Само половина од мерките за реформи во правосудството се целосно спроведени


Од 130-те мерки утврдени во Акцискиот план кои допринесуваат за целите на Стратегијата за реформи во правосудниот сектор, само 52 отсто се спроведени, 34 отсто се делумно спроведени и 14 отсто останаа нереализирани, заклучи Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената проверка на успешност на тема „Ефективност на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017 – 2022 и спроведување на Акцискиот план на Стратегијата“.

– Тоа се должи на несоодветно дефинирање на мерките за остварување на целите, отсуство на мерливи индикатори, нереални рокови, проценети извори на финансиски средства, промена на предвидените мерки и активности за реализација на целите во текот на имплементација, недоволна координација на институциите/надлежните тела и носителите на мерки и активности, што влијание на слабиот степен на реализација на мерките и остварување на општите цели на Стратегијата за ефективни реформичестите изборни процеси, застој на работата на Собранието на РСМ, во правосудниот сектор во предвидениот период. Исто така и објективните фактори на политичкото и социјално опкружување, честите изборни процеси, застој на работата на Собранието на РСМ, имаат влијание на степенот на реализација на одредени мерки – заклучи ДЗР.

Воспоставената правна и институционална рамка за остварување на целите од Стратегијата, според Заводот, делумно функционира како што е предвидено.

– Донесени се прописи, документи потребни за спроведување на целите од Стратегијата, воспоставено e тело надлежно за спроведување на целите со јасно утврдени задачи и одговорности, но истото не функционира во период како што е дефинирано и утврдено во документите, прописите, одлуките, протоколите – се вели во извештајот.

Притоа, утврдени биле слабости кои се однесуваат на пренос на дел од надлежностите на телото надлежно за имплементација на реформите на телото надлежно за следење, евалуација поради што од ДЗР утврдиле дека постои потреба од дополнителни активности во делот на воспоставување надлежни тела со разграничување на надлежностите и функциите на тела за имплементација, за следење и евалуација при реализацијата на Стратегијата со Акцискиот план.

– Постои потреба за навремено утврдување на целисходноста, значајноста на нереализираните и на делумно реализираните мерки од Акцискиот план 2017-2022 година и нивна вклученост во новата стратегија со акциски план за продолжување на реформите во правосудниот сектор за периодот 2023-2027 година – укажуваат од ДЗР.