Здравствените работници најавија блокада на цело Скопје


фото: Б,Грданоски

Здравствените работници од денешниот протест порачаа, блокада на цело Скопје доколку не им биде исплатена јануарската плата.

– Доколку не се земе плата до среда најдоцна, односно денес ние ќе го блокираме Скопје на влезот кај Ѓорче Петров и Автокоманда и ќе го блокираме Центар во четврток, вели Лазар Костовски, претседател на Независен синдикат на геријатрија од денешниот протест на здравствените работници.

Тој дополни, „значи, најавуваме блокада на Скопје од Независниот синдикат и другите синдикални организации за блокада на цело Скопје“.

Најави за протест поради неисплатените плати има од докторите, сестрите, болничарите и останатиот медицински кадар од ГОБ „8 септември“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и од други здравствени организации низ земјава.

Јануарските плати на вработените во здравството доцнат поради хакираниот систем на фондот.