Судовите да објавуваат на интернет неправосилни пресуди кои се од јавен интерес, смета Врховниот суд


Судовите, донесените одлуки (пресуди и решенија) кои не се правосилни и кои се однесуваат на предмети од јавен интерес да ги објавуваат на веб страницата на судот, гласи начелниот став на Врховниот суд на Република Северна Македонија, утврден на денешната општа седница. Начелниот став на Општата седница, како што информираат бил, предложен од претседателот на […]

Поднесен обвинителен акт против три лица во предметот „Империја“


  По севкупно спроведена истражна постапка против 19 лица во предметот „Империја“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против преостанатите три лица. Според Обвинителниот акт прво и второобвинетиот сториле кривични дела Злоупотреба на службена пложба и овластување и […]

Нова детска градинка во Аеродром со капацитет за згрижување на 200 деца


Денес во Oпштина Аеродром официјално беше пуштен во употреба новоизградениот објект „Црвенкапа“ во рамките на детската градинка „Срничка“. На настанот свое присуство и обраќање имаа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорката на градинката, Александра Јелиќ – Исаиловска. Станува збор за објект кој се наоѓа во […]

Дел од „Рузвелтова“ и „Партизанска“ утре без вода


Поради изведување на водоводен прикличок ф-100 мм на улица „Франклин Рузвелт“ 18, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и дел од булеварот „Партизански Одреди“. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот, па до завршување со работните активности.

Скопска православна епархија: Не е донесена одлука да нема погребенија на одредени верски празници


Скопската православна епархија при МПЦ – ОА денеска ги демантира информациите дека била донесена одлука да нема погребенија на Свети Никола, првиот ден на Божик и  Велигден, како и на задушница, иако, како што велат оттаму, за тоа се разговарало.   -По повод настаните од 19.12.2022 година, денот во кој Црквата го прославува споменот на […]

Македонските населби во мрак – партиите се надвикуваат чии градоначалници се понеспособни


  Градовите и селата низ Македонија и некои населби во Скопје, тонат во мрак. По препораката од Владата дека треба да се штеди струја, па светеа преку една улична канделабра, бројни граѓани на социјалните мрежи се жалаат дека небезбедно е да се движиш по улица навечер, затоа што само ѕвездите на небото ти го осветлуваат […]

Попис 2021: Аеродром со најмногу жители и најмладо население, 205 села се празни


  Во периодот на спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година, во земјава има вкупно 1.781 населени места, а 205 се празни села, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Во главниот град Скопје живеат 526.502 жители, има 171.171 домаќинство и 213.850 станови. „Населено место со најголем број на жители е скопски Аеродром […]

Досега запленети 100.000 парчиња пиротехника


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по денешната работна средба со раководствата на СВР Куманово и Регионален центар за гранични работи Север, одговарајќи на новинарско прашање за количество на запленети пиротехнички средства истакна дека МВР заедно со Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија спроведуваат превентивна кампања за злоупотреба на пиротехнички средства. Во однос на […]

Медиумските капацитети се тенчат, во сите радија и телевизии вработени 2.449 лица


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска го одржа четвртиот јавен состанок на којшто беа презентирани спроведените активности согласно Годишната програма за работа на Агенцијата и структурата на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2021 година. Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски ги презентираше годишните активности, при што посочи дека се реализирани редовни програмски и […]

Ковачевски: Состанок со приватните превозници ќе има, но откако ќе ги добиеме податоците од УЈП


Состанок со приватните превозници ќе има, но откако ќе ги добиеме податоците од Управата за јавни приходи за параметрите за кои имаше јавна дискусија меѓу превозниците, ЈСП и Град Скопје, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. По прес-конференцијата во Владата, Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања посочи дека ова не значи оти Владата влегува во било какво […]

На покривот на средното училиште во Илинден поставени фотоволтаични панели


На покривот на СОСУ ,,Илинден” се поставени фотоволтаични панели, односно, фотоволтаична централа за производство на електрична енергија, во рамки на проектот „ИНОФИН“, Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија. Увид во работните активности направија градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на средното училиште, Зоран Арсовски, кои истакнаа дека […]

Стефковски: Во 2023 година сите ученици ќе добијат бесплатни униформи


Со објава на својата официјална страна на Фејсбук, градончалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека со новиот буџет за 2023 година, се обезбедуваат средства за набавка на бесплатни униформи за сите ученици на територија на општина Гази Баба. Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:   Со буџетот за 2023 година, обезбедуваме 12.000.000 денари за […]

Владата подмири речиси половина од долгот за струја на македонски Железници и Транспорт


Двесте милиони денари се ставени на располагање на Министерството за транспорт и врски за плаќање на дел од долгот на Железници и Транспорт. Оваа одлука синоќа е изгласана во Собранието на Република Северна Македонија. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски од Свети Николе истакна дека станува збор за прераспределба на средства за буџетските корисници. […]

Магла на автопатот Катланово – Велес – Градско


На автопатот Катланово – Велес – Градско има појава на магла и видливоста е до 50 метри, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на […]

Бектеши: Сигурно ќе има намалување на цената на електричната енергија за малите потрошувачи


Ќе направиме се што е во наша надлежност да нема драстично зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, а ќе има намалување за малите потрошувачи – за микро и малите компании, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Намалување на цената за малите потрошувачи ќе има заради тоа што веќе се стабилизираат цените за […]

Спасовски: Во фаза на расчистување сме на случајот со пријавите за поставени бомби во Делчево


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека во фаза на расчистување е случајот со пријавите за бомби во Делчево. Се надева дека наскоро ќе биде расчистен овој случај. Во изјава за медиуми дадена во Куманово, министерот Спасовски рече дека во борбата против хибридните закани потребен е заеднички одговор. – Формиран е работен тим […]

В петок продолжение на седницата за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје


Советот на јавни обвинители за в петок закажа продолжение на седумдесеттата седница на чиј дневен ред е избор на нови шефови на две виши и шест основни јавни обвинителства, меѓу кои и нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Во трка за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје беа тројца кандидати, но по повлекувањето […]

Електронска распределба на социјални станови во Свети Николе


Објавена e прелиминарната листа на граѓани од социјален ризик кои ќе добијат стан во Свети Николе. Со поддршка на Министерството за транспорт и врски, граѓаните и семејства од социјален ризик ќе го решат станбеното прашање и ќе добијат кров над глава и во оваа општина. Подобар начин на живот, похумани услови за сите граѓани, даваат […]

Новогодишно или бедно украсено Скопје?


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вчера, преку социјалните медиуми, објави промотивно видео од украсувањето на Скопје за Нова година. На плоштадот, ден по Свети Никола се постави елка, има и куќички за новогодишен базар, каде се продаваат топли напитоци, американски крофни, новогодишни чорапи и други украси. Пред некој ден се постави и рингишпил, а вчера […]

Буџетот за одбрана идната година ќе изнесува 274,6 милиони евра


Предложениот буџетот на Министерството за одбрана за 2023 година изнесува 274,6 милиони евра и е за една третина повеќе од минатогодишниот. Според премиерот Димитар Ковачевски, планираните финансии за одбраната за следната година ќе придонесат за развој и модернизирање на овој  ресор согласно стандардите на земја членка на НАТО. – Развојот на одбраната ќе придонесе за […]