„Чешмата убиец“ одзеде десетина животи на битолчани во последните 15 години


  БИТОЛА – „Чешмата убиец“ во месноста Кисела Вода крај Битола, од која тече минерална вода во последните две децении зеде десеттина животи на битолчани. Од млади матуранти до  средовечни граѓани. Последните жртви се двајца возрасни браќа од Битола, за кои велат дека  редовно полнеле вода од изворот кој одвреме навреме испушта смртоносен гас – […]

Пак дојава за бомба, евакуирани учениците од девет средни училишта во Скопје


Учениците во втора смена од средното училиште „Владо Тасевски“, но и „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“ и „Марија Кири“ во Скопје ги напуштаат училиштата по дојава за бомба. Полицијата е веќе на терен, а улиците во центарот на Скопје, како и во Аеродром и другите општини се празни.  – Денеска во СВР – […]

Со медиумска писменост во високото образование до поуспешна борба против дезинформациите


Медиумската писменост е важна за секој граѓанин, таа особено е значајна за студентите на Филолошкиот факултет кои еден ден стекнатите вештини за борба против дезинформациите, од високото образование ќе ја пренесат во основното и средното, истакнаа учесниците на денешената панел дискусија одржана на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во рамки на одбележувањето на Деновите […]

Тројца починати од Ковид-19, а регистрирани се нови 68 случаи


Регистрирани се 68 нови случаи на Ковид-19 од направени 659 тестирања во последните 24 часа. Оздравени се 40 пациенти, а пријавени се тројца починати. Како што информира Министерството за здравство, најмногу нови заразени има во Скопје – 50, Прилеп – 5, Кавадарци и Штип по 3, Куманово, Битола и Велес по 2 и Кичево – […]

Зимското сметање на времето почнува ноќта меѓу 29 и 30 октомври


Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (29 октомври) и недела (30 октомври) ќе преминат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува секој […]

Алиу: Образовниот потенцијал е средиштето на глобализацијата на Балканот


Заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу присуствуваше на петтото издание на Меѓународната научна конференција за Балканологија на тема „Балканот и Глобализација“. Во своето обраќање, како што информираат од Министерството, Алиу говорел за трансформацијата на Балканот во заедница на можности за слободна комуникација и соработка меѓу луѓето кои живеат на овие простори. – И […]

До крајот на неделата одлука за снабдувањето со струја на училиштата и јавните претпријатија


До крајот на неделата Владата ќе донесе одлука за поддршка на основните и средните училишта, како и на јавните комунални претпријатија во снабдувањето со струја. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, поддршката ќе се реализира преку ЕСМ продажба. Целта на поддршката на комуналните претпријатија, повтори Бектеши, е да нема поскапување на водата […]

ССМ утре одлучува за штрајк во „Водовод“, од Матовски се бара оставка


Состојбите во скопски „Водово и канализација“ ексалираат, по повеќедневни повици од Сојузот на синдикати на Македонија, да биде разрешен вонредниот директор, Марјан Матовски, а за утре закажан е состанок на синдикатите на кој ќе се одлучува за штрајк во ова претпријатие. Денеска, ССМ обвини дека директорот на „Водовод и канализација“, Марјан Матовски, има пресуда, откако […]

СДСМ им подели примероци од договорот за Фронтекс на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица


  Пратениците од СДСМ на денешната седница за пратенички прашања им поделија печатени примероци од договорот со ЕУ за Фронтекс, на пратниците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, потпишан на македонски јазик и без додавки и побараа да им се извинат на граѓаните и пратениците. „Јас мислев дека се јавивте за повикот да им се извините и […]

Стабилно и претежно сончево време и во наредните денови


Продолжува периодот на стабилно и претежно сончево време. Утринската температура за време на викендот наместа ќе се спушта под нулата, соопшти УХМР. Утринските температури до среда ќе бидат во интервал од минуст 2 до 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 26 степени.

Изработена е студијата за воведување уставна жалба


Претставници на Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) го посетија Уставниот суд и остварија средба со претседателката на Судот, Добрила Кацарска. На средбата организирана на барање на ИРЗ, претставниците на германската фондација информираа дека е подготвена студијата за воведување на уставна жалба во Република Северна Македонија. Имено, се работи за студија изработена од германски експерт,  […]

Не е избран ниту еден од кандидатите за јавни обвинители


Советот на јавните обвинители  не избра ниту еден од шестемина пријавени кандидати јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје. Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, на денешната 67 седница информира дека биле пријавени шест кандидати: – Милица Гаврилова, од ОЈО ГОКК Скопје, која е оценета позитивно со […]

Сали: Потребна е соработка со цел да се обезбедат услови за елиминација на вирусниот хепатитис


„Јас не можам да чекам“ е мотото под кое веќе две години се одбележува процесот на елиминација на хепатитис, со цел да се нагласи потребата од зајакнување на борбата против вирусниот хепатитис и навременото тестирање и лекување, како најзначајниот фактор на ризик за појавата на рак на црниот дроб, истакна министерот за здравство Беким Сали […]

Промовирање на авантуристичкиот туризам во Западен Балкан


Од денеска до 29 октомври во Охрид, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и регионалниот проект на УСАИД за Економски развој, управување и раст на претпријатијата заеднички ќе бидат домаќини на тридневен регионален собир за развој на авантуристички туризам во државите од Западен Балкан. На конференцијата ќе присуствуваат туроператори кои работат со авантуристички туризам и […]

Отворена изложбата „И јас сум тука“ во штипскиот Центар за култура


Изложбата на фотографии, насловена „И јас сум тука“, синоќа беше отворена во „Галерија 22“  при Центарот за култура  „Ацо Шопов“ во Штип. Aвторите Сребра Ѓорѓијевска и Тоше Огњанов велат дека изложбата е кохезија на приказни на лицата со посебни потреби и вклучува дваесет лица од повеќе градови од државата со чија активност е креиран резултатот […]

Почна пилот иницијатива за телемедицина со нови уреди за далечинско следење на здравјето


Министерството за здравство денеска почна пилот-иницијатива за телемедицина откако Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) обезбедија педесетина уреди за следење на здравјето од далечина кои ќе им овозможат на лекарите да вршат физички прегледи од далечина. Уредите ќе им бидат обезбедени на ранливите семејства и ќе […]

Завршни работи на пешачката патека во Мралино во должина од 700 метри


Градежните активности во Општина Илинден продолжуваат да се одвиваат со интензивно темпо, финишира изградбата на пешачката патека во н.м. Мралино во должина од 700 метри. Денеска увид во градежните работи на овој значаен проект направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во разговор со граѓаните тој истакна дека пешачката патека е од голема важност за […]

Карванот „Собрание за граѓаните“ денеска во Гевгелија


Стекнување со знаења за работата на Собранието, историјата на парламентаризмот, законодавната постапка и други теми од работата на институцијата, како и средби со пратениците од општините се дел од парламентарниот карван што денеска е во Гевгелија. Освен едукативна, активностите имаат за цел зголемување на транспарентноста и отчетноста на Собранието. Како што информира собраниската прес-служба, карванот […]

Советот на јавните обвинители ќе ја одржи 67-та седница


  Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ќе ја одржи 67-та седница на која, како што е најавено, ќе треба да гласа за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје. Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, за МИА појасни дека ќе се гласа […]

Сончево и топло, до 26 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала, а на југоистокот со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје сончево со мала облачност и слаб ветер од северен правец. Минималната температура […]