АХВ: Се повлекуваат сетовите чинивчиња за деца од бамбус


Врз основа на добиена нотификација преку РАССФ системот (со број 2023.00120), а по извршена инспекциска контрола, се отповикуваат и повлекуваат од пазарот бамбус чинии, бамбус чашки, длабоки чинии, чинии со прегради и сетови на производителот ДОРЕЛ од Франција. Увозник во РСМ: БЕБЕ ХОУМ ВИБ ДООЕЛ, Скопје, сооштија од АХВ.

Агенцијата за храна и ветеринарство од македонскиот пазар повлекла сет производи од бамбус, поради потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Производител на овие чинии и чашки е ДОРЕЛ од Франција, а увозник во Македонија е БЕБЕ ХОУМ ВИБ ДООЕЛ од Скопје. Причината за отповикување е небезбезбедноста на сетот производи.

-Ги информираме потрошувачите дека врз основа на добиена нотификација преку РАССФ системот (со број 2023.00120), а по извршена инспекциска контрола, ги отповикуваме и повлекуваме од пазарот следните небезбедни производи: бамбус чинии, бамбус чашки, длабоки чинии, чинии со прегради и сетови. Причина за отповикување е небезбедни производи изработени од бамбусови влакна, со потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Увозник во РСМ: БЕБЕ ХОУМ ВИБ ДООЕЛ, ул. „Рампо Левката“ бр.6 Скопје, а производител –ДОРЕЛ Франција. Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи, не треба ги користат или да ги вратат на местото од каде се купени – информираат од АХВ.