Средношколци од Кавадарци престојуваат во Грција во рамки на Ерасмус + проект


Средношколци од Кавадарци престојуваат во Грција во рамки на Ерасмус + проект, информираа вечерва од Средното земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров“. 
 
– Се работи за уште еден, нов проект од оваа програма, 10 наши ученици и четири професори се во повеќедневна посета на Атина, во соседна Грција. Проектните активности се насловени „Одржливо земјоделство и шумарство“, појаснија од училиштето што постои 66 години. 
 
Оттаму нагласија дека целта на проектот е учениците да се стекнат со нови вештини и практики во претприемништвото за агро-храна и одржливост, во агро-прехранбениот сектор. Да се запознаат со европските насоки и трендови во органското земјоделство. Да се запознаат со нови практики во пејзажниот дизајн и користење на второстепени производи од шумата, користење на лековити билки и зачински растенија, во хербалната медицина.