Тренчевска-Тодоровска: Соработка за подобрување на законите и заштитата на жените жртви на семејно насилство


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска одржа средба со претседателката на Националниот совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска. – Националниот совет е наш долгогодишен партнер во подготовка на сите политики, закони и стратешки документи, како и наши партнери во спроведувањето на услугите кон жените жртви на насилство. Денешната посета ќе ја искористиме […]

Градинките ќе имаат греење зимава


Градинките во земјава нема да останат без греење зимава, а можат да ги плаќаат и сметките за електрична енергија, затоа што нивната тарифа е како за домаќинствата, односно не користат индустриска струја. „Ќе има греење во градинките како и во сите останати институции. МТСП е одговорно, преку блок дотации за покривање на платите на сите […]

Најмногу дожд на Попова Шапка


  Најмногу дожд во 24 часа е наврнат на Попова Шапка, 44 литри на квадратен метар, според мерењата во 8 часот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Пожаране има 33 литри воден талог на квадрат, 31 во Маврово, 29 во Тетово, 21 во Лазарополе, 19 во Крива Паланка, 18 во Скопје-Зајчев Рид, 17 во Куманово, […]

Уставниот суд ќе расправа за четири иницијативи за оценување уставност и законитост


  Уставниот суд денеска ќе ја одржи 30-та седница на чиј дневен ред се четири иницијативи за оценување на уставност и законитост. Уставните судии ќе расправаат за уставноста и законитоста на член 146 став 2 и став 3 од Законот за парничната постапка, на Одлука на Совет на Општина Ново Село од 03.02.2022 година, на […]

Во Собранието закажани седници на четири комисии


  Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници треба да одржат четири комисии. Во 10 часот е закажана 44-тата седница на Комисија за финансирање и буџет, со една точка на дневен ред: Предлог – завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, со Конечен извештај на овластениот државен ревизор за извршена […]

Облачно со дожд, грмежи и ветер


  Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и […]

Пендаровски: Војната во Украина донесе енергетска криза и безбедносни предизвици


Безбедносните прашања секогаш биле важна тема, а неизбежно, најактуелно безбедносно прашање на денешнината е руската агресија врз Украина која тектонски ја поремети стабилноста на Европскиот континент кога мислевме дека по падот на Берлинскиот ѕид сме навлезени во период на долгорочен мир и стабилност. Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски во видео обраќање со кое ја […]

Отворен Балкан има голема поддршка, изјави Забрчанец за „Политика“


  Координаторот за иницијативата Отворен Балкан, Марјан Забрчанец, изјави за белградска „Политика“ дека овој проект има голема поддршка меѓу македонските граѓани, наведувајќи ги резултатите од анкетата на Фондацијата „Конрад Аденауер“. „Овие денови во РСМ излезе нова анкета за истражување на јавното мислење, според која Отворен Балкан ужива поддршка на 67 отсто од населението, 16 отсто […]

Герасимовски: Разгледуваме опции за формирање претрпијатие за производство на струја


Општина Центар отпочна со наоѓање решенија за високите цени за електрична енергија. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, вечерва во Топ Тема на Телма телевизија изјави дека општината разгледува можности за формирање на сопствено претпријатие за производство на електрична енергија. „Општина Центар формираше комисија со цел да направи физибилити студија која треба да ги утврди […]

За 20 односно 60 отсто поскапуваат водата и комуналиите во Прилеп


Цената на водата се зголемува за 20, а на комуналиите во просек за 60 отсто. Ова се одлуки на прилепските јавни претпријатија кои ги доставија до општинскиот совет. Зголемените цени се за октомвриските сметки кои прилепчани ќе ги добијат во ноември. И во двете претпријатија „Водовод и канализација“ и „Комуналец“ посочуваат дека причина за зголемувањето […]

Домот за стари лица во Берово ќе го прошири капацитетот за уште 28 корисници


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска потпишаа договор за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општината. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, воедно бил потпишан и договор за групни набавки и реконструкција на Домот за стари лица „Иван Влашки“ […]

РКЕ: Обврската за испорака на парно е до издавање лиценца на нов вршител на дејноста


Обврската за вршење јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца, во случајов нов вршител на дејноста, велат од Регулаторната комисија за енергетика РКЕ, откако БЕГ дистрибуција денеска соопшти дека нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона. Од РКЕ истакнуваат дека вршењето на јавната […]

Владата смирува, парно за скопјани ќе има


  Владата на Република Северна Македонија континуирано презема мерки за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Во овој момент се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука на Владата за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска […]

Нови 96 случаи на Ковид-19, починале четири лица во последните три дена


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.09 до 26.09.2022): Направени се 962 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 66, Куманово – 5, Велес – 4, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Битола и Штип – по […]

Скопје Сити Мол слави 10 години – Забава, концерти, попусти и шопинг за сите возрасти!


Со голема роденденска прослава и огромни попусти како што и доликува на најомилениот трговски центар во главниот град, Скопје Сити Мол го одбележува десетгодишниот јубилеј. Со концерти и забава прилагодена на различни вкусови и возрасни групи, Скопје Сити Мол ќе ги прослави првите 10 години од своето постоење. Од огнено шоу, огромни маскоти, фотобут за […]

Дуковска: Сиромашните луѓе буквално изоставени од мерките за намалување на загадувањето


Најсиромашната група на луѓе со месечни приходи до 25 илјади денари во семејство се буквално изоставени од мерките за намалување на загадувањето, а најбогатите луѓе со месечни приходи над 40 илјади денари се најголемите загадувачи заради тоа што тоа го прават по избор и не заради неможност, и кај нив најмногу треба да се влијае […]

Отворена градинката „Пеперутка 3” во населбата Драчево


Нова градинка, со капацитет од 100 деца, беше отворена денеска во Драчево. -Во оваа градинка ќе бидат згрижени над 100 дечиња, пред сѐ од овој дел на општината. Ние сме свесни дека раниот детски развој е многу важен и како локална самоуправа се грижиме да ги обезбедиме сите услови за правилен понатамошен развој на секое […]

Италијанците со донација ги облекоа припадниците на шумската полиција


Денеска, во кругот на касарната Ѓорче Петров во Скопје, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во присуство на италијанскиот амбасадор,  Андреа Силвестри и воениот аташе за одбрана на Италија,  Стефано Анџиони,  ја прими огромната донација на униформи и опрема од италијански карбинери, наменета за шумската полиција. Постапката за оваа огромна донација започна во декември […]

Посебен режим на сообраќај за вечерашниот фудбалски натпревар во Скопје


Посебен режим на сообраќај денеска ќе има на сообраќајниците во близина на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје поради фудбалскиот натпревар на репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија од Лигата на нации што почнува во 20.45 часот.   Министерството за знатрешни работи соопшти дека Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки […]

Се бара зголемување на блок дотациите за училиштата за наставата да не биде онлајн


Градоначалниците од неколку општини се отворено против затворање на училиштата и воведување онлајн настава за учениците поради енергетската криза, по дискусиите во јавноста дека најдобро би било зимскиот распуст да трае два месеца, а летниот еден и во студените месеци училиштата да работат онлајн со цел да се заштеди енергија за топлење и за осветлување. […]