Нуредини: Се наоѓаме на клучна точка на одлучување и фундаментална структурна промена кон претстојната зелена транзиција


Нашата држава заедно со другите држави од Западен Балкан  се наоѓа на клучна точка на одлучување и фундаментална структурна промена во врска со претстојната зелена транзиција,  а државите стануваат посвесни за неопходноста и придобивките од транзицијата кон чиста енергија. Ова денеска го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на панелот на Европската …

Нуредини: Се наоѓаме на клучна точка на одлучување и фундаментална структурна промена кон претстојната зелена транзиција Read More »

На 55 години почина професорката Татјана Петрушевска


На 55 години, по долго боледување, почина д-р Татјана Петрушевска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа беше професорка по меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на …

На 55 години почина професорката Татјана Петрушевска Read More »

Врачена државната награда „11 Октомври“


По повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, денеска во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, беше врачена истоимената државна награда. Одборот за доделување на државната награда, за животно дело во областа на науката, наградата постхумно му ја додели на проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар. Во областа на културата и уметноста, …

Врачена државната награда „11 Октомври“ Read More »

Мицкоски како градоначалник најави градежна офанзива во Прилеп идната пролет


  Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, денеска во Прилеп, на Денот на востанието, најави дека почнува градежна офанзива во градот. Зборувајќи за 11 Октомври, и Мицкоски, како и претставниците на власта, рече дека Македонија беше на вистинската страна на историјата. „Вистината е дека за време на Втората светска војна бугарските фашисти извршија злостор на територијата …

Мицкоски како градоначалник најави градежна офанзива во Прилеп идната пролет Read More »

Бевме на вистинската страна пред 81 година, а сме и денес, рече Грковска


  Денес се поклонуваме на сите оние кои на денешен ден 1941 година го означија почетокот на антифашистичкото и народноослободителното востание на сите оние коишто се бореа за нашата денешна слобода. Општонародната борба не познаваше никакви разлики, ниту по етничка, ниту по верска, ниту по полова основа. Партизаните обединети, рамо до рамо се изборија за остварување …

Бевме на вистинската страна пред 81 година, а сме и денес, рече Грковска Read More »

Ковачевски: Да се биде на вистинската страна значи да се избере патот на мирот


  Да се биде на вистинската страна, значи да се избере патот на мирот и напредокот. Денес, повторно, нашата денешна битка е токму таква – да продолжиме по патот на  мирот и прогресот, без да дозволиме кој било, што било и било кога да ни го попречи овој пат, порача премиерот Димитар Ковачевски на централната …

Ковачевски: Да се биде на вистинската страна значи да се избере патот на мирот Read More »

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата


Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомото сојузот. На граничните премини, од македонска страна, како што посочуваат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна …

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата Read More »

Посебен режим на сообраќај утре, во четврток и петок во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 12, 13 и 14.10.2022 (среда, четврток и петок), поради официјална посета на Република Северна Македонија на претседателката на Националниот совет на федералниот парламент на Швајцарската конфедерација, Н.Е Ирене Келин, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно …

Посебен режим на сообраќај утре, во четврток и петок во Скопје Read More »

УХМР: До петок ќе биде облачно и свежо време со повремен локален дожд


Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врне жи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 14 степени, а дневната од 12 до 20 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. …

УХМР: До петок ќе биде облачно и свежо време со повремен локален дожд Read More »

Проверете дали објектите се подготвени за грејната сезона


ЕСМ Снабдување со топлина во пресрет на новата грејна сезона 2022/2023 која почнува на 15 октомври преку соопштение ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во потстаницата со цел испораката на топлинска енергија во …

Проверете дали објектите се подготвени за грејната сезона Read More »

Спасовски на 73.Сесија на УНХЦР во Женева: Државата и МВР даваат силна поддршка на Глобалниот пакт за бегалци и миграција


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обрати на општата дебата на 73. Сесија на Извршниот комитет на Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации во Женева. -Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи со кое имам чест да раководам, отсекогаш имале проактивен и отворен пристап, отсекогаш биле и ќе останат активен и кредибилен …

Спасовски на 73.Сесија на УНХЦР во Женева: Државата и МВР даваат силна поддршка на Глобалниот пакт за бегалци и миграција Read More »

Утре без струја ТЦ „Бисер“, и делови на Студеничани и Карпош


Од ЕВН Македонија информира дека утре без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 9 до 12.30 часот, корисниците од ТЦ „Бисер“. ( општина Аеродром ) – во периодот од 9 до 15 часот, корисниците на потегот од село Алдинци до Солунска Глава. ( општина Студеничани ) – во периодот од 10 до 14 …

Утре без струја ТЦ „Бисер“, и делови на Студеничани и Карпош Read More »

(Видео) Ковачевски се обрати по повод Денот на народното востание од Куманово


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска по повод Денот на народното востание – 11 Октомври ќе присуствува и ќе се обрати на централниот настан кој ќе се одржи на Спомен Костурницата во Куманово. Свечениот настан кој се одржува под мотото „На вистинската страна“, започнува во 9:30 часот со положување на свежо …

(Видео) Ковачевски се обрати по повод Денот на народното востание од Куманово Read More »

Пендаровски: 11 октомври нека ни биде инспирација за надминување на поделбите


Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија. „Денес после 81 година од почетокот на антифашистичката борба која ни донесе слобода и македонска држава, заедно со целото човештво сме исправени пред нови искушенија. Покрај сите здравствени, економски, безбедносни и енергетски проблеми, ние се …

Пендаровски: 11 октомври нека ни биде инспирација за надминување на поделбите Read More »

Честитка од премиерот Ковачевски по повод 11 Октомври


Премиерот Димитар Ковачевски денеска упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври- Денот на народното востание. – Победничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и идеалот за македонската држава и ние како граѓани, сме и мораме да бидеме вечно благодарни. Го продолжуваме нивниот пат во истата насока, избирајќи го напредокот и …

Честитка од премиерот Ковачевски по повод 11 Октомври Read More »

Шест часа утре без струја Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река


Во периодот од 09:15 до 15 часот утре без електрична енергија ќе бидaт жителите на целото дебарско подрачје.    Како што информираа од ЕСМ за МИА, прекинот е поради редовните годишни планирани активности во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар.   -Ќе бидат реализирани планирани редовни годишни испитувања на релејната заштита на регулациониот трансформатор (РТР) 110/35 kV во ХЕ „Шпилје“, …

Шест часа утре без струја Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река Read More »

Одбележување на Денот на народното востание – 11 Октомври под мотото „Секогаш на вистинската страна“


  Со традиционалниот импровизиран напад пред Меморијалниот музеј „11 Октомври“ и со огномет синоќа во Прилеп почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81-та годишна од почетокот на антифашистичката борба во 1941. Централниот настан за одбележување на празникот, кој годинава е под мотото „Секогаш на вистинската страна“ ќе се одржи денеска …

Одбележување на Денот на народното востание – 11 Октомври под мотото „Секогаш на вистинската страна“ Read More »

Каква зима не очекува? Еве што велат метеоролозите


  Во услови на енергетска криза во која државите се соочени со предизвикот да обезбедат доволни количини на енергенси и електрична енергија, се наметнува прашањето каква зима не очекува. Метеоролозите, според сезонските изгледи, предвидуваат генерално поблага зима од просечната. Во првата половина од зимата очекувањата се дека ќе има малку поладно, стабилно и релативно суво …

Каква зима не очекува? Еве што велат метеоролозите Read More »

Концерт на воениот оркестар по повод 30 години Армија и Денот на народното востание


  Воениот оркестар на Армијата вечерва ќе одржи едночасовен вечерен концерт во Домот на Армијата во Скопје. Концертот се организира во рамки на активностите со кои се одбележува 30-годишниот јубилеј на Армијата и во чест на Денот на народното востание – 11 Октомври. – На концертот, во составот на армискиот воен оркестар ќе учествуваат и …

Концерт на воениот оркестар по повод 30 години Армија и Денот на народното востание Read More »

Облачно и свежо со повремен локален дожд и југоисточен ветер


  Времето денеска ќе биде облачно и свежо, со повремени локални врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје и околината ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 16 степени. Во …

Облачно и свежо со повремен локален дожд и југоисточен ветер Read More »