(Фото) До утре ќе биде отстранета бутик-терасата на „Шејн“


Фото: Б. Грданоски

Сопственикот на бутикот „Шејн“ на улица „Македонија“ во Скопје, кој неколку месеци продаваше гардероба од објект, претходно наменет за летна бачва, денеска сам ќе ја отстранува доградбата. Се очекува до утре бутикот да биде во рамките на внатрешниот објект.

Фото: Б. Грданоски

Инаку, од отворањето на бутикот на почетокот на октомври лани, „Шејн“ продаваше облека од застаклениот дел, кој вообичаено им служи на кафулињата за сместување на пушачите.

Фото: Б. Грданоски

Откако беше забалежано дека овој дел се користи како дополнителен продажен простор, градежен инспектор на Општина Центар беше во објектот и потоа издаде решение со кое му наредува на инвеститорот на доградба на локал на улица „Македонија“ да ја отстрани истата и да го врати локалот во првобитна состојба, информира Општина Центар.

Фото: Б. Грданоски

Потоа дообјаснија дека сопственикот барал продолжување на рокот, по што сам ќе ја отстрани.

За ваквите дополнителни објекти кои заземаат дел од јавни површини, предвидено е сопствениците на локалите да достават елаборат, за површината на заградениот простор, со кој мора да се предвиди и најмалку 2,5 метри за движење на пешаци. Откако елаборатот ќе се одобри се одредува комунална такса која која изнесува 15 денари за метар квадратен од ден.

Од отворањето на бутикот до денеска поминаа речиси три месеци.

Сопственикот на бутикот демантира дека тој ја отстранува терасата

Во врска со Вашата објава на Вашиот ценет медиум каде се пишува “Сопственикот на бутикот „Шејн“ денес започна со отстранување на доградбата на улица Македонија“ би сакале да ја демантираме оваа информација.

Локалот кој го споменувате е во сопственост на друга компанија од која ние го ние го изнајмивме со Договор за закуп, без притоа да ни биде посочено дека не смее да се врши продажба на текстил што не доведе до оваа ситуација.

Нашата компанија и брендот „Шејн“ е странска инвестиција во Македонија, нашите планови се долгорочни а нашите стандарди и вредности по кои се водиме е да се почитува домашната регулатива во целост.

Натписите кои ги прочитавме ги сметаме за тенденциозни и му штетат на угледот на брендот „Шејн“, ние како компанија која се занимава со продажба на текстил неколку пати ја комунициравме општината за решение за ситуацијата во која се најдовме, по што од страна на закуподавецот добивме информација дека сам ќе ја отстрани терасата во средина на јануари а нашиот закуп тука ќе заврши.

Уште еднаш нагласуваме дека „Шејн“ не е сопственик на локалот ниту на терасата и дека без да ни биде посочено во Договорот за закуп од страна на закуподавецот дека не може да се врши нашата дејност.

Сакаме да им се извиниме на нашите потрошувачи и граѓаните за ситуацијата во која се најдовме, но наскоро може да очекуваат дека бутикот „Шејн“ повторно ќе биде достапен во центарот на градот.