Зарко Милошевски е нов директор на Агенцијата за национална безбедност


  Владата на денешната седница го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Милошевски на позицијата директор доаѓа од позиција на помошник-директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во Агенцијата за национална безбедност, каде има и претходно повеќегодишно искуство во раководење, организирање и координирање на Одделот, но и во […]

Здружението Антикоцкање од Тетово бара референдум за отстранување коцкарници од населени места


Движењето Антикоцкање од Тетово денеска организира јавна дебата како дел од процесот да се иницира локален референдум со цел да се прашаат граѓаните дали сакаат да се отстранат објектите за игри на среќа од населените места. Тие велат дека овој чекор е последица на алармантната ситуација во цела држава поради огромниот број вакви објекти низ […]

Шутаров: Бaраат субвенции за ЈСП, а да не даваат информации за состојбите во ЈСП


Гордан Шутаров, советник на СДСМ , извести дека во Советот на Град Скопје денеска треба да изгласаат дополнителни 20 милиони денари субвенции за ЈСП, откако на претходниот реабалнс во јуни изгласале 130 милиони. Шутаров нагласи дека кога треба да се дадат субвенции ги советуваат да ја изгласаат одлуката, но кога треба да се дадат информации, […]

КЗБ: Стабилна состојбата со респираторниот вирус и Ковид-19


Стабилна е состојбата со инфекцијата со РСВ-респираторен синцициски вирус, нема зголемување на бројот на новозаболени и хоспитализации, а болничките капацитети ги задоволуваат потребите за укажување здравствена грижа за децата со симптоми, констатираше денеска Комисијата за заразни болести, која на состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во државата. Како што соопшти Министерството за здравство, на состанокот […]

Ленин Јовановски ќе преговара со Владата за решавање на проблемот со приватните превозници


Претставникот на приватните превозници, Кемал Муриќ денеска изјави дека официјално поднеле барање до премиерот Димитар Ковачевски за средба. -Нашиот претставник и директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски ја презема улогата во преговорите со Владата. Ингеренциите што до денеска ми беа дадени престануваат. Од сега ве упатувам на адреса на Јовановски за сите наредни чекори и […]

МОН со новогодишен ликовен конкурс за основците


Министерството за образование и наука (МОН) објави ликовен конкурс за учениците од основно образование на тема „Светот кој го сакам во 2023 година“. „Во каков свет сакаат да живеат во 2023 година и кои се нивните желби и очекувања, основците ќе можат да илустрираат преку цртежи и со истите да се натпреваруваат на ликовниот конкурс […]

Слаб снег на Шапка, поради магла намалена видливост на Стража


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на планинскиот премин Стража, информираат денеска од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци […]

Од утре до сабота температурите во пораст


Од утре до сабота утринската и дневната температура ќе бидат во пораст, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Само во дел од котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Врнежи од дожд ќе има в сабота, а од недела ќе биде постудено. Минималната температура в петок ќе биде во интервал од 4 […]

Протест на Кванташки пазар во Скопје


За утре е закажан протест од 9.30 до 11.30 часот на ул. 1632 – Кванташки пазар – Капија и на истиот ќе учествуваат физички лица и претставници-управители на правни лица-закупци на Кванташки Пазар. – Целта на јавниот собир е да се изрази јавното незадоволство на лицата-закупци на Кванташки Пазар од незаконското и своеволно однесување и […]

Борбата против корупцијата треба да биде регионална


Имаме меѓународна поддршка, но на сите нас останува да ја забрзаме имплементацијата на таргетите што ги имаме поставено за доброто на нашите општества, на сите граѓани, за доброто на сите нас, истакна вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска во изјава за медиуми на денешната Регионална конференција за борба против корупција. Вицепремиерката рече дека […]

„ЕСМ Снабдување со топлина“: Добивање на фактура на меил е најсигурен и најеколошки начин на достава на сметките


  „ЕСМ Снабдување со топлина“ апелира сите потрошувачи кои ја добиваат фактурата во хартиена форма да ја искористат можноста за добивање на е-фактура затоа што е тоа најсигурен, најбрз, најекономичен и најеколошки начин на достава. „За тоа, треба да пополнат формулар кој може да го побараат од нашиот Центар за грижа на корисници да им […]

Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван во Битолско


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираше земјотрес 124 километри југозападно од Скопје во Република Грција. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случил во 10 часот и 29 минути со Рихтерова локална […]

Прв пинк базар во Скопје за подигање на свеста за рано откривање на рак на дојка


Во Скопје се организира првиот Пинк базар – „ДА ГО СЛАВИМЕ ЖИВОТОТ“, уникатен настан за животен стил, кој ќе се организира како дел од проектот за Национална кампања за рак на дојка. Целта на овој настан е да се подигне свеста за рано откривање на рак на дојка, но во исто време настанот ќе помогне […]

БПЦ го призна томосот на СПЦ за автокефалност на МПЦ


Светиот синод на Бугарската православна црква на својата редовна седница под претседателство на бугарскиот патријарх Неофит донел одлука „за признавање на томосот со кој Српската црква ѝ дава автокефалност на Македонската православна црква“, објавија бугарските медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според овие написи, Синодот на БПЦ смета дека МПЦ-ОА треба да […]

Најстудено на Попова Шапка, снежна покривка од четири сантиметри


Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени – 2 степена, а висината на снежната покривка изнесува четири сантиметри. Нула степени се регистрирани во Крива Паланка, Берово, Маврови Анови и Лазарополе,  еден во Тетово, Битола и  Крушево, два во Прилеп и Виница, три во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија и […]

Утрово, нови дојави за бомби во 15 училиштата во Скопје


Утрово, повторно пристигнале закани за поставени бомби во училиштата во Скопје.  Според ученици од гимназијата „Орце Николов“, по примената дојава за поставена бомба во просториите на учулиштето, учениците и вработените се евакуираат. Дојава има и во „Владо Тасевски“. На местото се припадници на антитерористичката единица кои со детектори и со кучиња ја пребаруваат зградата. – […]

Апелацискиот суд речиси три години не носи пресуда за Владимир Талески и другите во „Транспортер“


  БИТОЛА – Лав Толстој ја напиша грандиозната епопеја „Војна и мир“ за три години, а Апелацискиот суд во Скопје не може за две години и девет месеци да донесе одлука по жалбата на осудените во случајот „Транспортер“ поврзан со училишниот превоз во Битола. Дали е тоа немарност, дали е корупција, дали е лоша организираност, […]

Можно ли е прелевање на косовската криза во Македонија?


Северот на Косово е блокиран четврти ден откако локалните Срби поставија барикади на најважните магистрални патишта. КФОР објави дека единствениот пат до мир е Белград и Приштина да ги решат своите прашања преку дијалог и да ги почитуваат правата на сите заедници. Линк до целиот текст тука

Состојба на патиштата


ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБА НА ПАТНИ ПРАВЦИ И ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ 06:00 часот ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Магистралниот пат Струмица – Радовиш пат е во прекин и се пренасочува по регионален пат, поради случена сообраќајна незгода. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Крива Паланкa кој не се задржува на […]

Завршна изложба на инклузивниот проект „Замисли желба“


Во просториите на Чифте амам денеска ќе се одржи завршна изложба на инклузивниот проект „Замисли желба“. Едукативното одделение на Национална галерија на Република Северна Македонија изминатиов период организираше креативни работилници со тема врзана со претстојните празници. Тематски мотив на работилниците, како што велат од Националната галерија, беше изработка на лампиони и други декорации. -Материјалите за […]