Состојба на патиштата


ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на […]

Oд утре леб и за 32 денара, поевтини млечни производи по Нова година


Дел од пекарниците најавуваат дека од утре, 1 декември, граѓаните ќе може да купуваат леб и за 32 денара. Во наредниот период, како што велат за МИА, ќе има корекција и на цените на другите пекарски производи, веројатно за околу 10 проценти. Снижувања за над 10 отсто се можни и кај месните производи доколку Владата […]

Пенов и Касами ќе потпишат договор за проект за заживување на занаетите


Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов денеска ќе одржи средба со градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, а целта е потпишувањe договор за кофинансирање на проектот на ИПА Прекугранична програма со Косово 2014-2020 – „Заживување на занаетите и градење култура за заеднички туристички развој”. Во рамки на проектот e предвидена инвестиција од над 300 илјади […]

Автентична храна и музика од Босфорот во Скопје


Спој од оригинални гастрономски специјалитети и традиционална музика кој ќе ја пренесе оригиналната атмосфера на Босфорот во Скопје, вака е најавен „Автентичниот вкус на турската кујна“ – настан што ќе се одржува од денеска до 3 декември годинава во главниот град. Домаќин е хотелот „Лимак“, а за автентичноста на настанот ќе се погрижат врвни готвачи […]

Повремени врнежи од дожд, а на планините од снег


Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени. Во Скопје ќе биде облачно […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 30 ноември 2022 година, 334-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 31 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 41 минути, а ќе зајде во 16 часот и 4 минути. Денов трае 9 часа 22 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее 12 […]

Одлука на Владата за реконструкција на две основни училишта во Куманово


 На предлог на Министерството за образование и наука, Владата денеска на седница разгледа и усвои Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за градежни работи за реконструкција на објектите на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“ во Куманово, како и услуги за вршење на стручно-технички надзор врз реконструкција. – Притоа беше задолжено Министерството за […]

Арсовска: Не се преговара со луѓе што уценуваат


 Не се преговара со луѓе што уценуваат и навредуваат и кои тоа го прават зашто вистината не е на нивна страна. Нема да се подлегне на закани и уцени, рече градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за тоа дали ќе има договор со приватните превозници кои дадоа рок до петок или повторно ќе го блокираат сообраќајот […]

Владата го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот за безбедност со храна во Западен Балкан


 Владата на денешната седница го разгледа и усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на механизмите за безбедност со храна во Западен Балкан предложен од Министерството за надворешни работи. Со овој Договор, членките на иницијативата Отворен Балкан ја потврдуваат неопходноста од соработка за спречување и ублажување на потенцијалниот недостиг од основни земјоделско-прехранбени […]

Опожарени три контејнери кај Бит пазар – третпат годинава


Непознати сторители вечерва опожарија три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на Бит Пазар. Опожарените контејнери беа со зафатнина од 3,2 м3 и се целосно уништени и неупотребливи. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад,  ЈП „Комунална хигиена“-Скопје опожарените садови веднаш ги […]

По Фетаи, се повлече и Рустеми – Хајрулахи без конкуренција за шеф на Вишото обвинителство


Од тројцата кандидати кои сакаа да седнат на шефовското столче во скопското Вишо јавно обвинителство остана само еден – постојниот вршител на должност, Мустафа Хајрулахи, објави „Призма“. Откако пред десетина дена се откажа обвинителката Фатиме Фетаи, барање за повлекување од изборот поднел вишиот јавен обвинител Бурим Рустеми, потврди за „Призма“ претседателот на Советот на јавните […]

Промовиран проектот „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“


Локалните власти имаат клучна улога во пренесувањето на законите и на правилата од Европската Унија и дури 70 проценти од оваа одговорност паѓа на локалната власт, истакна денеска евроамбасадорот Дејвид Гир за време на промоција на проектот „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“ и форумот за можностите и предизвиците на јавното – […]

Сите сервиси на веб страницата на Катастарот во функција по добивање на безбедносните лиценци


  Дел од услугите на веб страницата на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) по минатомесечниот кибер напад на дел од аликативната катастарска инфраструктура се делумно  возможни поради активности за зголемување на безбедноста на ИТ системите, но функционира она што е важно за граѓаните и приофесионалните кориснции, тврди директорот на АКН Борис Тунџев. Тој денеска […]

Судот му даде рок до 5 декември на Бирото за супервештачењето за Ласкарци


 Претседателот на судечкиот совет кој го води предметот со К.бр. 1407/19, поврзан со автобуската несреќа која се случи кај селото Ласкарци и претседателот на Кривичниот суд, денеска остварија средба со претставници и роднини на оштетените лица во случајот. Надлежниот судија и претседателот, како што информираат од Основниот кривичен суд, се согласни со претставниците на оштетените […]

Подготвена тендерската документација за системот за управување со отпад во источните и североисточните региони


 Подготвена е тендерската документација за инфраструктурниот проект „Воспоставување на интегриран самоодржлив регионален систем за управување со отпад во источните и североисточните региони“, финансиран од ИПА 2 Секторска оперативна програма за животна средина и климатска акција, информираше министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Како што рече, планирано е до крајот на неделава да […]

Нуредини: Со парите од Фондот за управување со отпад ќе се набават 5.000 контејнери


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСП) ја подготвува Програмата за финансирање на управување со посебни текови на отпад, која е креирана за враќање на средствата собрани од надоместокот за биоразградливи кеси за транспорт на стока во проекти за животна средина. До крајот на годинава се очекува да бидат собрани вкупно 120 милиони денари, информираше […]

Сослушани сведоци од „Дигитал Медиа лаб“ за случајот „Софтвери“


Двајца сведоци, директор и вработен во „Дигитал Медиа лаб“, денеска сведочеа на судењето за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски Сведокот Александар Пејчиновски, директор на „Дигитал Медиа лаб“, рече дека софтверот го набавил од факултетот ФИНКИ, а хардверската опрема од ГВЦ системи. Прашан кој ја креираше понудата за […]

УПОЗ бара правична и праведна распределба на средствата за сите вработени во судовите


Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) бара од Судскиот буџетски совет веднаш да ја повлечат одлуката донесена на вчерашната седница, со која на судиите и членовите на Судскиот совет ќе им се исплатат најмалку по 12 илјади денари, а на вработените во судовите по 500 денари за додатоци на […]

По две години, конечно ќе профункционира судницата во близина на КПУ „Идризово“


Министерството за правда, испрати покана за официјалниот почеток на функционирањето на најголемата судница во државата во Идризово, што треба да се случи во среда. На настанот ќе се обрати министерот за правда Никола Тупанчески. Ова е најголемата и најопремената судница во РСМ со судска сала од 290 м2. Вкупната вредност на објектот изнесува 1,3 милиони […]

Тунџев вели дека катастарските услуги поскапеле „само“ за 25 до 30 проценти


 Цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности  (АКН) во просек се зголемени за 25 до 30 проценти со стапувањето во сила на новите тарифници. Причина за поскапувањето е сублимирањето на услугите од петте тарифници во два, како и зголемените трошоци за електрична енергија и за одржување на катстарските ИКТ системи, информираше денеска на […]