Најмногу дожд во Крушево – 47 литри на кавдрат


Фото: Б. Грданоски

 Најмногу дожд во изминатово деноноќие наврна во Крушево 47 л/м2, на Попова Шапка 42, во Скопје – Петровец 28, во Куманово 27, Пожаране и Битола 25, Маврови Анови 23, Скопје – Зајчев Рид, Тетово и Ѓуриште 22, Охрид 19,  Претор, Тополчани и Прилеп 17, Лазарополе 16, Штип 14, Крива Паланка десет, Берово осум, Гевгелија седум, Демир Капија и Виница шест и Дојран четири л/м2.

Најстудено утрово беше на Попова Шапка каде се измерени четири степени, како и во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево седум и во Берово и Претор каде се измерени девет степени. Највисока беше температурата во Скопје-Петровец, Демир Капија, Струмица и Гевгелија – 13 степени.

Времето денеска ќе биде облачно, свежо и врнежливо. Наместа врнежите ќе имаат пороен карактер. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Врнежите ќе престануваат во вечерните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, свежо и врнежливо со слаб до умерен југоисточен ветер. Повремено врнежите ќе бидат поинтензивни. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.