За десетина дена во владина процедура ќе биде новиот Закон за вештачење


За десетина дена во владина процедура ќе биде новиот Закон за вештачење, кој подолго време се подготвува, најави денеска министерот за правда Никола Тупанчески, посочувајќи го како добра алатка и излезно решение за сите недостатоци и дефекти кои што во моментот се случуваат, а се поврзани со таа сфера. Тупанчески, во изјава за медиумите по […]

Сојуз на средношколци: МВР брзо да ги расчисти случаите, заканите мора да бидат сериозно сфатени


Министерството за внатрешни работи максимално да се посвети на потрагата по чиновниците и брзо разрешување на ситуацијата, за повторно да може да имаме непречена и безбедна настава. Овие закани мора да бидат сфатени сериозно имајќи ја предвид  безбедносната состојба во земјата и светот, апелира Сојузот на средношколци откако втор ден по ред имаше пријави за […]

Основниот кривичен суд Скопје доби уште една целосно опремена судница со ИКТ опрема


Основниот кривичен суд Скопје доби уште една целосно опремена судница со ИКТ опрема, со што заврши проектот за опремување на пет судници во различни основни судови низ државата со дигитални алатки со кои се подобрува транспарентноста и ефикасноста во работата на судовите. Во рамки на оперативниот план за дигитализација на правосудството, со поддршка на Мисијата […]

Амбулантата Бит пазар и околината утре и задутре без вода


Поради уличен дефект на цевка со пречник од 600 милиметри на булеварот „Крсте Мисирков” пред амбуланта Бит пазар -Скопје утре и задутре од 10:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од амбуланта, зградата на Вардар Мебел, а намален притисок ќе имаат корисниците на дел од булеварот „Крсте Мисирков”. Како што информираат од ЈП „Водовод и […]

Се санира оштетениот плочник на улица „Македонија“


Екипите на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје по налог на Град Скопје деновиве интензивно работат на санација на плочникот на улица „Македонија“ на потегот од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до крстосницата со улица „Даме Груев“ во центарот на градот. Како што информираат од Град Скопје, на овој потег на улицата „Македонија“ се врши […]

Ковачевски за починатиот Глигоров: Неговите анализи се патоказ за економските политики


  Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, испрати сочувство до семејството на Владимир Глигоров. Познатиот економист и политиколог почина ненадејно синоќа во Виена на 78-годишна возраст. Владимир Глигоров е син на првиот македонски претседател Киро Глигоров. „Д-р Глигоров беше познат политиколог и економист чии што истражувања имаа придонес во политиките на државите во регионот. Неговите анализи во […]

Средношколци од „Васил Антевски – Дрен“ вршеа едукација во јавниот превоз


Под мотото „Патуваме заедно, учиме одговорност, сигурна безбедност“, триесетина ученици од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ во текот на вчерашниот ден се возеа на повеќе линии од јавниот превоз и им помагаа на старите и изнемоштени лица и на мајките со мали деца при користење на превозот. Ова беше само дел од акцијата по иницијатива […]

Министерот Сали ќе го посети вакциналиот пункт во Центарот за јавно здравје-Скопје


Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе го посети вакциналниот пункт во Центарот за јавно здравје Скопје (амбуланта Пролет), каде се одвива имунизацијата против сезонски грип. На 19 октомври почна бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи население во центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите. Како што соопшти […]

„Секој куршум има мета“ – настан за подигнување на свеста за опасностите од употреба на оружје


Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Општина Липково денеска го организираат настанот „Секој куршум има мета“ во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје. Настанот ќе се одржи во спортската сала на […]

Почна мониторингот на дива коза во Националниот парк „Галичица, првично регистрирана една единка


  Два тима на Националниот парк „Галичица“ и Македонското еколошко друштво реализираа активност за следење на диви кози (Rupicapra rupicapra balcanica) на територија на националниот парк. Климент Нанев, соработник за живеалишта и видови во НП „Галичица“, информира дека на теренските активности биле воспоставени трансекти, точки за набљудување, но и дека била забележана само една дива […]

Сончево и топло, температура до 24 степени


  Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени. Во Скопје, слично време со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а […]

Дел од Карпош, Сопиште и Чучер Сандево утре ќе останат без струја


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 28.10.2022 година (петок), без електрична енергија ќе останат: 08:30 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. Гиго Михајловски. (Општина Карпош) 09:00 до 14:00 часот, корисниците од […]

Спасовски: Знаеме од каде се пратени мејловите за лажните пријави за бомби


  Знаеме од каде се пратени мејловите за лажните пријави за бомби во училиштата и интензивно работиме со цел да дојдеме до сторителот, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Ќе се анализираат причините и ќе дознаеме зошто е тоа така. Дали се политички, дали се геостратешки, можеби и бизнис причини. Во оваа […]

Почина економистот и политиколог Владимир Глигоров


  На 78-годишна возраст денеска во Виена ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија. Глигоров е роден во Белград каде ги завршил основните и магистерските студии, а докторирал во 1977 година на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк. Работел на Универзитетот во Белград, на Институтот за економски […]

Лажни се пријавите за бомби во сите девет училишта


Министерството за внатрешни работи ги направило сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат оттаму. – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на […]

Ковачевски: Работна група изнаоѓа решение за признавање на дипломите од медресата „Иса бег“ на универзитетите во земјава


Не постои конфликт помеѓу пратеници од СДСМ и ДУИ по однос на прашањето за признавање на дипломите на средното верско училиште „Иса бег“ за упис на македонските универзитети, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашање на пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците дали и кога на матурантите од медресата ќе им биде овозможено […]

Пендаровски и неговата сопруга се сретнаа со членки на Здружението за помош и поддршка на болни од крцином „Љубов сме – Jemi dashuri“


Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска денеска имаа средба со членки на Здружението за помош и поддршка на пациенти кои се лекуваат од карцином  „Љубов сме – Jemi dashuri“ и здравствени работници од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Посетата се организира по повод Октомври – месецот за подигање на свеста за борба […]

Лажни се пријавите за бомби во три училишта, за останатите се уште се прави проверка


До сега во три училишта се завршени проверките и утврдено е дека е лажна пријавата за поставена бомба, а проверките во останатите училишта се во тек, соопштија од Министерството за внатрешни работи за МИА, информирајќи за случајот за денешните пријави за бомби во девет скопски училишта. Претходно денеска, околу 14:00 часот во СВР Скопје беше […]

Ковачевски: Никој нема да биде оставен сам да се справува со економско-енергетската криза


Заедно со последниот пакет антикризни мерки кој изнесува 360 милиони евра во текот на оваа година вкупниот пакет антикризни таргетирани мерки за најранливите категории граѓани и за одржување на ликвидноста на компаниите изнесува 800 милиони евра, рече премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања. Мерките се донесени низ длабоки анализи и во консултации со […]

Во Слупчане ќе учат дека “секој куршум има мета“


Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Општина Липково организираат настан во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје (МЛО). Настанот ќе се одржи на 28 октомври воспортската сала на основното училиште „Фаик Коница“ во село Слупчане. Пред присутните […]