Судењето за „Беса Транс“ се одложи за 2 февруари


Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за „Беса Транс“ поради симптоми на Ковид-19 на обвинетиот сопственик на компанијата, Беким Хаџиу. Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот, до судот достави потврда за направен тест за Ковид-19 и кажа дека до овој момент не добиле резултати. – Ковид-19 е болест од пандемиски размери, па најдобро […]

Советот на ЈО го избра Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје


Советот за Јавни обвинители на продолжението на 70-тата седница, денеска едногласно го избра Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека Хајрулахи е позитивно оценет со 23 поени. Членот на Советот на ЈО Арбер Исаку, посочи дека Хајрулахи кој […]

Северна Македонија и Чешка потпишаа Договор за ремонт на хеликоптери


Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва денеска потпишаa Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу владите на двете земји. Договорот, кој е по принципот „Влада со Влада“, како што соопштија од Министерството за одбрана, е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата и предвидува […]

Во Берово најстудено, -7


Утрово најниска температура од -7 степени Целзиусови е измерена во Берово. Следат Струмица и Битола со -5, -4 во Демир Капија, -3 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Штип, Гевгелија, -2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Лазарополе, -1 Крива Паланка, Виница, Маврови Анови и 0 степени во Охрид, Претор, Крушево, Дојран, Попова Шапка. Времето претпладне по одделни котлини со појава […]

Магла на патните правци Скопје – Желино – Тетово – Гостивар и Неготино – Демир Капија – Смоквица


  Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 метри има на патниот правец Скопје – Желино – Тетово – Гостивар и од 100 -150м. на патниот правец Неготино – Демир Капија – Смоквица. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Поради зголемено ниво на вода на реката […]

ЈП „Лајка“ со хуманитарен предновогодишен настан


  ЈП „Лајка“ денеска за сите граѓани, активисти и љубители на кучиња организира предновогодишна хуманитарна забава. – 2022 година успешно ја одбележавме со многу интересни настани во кои заеднички се дружевме и уживавме, па сакаме да ја заокружиме со уште еден настан, последен за оваа година. На овој настан ќе се дружиме со нашите шепасти […]

Во Театарот за деца и младинци в понеделник премиера на претставата „Роња, ќерката на ограбувачот”


Театарот за деца и младинци в понеделник премиерно ќе ја изведе претставата „Роња, ќерката на ограбувачот”. Претставата е работена според истоимениот роман на светски познатата авторка Астрит Линдгрен, во режија и драматизација на Јакуб Максимов, кој доаѓа од Чешка. Драматург на претставата е Горјан Милошевски. По тој повод денеска во Театарот за деца и младинци […]

Утринската температура -6, дневната до 13 степени


Утрово по одделни котлини има појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла […]

Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк


Студентите кои аплицираа на повикот на МОН за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и ги исполнија условите, по овој основ денеска на своите трансакциски сметки добија средства во износ од по 6.480 денари. Станува збор за речиси 29 илјади студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец септември и за октомври и […]

Лажни и денешните дојави за бомби во скопски училишта


Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Како што нагласуваат од МВР, веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени […]

Магла на неколку патни правци


Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 50 метри вечерва има на патниот правец Скопје – Желино – Тетово – Гостивар, до 100 метри на патот Македонски Брод – Кичево и од 50 до 100м. на патниот правец Неготино – Демир Капија, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските […]

Приватно било земјиштето кај провалијата на кејот на Вардар


Провалијата на кејот на Вардар во Аеродром, за која укажа вчера дирекотор на ЦУК, Стојанче Ангелов, била во приватна сопственост. Имено, таму почнал ископ за да се гради објект, за кој одобрение издала Општина Аеродром. Но, по прекин на работите, земјиштето останува небезбедно, а затревено. „Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиено известување […]

Османи утре ќе отвора почесен конзулат во Едрене


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе отвори првиот почесен конзулат на Македонија во регионот на Едрене, Турција. Во рамките на посетата министерот Османи исто така ќе има средба и со валијата на Едрене, Хусејин Куршат Кирбијик, како и со бројни наши студенти кои студираат во Универзитетот Тракија во овој град. Градот Едрене како […]

Ни еден туроператор не побарал откажување на програмата за 2023 година поради лажните дојави за бомби


Нашата земја и покрај лажните дојави за бомби е безбедна дестинација и сите институции прават се за тоа да биде така. Нашите конзуларни претставништва насекаде низ светот треба да информираат дека сме сигурна дестинација не само за новогодишните празници, туку и за целата 2023 година, истакна денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на […]

Намален интересот за влез на поштенскиот пазар, без лиценца останаа 10 оператори


Несоодветната достава на пратки, начинот на вршење на доставата на нотарски платен налог, оштетување на пратки и неисплатена откупнина, се најчестите причини за претставките до Агенцијата за пошти, а чиј број годинава изнесувал 29. На денешниот јавен состанок на Агенцијата за пошти беше соопштено дека најголем дел од претставките, односно девет се однесувале за услугите […]

МОН: Се зголемува бројот на ученички стипендии кои ќе се доделат годинава


На иницијатива на Министерството за образование и наука, а со одлука на вчерашната владина седница, бројот на стипендии кои се доделуваат на учениците од средните училишта во учебната 2022-2023 година значително се зголемува. Обезбедени се дополнително средства за оваа намена, а целта е да се мотивираат и да се поддржи образованието на што поголем број […]

Уште една дојава за поставени бомби во 13 училишта во Скопје


Попладнево, дојави за бомби стигнаа во некои училишта во Скопје. По пауза од три дена, дојава за бомба има во „Орце Николов“ и во „Владо Тасевски“. Веројатно и во другите средни училишта имаат примено вакви дојави, ако се знае дека последниот пат дојави имаше за 14 средни и две основни.  Полицијата е на терен, ги […]

Поради недостатокот на јасна програма за пречек на Новата година , Скопје не привлекува туристи


Поради недостатокот на јасна програма за пречек на Новата година Градот Скопје не е доволно конкурентен со останатите метрополи и поголеми градови во регионот, оцени денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. -Во 2022 година недостасуваат организираните тури, но и поголема не само промоција на Скопје како главен град, […]

Ќе се гради ново училиште „Сами Фрашери во Куманово, на две други ќе им се поправаат покривите


Постапката за изградба на нов училишен објект за учениците од „Сами Фрашери“ од Куманово е во тек, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој го посети Куманово, заедно со министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за внатрешни работи, Љупчо Николовски и Оливер Спасовски. – Во однос на училиштето после долги години Владата донесе одлука за […]