Продолжуваат градежните активности на патот од Велес кон езерото „Младост“


На регионалниот пат Велес – езеро „Младост“ првиот километар од оваа делница на која се работеше изминатите денови веќе се подготвува за асфалтирање. Продолжуваат и градежните зафати за реконструкција на уште еден километар во продолжение. Реконструкцијата на патот ќе продолжи се до предвиденото над Ресторанoт „Бела вода” кај велешкото езеро „Младост“, информираат од Општина Велес. Патот освен што целосно се реконструира и се проширува. 

Градежните зафати за целосна реконструкција на регионалниот пат од Отпад Дине“ на излезот од Велес  кон езерото Младост“, започнаа на 23 ноември лани.

Овој пат кон рекреативиот центар езеро „Младост“ се реконструира со проектирање и целосна изведба од страна на ЈП Државни патишта, информираат од Општина Велес.

 Патната инфраструктура во овој дел од општината е од исклучителна важност, со што ќе се унапреди сообраќајот и безбедноста на овој патен правец, влеат од локалната самоуправа и упатуваат благодарност до ЈП Државни патишта за проектирањето и целосната изведба на оваа реконструкција.