Хуманитарна акција на „Рамстор“ и Меѓународниот балкански универзитет


„Рамстор“ во соработка со Меѓународниот балкански универзитет организира хуманитарна  акција  за помош на граѓаните погодени од силниот земјотрес кој ја зафати Турција со епицентар во Караманмарас, со поставување на кутии за донација во повеќе локации  како што се: ( Рамстор маркетот во Рамстор Мол,Рамстор  Капитол Мол, Рамстор Сити Мол, Рамстор Чаир, Рамсторе Водно, Рамстор Тетово Палма Мол, Рамстор Карпош и Рамстор Гостивар.

Сите заинтересирани граѓани можат да ги достават своите донации во обележаните кутии за донација во било која од горенаведените локации почнувајќи од денес па се до петок  до 22:00 часот.

Потребни и најнеопходни средства за донација се:

-ракавици
-капи
-монтки
-јакни
-чизми
-хигиенски средства за чистење
хигиенски влошки
-пелени
-бебешка храна
-влажни марамчиња
-перници
-јоргани
-Перници
-ќебиња
-конзервирана храна

 

Донацијата ќе биде доставена до АФАД Турција  (Центар за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција).

Тимот на Рамстор е во постојана комуникација со надлежните служби и институции и како општествено одговорна компанија ќе продолжиме да придонесуваме се што е потребно за оние на кои што им е неопходна помош-изјавуваат од Рамстор.