Се посвојуваат станици за следење на аерозагадување


Зелен хуман град дава 32 станици за следење загадување во Скопје, на посвојување.

Колку и чудно да звучи ваквата констелација на зборови, сепак тоа е вистина, затоа што преку Градот не им даваат да ги постават овие станици, па смислиле да ги постават волонтерски.

Еве што велат во објавата: „Дечки и девојки од Скопје, во процес сме на добивање донација од најмалку 32 нискобуџетни станици за следење аерозагадување од неколку граѓани и фирми! Со ова ќе може да го покриеме Скопје со станици, посебно во делови каде што нема податоци!
Сега ни се потребни волонтери кои поседуваат објект (куќа, стан, канцеларија), каде ќе може да ги поставиме овие станици. Станиците се мали, се поставуваат ПВЦ цевка и имаат потреба од струја и стабилна WiFi мрежа. Локацијата треба да е на приземје или 1/2 кат најмногу, не погоре.
Доколку имате можност да „посвоите“ ваква станица, потребни ни се вашите податоци, како и податоците за локацијата: https://forms.gle/qovRAZ4iy15L1v9u7
💚 Да помогнеме со лоцирање на изворите на загадување!
💚 Да помогнеме да знаеме што дишеме!
💚 Посвој станица!

пс. Штом не може да добиеме дозвола од институциите преку Градот да ги поставиме овие станици, тогаш ќе го направиме тоа волонтерски!“, велат од Зелен хѕман град.