Левица ги обвинува СДСМ и ДУИ дека воделе „антиевропска политика“


 

Време е за качување на европскиот воз. Па дури и за Левица.

Коментирајќи го извештајот на Европската комисија, Левица преку соопштение тврди дека државата не постигнала никаков напредок во повеќе обасти и дека Македонија тапка на нејзиниот евроинтеграциски пат. И дека министрите Османи и Маричиќ само шетале низ Европа за да ги задоволат бугарските барања.

Во соопштението се наведува дека „од извештајот на ЕУ, кон која се стремиме и чиишто вредности се трудиме да ги прифатиме, суштински разбираме дека единствен напредок на оваа Влада е постигнат само во насока на обезличување на македонската нација и потчинување на државата кон странските шовинизми, потврдувајќи дека Владата на СДСМ и ДУИ не само што не води развојна политика, туку напротив, води кон враќање наназад во повеќе области“.

Како посебни сегменти каде што владата водела политика спротивна на ЕУ биле партизираната јавна администрација, судскиот систем, борбата против корупцијата. И особено се потенцира работата на Собранието.