Неспроведувањето на Мијалков е техничка грешка на Кривичен, тврдат од затворот во Струга


Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, тврди дека обвинетиот Сашо Мијалков денеска не бил спроведен во Основниот Кривичен суд Скопје, на насроченото рочиште за „Титаник 2“, поради техничка грешка во датумите од страна на Кривичниот суд во Скопје од каде, пак, велат дека на 14.12.2022 година затворот во Струга има примено наредба за спровод […]

Шаќири: Одговорниот однос кон здравјето се учи од најрана возраст


Градењето на свест кај учениците за здрав начин на живеење и стекнувањето знаења кои водат кон формирање психички, социјално и физички здрави личности, способни да се грижат за своето здравје и за здравјето на другите, во рамки на системот на образование на Република Северна Македонија, е системски засновано. Ова го истакна министерот за образование и […]

Истражување: 65 отсто од граѓаните се лечат со помош на Интернет


Граѓаните во земјава најчесто во своите домашни аптеки имаат лекови за настинка, воспалено грло и кашлица, а главоболките или болките во ’рбетот и екстремитетите се најчестите акутни проблеми. Националното истражување за состојбата со здравјето и употребата на лекови во земјава, што го спроведе фармацевтската компанија „Галеника“ во период од септември до октомври 2020 година во урбани и […]

ЈП „Градски паркинг” – Скопје ги потсети станарите и правните субјекти да ги обноват договорите


Навршува рокот за обнова на договорите за станарите и правните субјекти за сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ Скопје, па поради тоа ги потсети да си ги обноват истите. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ја известува јавноста дека рокот на ревизијата на договорите за користење на паркинг услуги која ја спроведува претпријатието на […]

Муцунски: Идната година ќе почнеме со изградба на две градинки, во Лисиче и зад кулите Џевахир


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски кажа дека следната година ќе почне изградба на две градинки, во Лисиче и позади кулите Џевахир. Муцунски на денешната презентација даде краток осврт за тоа што било сработено во 2022 година и ги претстави плановите за идната година. – Следната година планираме почеток на градба на две градинки, едната […]

Управа за извршување на санкции ќе утврдува одговорност за неспроведувањето на Мијалков


 Управата за извршување на санкции ќе ги преземе сите активности што се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор со цел да се утврди фактичката состојба поради која обвинетиот Сашо Мијалков денеска не е спроведен од затворот Струга на судење за случајот „Титаник 2“. – Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите […]

Предновогодишна прослава и базар на „Боемска улица 1“


Дводневна прослава на „Боемска улица 1“, со повеќе настани за сите жители, ова го најави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во денешното гостување во „Студио 10“, на ТВ 24 со Мишко Иванов. „Планираме дводневен настан на првиот дел од ‘Боемската улица’, на 29-ти и 30-ти декември, со пејачи, ди-џеи, базари и настапи од децата […]

Ќе се спаси ли Мијалков и од „Титаник 2“? – денешното рочиште одложено


На денешното рочиште за „Титаник 2“ обвинетиот Сашо Мијалков не бил спроведен од затворот во Струга. Од Основниот кривичен суд потврдуваат дека Мијалков не се појавил на судењето и покрај тоа што бил уредно поканет за што судијата пред странките ја покажал испратницата со наредба за спроведување. МИА се обиде да стапи во контакт со […]

Битола накитена и распеана за Новата година


  БИТОЛА – Битолчани по вторпат се подготвуваат за градски дочек на Новата година пред платото на Офицерски дом со одлично осмислениот проект „Зимска приказна“. Центарот на збиднувањата не случајно е обновениот Офицерскиот дом, иако во исто време внимание е посветено и на празнично украсените Широк Сокак и Старата битолска чаршија. Преубава елка е поставена […]

ССНМ: Затворање на дописништвата на МИА е недозволива мерка


  Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува жалење поради одлуката на МИА за ставање во мирување на неопределено време дописништвата во Брисел, во Атина и во Вашингтон, како и за најавите за непродолжување на договорите за соработка на дописниците од другите европски градови. Свесни сме за економската криза, односно за мерките за штедење […]

Град Скопје со оглас за автобуси и возачи за линиите 9,11 и 12


Нов оглас за избор на приватни превозници за реализирање на јавниот превоз во Скопје објави Градот. Огласот се однесува на линиите 9, 11 и 12 . Според огласот, за линијата 9 се бараат 15 автобуси и 31 возач, за линијата 11 се бараат 5 автобуси и 10 возачи, а за линијата 12 се потребни 8 […]

Средношколци креираа иновативни решенија за производство и заштеда на енергија во своите средни училишта


Во рамките на програмата UPSHIFT, од 19 до 21 декември во Струга се одржа тридневен настан-UPSHIFT Bootcamp  за развој и поддршка на социјални иновации поврзани со ЕНЕРГИЈАТА каде  10 средношколски тимови беа избрани за финалисти на отворениот повик на програмата.   Средношколски тимови од Кочани, Кичево, Битола, Кавадарци и Радовиш составени од по 5 ученици со […]

Во земјава речиси да не се прават „зелени“ набавки, 95 % институции набавуваат вода во пластични шишиња


Во земјава речиси да не се спроведуваат „зелени“ набавки иако Законот за јавните набавки тоа го овозможува и поттикнува. Институциите не ги почитуваат ниту малиот број мерки донесени од Владата со кои преку јавните набавки треба да се влијание врз заштита на животната средина, стои во клучните наоди во Извештајот од истражувањето на јавните набавки […]

Утре без струја дел од селата Катланово, Сарај, Никиштани и улицата „Владимир Каваев“ во Карпош


ЕВН Македонија известува дека утре поради технички зафати во мрежата, без електрична енергија ќе останат дел од потрошувачите во Катланово, селата Сарај и Никиштани и општина Карпош. Од 08.30 до 14.00 часот без струја ќе биде објектот на Хантер ДООЛ во Катланово, општина Перовец. Од 09.00 до 10.00 часот улица 1 и улица 2 во […]

Најладно во Берово, во Полошко намалена видливост од 50 до 200 метри


Утрово најладно е во Берово со – 7 степени, а најтопло со 4 степени е на Попова Шапка. Како што информираа од УХМР измерени се – 6 степени во Струмица, -5 во Скопје-Петровец, Битола, Демир Капија, -4 степени во Тетово, Штип, Гевгелија, Крива Паланка, -3 степени во Прилеп, Куманово, -2 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, -1 […]

Повеќе скопски населби денеска без струја


  Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Бертранд Расел“ во општина Ѓорче Петров. Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ернест Телман“ во општина Аеродром, а од 10:00 до 13:30 часот дел од корисниците лоцирани на улица „Козара“ […]

Наутро студено, преку ден сончево до 12 степени


Времето наутро ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Во Скопје наутро студено, преку денот сончево и магливо со мала до […]

Судско-медиумскиот совет бара да се смени законот кој не дозволува објавување на неправосилни судски одлуки


 Членовите на Судско-медиумскиот совет на денешната седница одлучија до Министерството за правда да поднесат иницијатива за промена на Законот за движење и управување со предметите, со кој се бара да бидат објавени сите судски одлуки, а не само правосилните, какво што е моменталното законско решение. Одлуката за ваква инцијатива Судско-медиумскиот совет ја донесе едногласно. Иницијатвиа […]

Симулациска вежба за евакуација при пожар и земјотрес во ООУ „Лазо Ангеловски“


Денеска во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се одржа симулациска вежба за справување и евакуација во услови на пожар и земјотрес на која присуствуваше и градоначалникот Тимчо Муцунски. Станува збор за вежба која ова основно училиште ја организира во соработка со Министерството за внатрешни работи, Противпожарната бригада и претставниците на Црвен Крст. Општина Аеродром и во […]

Вселенскиот патријарх прв пат во историјата божиќното послание го објави и на македонски јазик


  Никогаш во историјата на човештвото, мирот помеѓу народите не бил состојба што се подразбира, туку секаде и секогаш бил последица на вдахновени иницијативи, храброст и саможртва, отпор кон насилието и отфрлање на војната како средство за решавање на разликите, трајна борба за правда и заштита на човековото достоинство, нагласува вселенскиот патријарх Вартоломеј во овогодишното […]