Здружението Антикоцкање од Тетово бара референдум за отстранување коцкарници од населени места
Професорот по правни науки Ќебир Авзиу објасни дека ако Oпштина Тетово организира ваков референдум, тоа нема да има облигативна обврска за Владата и Собранието бидејќи државата е со унитарен карактер и законите важат на цела територија. Според него, поважно е што ќе започне процес за кој смета дека ќе има поддршка и од другите општини и градови.
– Факултативен референдум може да распише Советот на Општина, меѓутоа, ние знаеме дека тоа не е од обврзен карактер за Владата и за државата, но сметаме дека индиректно ќе има позитивно влијание. Верувам дека многу граѓани ќе одговoрат со негативен одговор и дека не сакаат да имаат игри на среќа во населеното место. Сметаме дека колку-толку ќе се прати една порака до другите општини, до другите граѓани да почнат да организираат вакви референдуми и кога на цела територија на државата ќе се организираат огромен број референдуми против, тогаш ќе размисли добро Владата дали ќе биде за отворање казина. Целта е тоа, да се организира ваков референдум, од факултативен карактер, меѓутоа ќе влијае позитивно и во наша територија и на ниво на држава – рече професорот Авзиу.