Под мотото „Солидарност преку волонтирање“ се одбележува Светскиот ден на волонтерството


Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска под мотото „Солидарност преку волонтирање“ го одбележува Светскиот ден на волонтерството – 5 Декември. Од Црвен крст информираат дека оваа година го одбележуваат 5 Декември со оваа мото со цел да се оддаде признание за придонесот на волонтерите и да се подигне свеста за значењето на хуманоста како […]

Спасовски: Тешко е да се обезбедат сите докази за дојавите за бомби бидејќи домените се од други држави


Министерството за внатрешни работи денеска поднесе една кривична пријава за дојавите за бомби во училиштата. Направени се проверки во училиштата, остана уште едно, каде проверките се при крај, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање по поднесената кривична пријава за малолетник кој испратил една од лажните дојави за бомби во […]

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста


  Од полноќ поевтинуваат бензините од еден денар до денар и половина. Цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 денари, а за еден денар на ЕУРОСУПЕР БС-98. За еден денар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, а  малопродажната цена […]

Заврши пријавувањето за субвенциониран студентски оброк


Министерството за образование и наука информира дека на 3 декември заврши рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, кој траеше од 25 ноември. Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на посебна комисија формирана за оваа намена, откако ќе пристигнат податоците за апликантите кои се бараа согласно повикот, а кои ги обезбедуваат […]

МНР ќе го организира транспорт на посмртните останки на починатата Македонка од Јужна Африка


По добиените информации за почината државјанка на Република Северна Македонија (М.Ј.) во Јужноафриканската Република, Министерството за надворешни работи преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапило во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле потврда за трагичниот настан. -Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на […]

Лажни пријавите за бомби во кавадаречки училишта


Лажни биле пријавите за бомби во кавадаречки училишта, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев. – Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Кавадарци, дека на електронските адреси на училиштата, била испратена закана за поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените […]

Јапонија донира нов ехо-апарат вреден 54.094 евра во општата болница Куманово


Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Савада Хиронори, присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во Јавната здравствена установа (ЈЗУ) Општа болница Куманово. Церемонијата беше организирана од страна на градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, и директорката на ЈЗУ Општа болница Куманово, Снежана Захариева, во знак на благодарност за донацијата. Со овој проект Јапонија овозможи ЈЗУ Општа […]

Еко-свест: Од оваа криза треба да научиме дека е крајно време за енергетска транзиција на државата


Децении чекаме да се случи енергетската транзиција и гледаме само години изгубени во неинвестирање, со планови и акции без видливи резултати во животната средина, за државата и граѓаните. Доцниме со инвестициите и 30 години скоро ништо не е направено во секторот енергетика. Имаме проблем со спроведување на нашите обврски, но и обврските што сами сме […]

Засаден овошниот парк во Гази Баба


Во општина Гази Баба денес се оформи првиот овошен парк со засадување на 75 овошни сертифицирани садници, информираше градоначалникот на Општината, Бобан Стефковски. -Во рамките на платформата Take green actions и спроведување на кампањата Зелен лист Воздух чист, во соработка со Факултетот за земјоделски науки, храна-Скопје и компанијата ДС Смит-Скопје го оформивме овој парк. Во […]

Иноваторот Ангелков има решение за заканите со бомби во училиштата


По заканите за бомби во пет кавадаречки училишта изутринава, се огласи професорот, иноватор Димитрија Ангелков од средното електро-машинско училиште во Кавадарци, кој смета дека постои решение за надминување на проблемот.   – Решение за дојавите е многу едноставно користење централизиран имејл сервер, на кој ќе бидат пријавени сите дигитални сертификати издадени од телеком и кибс. […]

Дамева по изборот за претседател на Судскиот совет: Нема место и втора шанса за корумпиран судија


  Новоизбраната претседателка на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева порача дека злото наречено корупција мора да се сузбие и дека нема место и втора шанса за корумпиран судија. Дамева, нагласи дека како претседател на Судскиот совет ќе работи и ќе се труди за исполнување на препораките од Извештајот на Европската Комисија. – […]

Зоран Герасимоски поднел оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители


  Членот на Судскиот совет на Република Северна Македонија Зоран Герасимоски поднел неотповиклива оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители. Герасимовски, ова го соопшти на почетокот на денешната седница на Судскиот совет, на чиј дневен ред е избор на претседател на Судскиот совет и се иззема од гласањето за избор […]

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


  Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2022 година. – Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и […]

Весна Дамева е нов претседател на Судски совет


  Весна Дамева е нов претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Како единствен предлог Дамева, на денешната седница беше изгласана со десет гласа „за“ и еден „против“. Изборот на Дамева, доаѓа откако Павлина Црвенковска минатата недела, на неколку месеци од истекот на мандатот поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет. По […]

(Видео) Блокадата на Скопје од приватните превозници може да се прошири и на други крстосници


Приватните автобуски превозници денеска од шест часот наутро повторно поставија блокади на неколку главни точки во главниот град, а за следните денови најавија блокада, која може да се прошири и на други крстосници. Проследете ја изјавата на Ленин Јовановски од „Слобода превоз“: „Изразувам жалење што денеска приватните превозници, по неколку обиди да се договорат до […]

Mеѓународната конференција e-Општество.мк на тема „Кибер отпорност за слобода и безбедност“ во Скопје


Фондација Метаморфозис го организира 18. издание на меѓународната конференција e-Општество.мк на тема „Кибер отпорност за слобода и безбедност“. Конференцијата ќе се одржи на 6 и 7 декември 2022 година во Хотел Мериот, Скопје, како и онлајн преку платформата ZOOM и Facebook Live на профилот на Фондација Метаморфозис. Конференцијата ќе ја отворат Славјанка Петровска, Министерка за Одбрана […]

Закани за бомби во пет училишта во Кавадарци


 Закани за бомби се добиени утрово во пет училишта во Кавадарци, информацијата ја потврди  Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.   – Денеска околу седум часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта, две средни и три основни во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по […]

Утрово најстудено на Попова Шапка, додека во Демир Капија и Гевгелија измерени девет степени


  Најниска температура утрово имало на Попова Шапка каде се измерени -2 степени, во Маврови Анови и Лазарополе еден степен, во Крушево и Крива Паланка три степени, во Претор четири, во Берово и во Охрид пет степени, во Прилеп, во Тетово и во Виница седум, во Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец шест, во Битола и Куманово […]

Како да се стигне до работа: Сообраќаен хаос во Скопје поради блокадите на автобусџиите


Сообраќаен хаос и утрово во Скопје. Граѓаните мака мачат да стигнат на своите одредишта на време, поради долгите колони на скопските улици. Во најголема мера тоа се должи на протестот и блокадите на приватните автобусџии, но и на градежните работи кои што се одвиваат на повеќе сообраќајници во исто време. Приватните автобуски превозници денеска од […]

Во Скопје посебен режим на сообраќај


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска поради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден“ – од крстосницата на бул. „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“, до крстосницата […]