Од септември поголеми плати во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита


Од септември ќе има покачување на платите во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита, соопштија денес од владеечката партија СДСМ. „Со неодамна донесениот Закон за служба во Армијата се обезбедени дополнителни придобивки за војниците и вработените во одбраната, а платите во овој сектор од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари.Од истиот месец следува […]

Општина Центар ќе гаси дел од уличните светилки


  Општина Центар од вчера вечер започна со спроведување на препораките за штедење на електрична енергија препорачани од Владата.Притоа, на одредени локации ќе се гаси дел од уличното осветлување, со што ќе се зголеми заштедата на електрична енергија, водејќи сметка да не се наруши нормалното функционирање на граѓаните кои живеат или престојуваат во општината. -Пред […]

Хаос во Општина Карпош: Ќе се гради или не висококатницата?


Советот на Општина  Карпош ја запре изградбата на 28-катницата кај „Букурешт“, но градоначалникот Стевчо Јакимовски не ја признава одлуката. На вчерашната седница на Советот на Општина Карпош, единствена точка на дневен ред беше предлог-одлуката за задолжување на градоначалникот и на Општината да запрат со издавање градежни дозволи, забрана за започнување градба и спроведување ревизија на […]

Русковска денеска ќе поднесе жалба


Обвинителката Вилма Русковска денеска ќе ја поднесе жалбата до Советот на јавни обвинители, откако беше суспендирана од работа. Советот ќе треба да одлучи по жалбата на Русковска, која беше оддалечена од својата работа од страна на Републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавно обвинителство. „Денеска ќе поднесам жалба до Советот“, […]

На „Табановце“ се чека 40 минути, на „Богородица“ половина час


На ГП „Табановце“ се чека од 30 до 40  минути, а на ГП „Богородица“ околу 30 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните […]

„Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје


    Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје денеска организира „Отворен ден”. Настанот ќе се одржи во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10 до 12 и од 12 до 14 часот, на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера, информираат од УКИМ. – „Отворениот ден на […]

Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна


Националниот парк „Маврово”  доцна синоќа на официјалната Фејсбук страна објави  информација за повредена мечка на делницата Дебар – Маврово, на  потегот помеѓу село Јанче и Ростушки мост,  која би можела да биде агресивна откако ја удрил автомобил. – Ве известуваме дека вечерва на потегот помеѓу с. Јанче и Ростушки мост од страна на автомобил е повредена […]

Министерот Спасовски во посета на Крушево


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во работна посета во Крушево. Како што информираат од МВР, Спасовски ќе го посети ОВР Крушево и ќе оствари работна средба со неговото раководството, а ќе се сретне и со крушевскиот градоначалник Томе Христовски. Министерот Оливер Спасовски вечерта ќе присуствува и на свеченото отворање на […]

Сончево и многу топло


  Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде […]

Астрономски календар


  Денеска е петок, 19 август 2022 година, 226-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 139 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 44 минути, а ќе зајде во 19 часот и 30 минути. Денов трае 13 часа и 46 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе […]

За време на пандемијата државните институции купиле 150 луксузни возила


Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница меѓу другото расправаше и за злоупотребите на институциите за време на пандемијата, главно за купените службени автомобили од страна на државните институции.Податоците со кои располага комисијата се загрижувачки. Претседателката Билјана Ивановска од Антикорупциска вели дека не се само два автомобили кои беа познати во јавноста, туку […]

Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица


  Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случај со КОВИД-19, тројца починати (по еден од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г)) и 595 оздравени пациенти. Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани пет починати […]

Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации


Владата на Македонија има максимални 100% активна транспарентност од можни 100%, односно ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност, согласно редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации. Индексот за активна транспарентност ги рангира сите институции во државата на локално и на централно ниво од 2016 година. […]

ВМРО-ДПМНЕ како да е од 1945-та, кажува кој треба да добие културна награда


Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ смета дека целосно е погрешна одлуката на ДФРМ да ја додели „Големата ѕвезда на македонскиот филм” на Горјан Тозија бидејќи бил „на чело на разорните процеси“ во филмската индустрија. -Горјан Тозија беше филмски работник кој рушеше сѐ, само за да биде видлив. Беше видлив кога го уништи Вардар филм. Беше […]

Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк


Во рамките на Годишната програма на активностите на  „Заедница на Хрвати во Македониј“, а во соработка со Град Скопје, во недела, на 21 август,  во Градски парк – во „Школка“  во 21 часот, ќе се одржи концерт на фолклорна секција и тамбурашки оркестар на Културно уметничко друштво „Св. Јурај“„ од Драганиќ, Карловачка Жупанија, Република Хрватска. […]

Сега и Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата на Охридскиот маратон


Агенцијата за млади и спорт соопшти дека со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон. Откако претседателот Стево Пендаровски објави дека маратонот нема да се одржи бидејќи била блокирана сметката на Пливачката федерација на Македонија, почна политичката трка кој ќе застане зад традиционалната манифестација.      „Годинава е 60 годишниот јубилеј на Охридскиот маратон. Како […]

Пендаровски: Нема поцврста врска од таа на војникот со државата


Претседателот Стево Пендаровски на прославата на 30-годишниот јубилеј на Армијата порача дека по украинското искуство стана јасно дека мора да вложуваме во нејзино унапредување и до 2024 година процентот за издвојување за неа да стигне до НАТО стандардот од 2 отсто, па и повеќе.    „Последниве години, и ние, но и Европа и светот минуваме […]

Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери


Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Армијата Стево Пендаровски денеска по повод 30-годишнината на Армијата ги одликуваше со Орден за воени заслуги првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски, Логистичката база при Армијата и Организацијата на резервни офицери. Гоцевски е одликуван со Орден за воени заслуги за неговиот придонес во формирањето на Армијата како […]

Охридски пливачки маратон ќе има, ќе го организира општината


На денешниот координативен состанок кој го свика градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, донесена е одлука да се одржи Охридскиот пливачки маратон. Маратонот ќе биде поддржан од спонзори и од Агенцијата за млади и спорт. Охридскиот маратон традиционално се одржуваше под покровителство на претседателот на државата, но од неговиот кабинет вчера стигна соопштение дека оваа […]

Ковачевски го честиташе јубилејниот 30-ти роденден на Армијата


Премиерот  Димитар Ковачевски  учествуваше на централната свеченост  во касарната „Илинден“ во Скопје на која Армијата на  Македонија  го прослави својот јубилеен роденден и ги одбележа достигнувањата во текот на својот триесет годишен раст и развој. За овој повод тој испрати јавна честитка:   „Денеска гордо и достоинствено го славиме денот на Армијата – 18 август. […]