните премини Табановце и Пелинце за влез и излез од државата се чека околу два часа, додека на граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу половина час. На останатите гранични премини од македонска страна, како што информираат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните […]

Еден сребрен и два бронзени медали за македонските учесници на Интернационалната олимпијада по информатика


На 34. Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2022), која од 7-ми до 15 август се одржува во Јогјакарта, Индонезија, македонскиот тим средношколци го постигнаа историски највисокиот резултат во повеќегодишната традиција на ова натпреварување. Македонскиот тим на овој најпрестижен интернационален натпревар во програмирање, составен од учениците Благојче Павлески, Марко Таневски, Софија Велковска и Тео Китановски, предводени […]

Приватно обезбедување ќе патролира околу парковите и игралиштата во Општина Центар


  Општина Центар склучи договор со Друштвото за обезбедување на лица и имот „Екот Гард“ за обезбедување и редовни патроли на детските игралишта и парковите во општината. Од Општината велат дека овој чекор доаѓа по честото оштетување на реквизитите од страна на несовесни граѓани, кои намерно ги оштетуваат и уништуваат парковите и детските игралишта и […]

Кичевчанецот што го бркааа четири дена за тест немал мајмунски сипаници


Кичевчанецот кој го „бркаше“ цела Македонија бидејќи четири дена одбиваше да се тестира на мајмунски сипаници,   нема мајмунски сипаници. Веста ја објави 24 Вести повикувајќи се на извори од Комисијата за заразни болести.     Со тоа завршува сапунската опера во која покрај јавноста, се вклучија и политичките партии , иако здравствените кругови посочуваа дека оваа […]

Сведителствата ќе чекаат да заврши прославата на Груби


Две недели до почетокот на учебната година, сведителства се уште нема, но има два тендери на контото на „Арбериа дизајн“ во висина од 13 милиони денари за оваа цел. Додека, учениците од повеќе паралелки чекаат писмен доказ за нивниот успех, „Арбериа“ победи и на тендерот на министерството на Артан Груби и утре треба да ја […]

По Гиговска и Владо Јаневски го откажа настапот на фестивалот за годишнината од Рамковниот договор


Поп-ѕвездата Владо Јаневски го откажа својот настап на Мировниот фестивал, посветен на 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. Денеска на официјалната Фејсбук страница на Владо Јаневски е објавено соопштение дека пејачот нема да настапи на прославата која ќе се одржи на 13 август на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Вчера, Министерството за политички систем и односи […]