Утрово, нови дојави за бомби во 15 училиштата во Скопје


Фото; Б. Грданоски

Утрово, повторно пристигнале закани за поставени бомби во училиштата во Скопје. 

Според ученици од гимназијата „Орце Николов“, по примената дојава за поставена бомба во просториите на учулиштето, учениците и вработените се евакуираат. Дојава има и во „Владо Тасевски“.

На местото се припадници на антитерористичката единица кои со детектори и со кучиња ја пребаруваат зградата.

– Денеска (14.12.2022) околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – велат од полицијата.
 

Мината недела, покрај дојавите за бомби во училиштата, имаше дојави и за неколку трговски центри, државни институции, станбени згради и Транспортниот центар.

Неделно по две до три дојави за бомби се испраќаат на адресите на училиштата и институциите веќе три месеци.