Првиот снег падна на Пелистер


  Снегот го побели врвот на Пелистер.  Ова се први снежни врнежи оваа есен откако вчера снег беше забележан во други држави во регионот.   Снег врне на врвот на Баба Планина, а објектите каде се тв-радио предавателите на Пелистер се под снежна покривка. Пелистер е на надморска височина од 2.601 метар и е трет …

Првиот снег падна на Пелистер Read More »

Во Демир Капија наврна најмногу дожд


Во Демир Капија во текот на ноќта наврна најмногу дожд, каде според УХМР, измерени се 63 литри на метар квадратен воден талог. Следат Крушево со 24,23 во Пожаране, 19 Тополчани и Ѓуриште, 18 Прилеп, 13 Битола, 11 Скопје Петровец, 10 Тетово, 8 Куманово, 6 Струмица, 5 Претор и 3 во Охрид. Најниска температура од 4 …

Во Демир Капија наврна најмногу дожд Read More »

Мандатот на Арсовска низ фотографии: Главните проекти стојат како пред една година


  Една година од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска, која во својата кампања најавуваше дека главниот град ќе го претвори во „модерно Скопје“, прошетавме низ улиците да провериме до каде е реализацијата на замислата. На некои проекти се работи, повеќето стојат во место, а некои не се ни почнати. Ако тргнете од Општина Аеродром, се …

Мандатот на Арсовска низ фотографии: Главните проекти стојат како пред една година Read More »

Започнува реконструкција на 36 мостови низ Скопје


Град Скопје соопшти денеска дека во соработка со Јавното претпријатие Улици и патишта отпочнува со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје. „Дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не се санирани, а неопходна е реконструкција на коловозот, тротоарите и оградите, …

Започнува реконструкција на 36 мостови низ Скопје Read More »

Еко свест: Јавното здравје мора да биде дел од носењето одлуки во енергетската криза


Последните објавени информации кои се однесуваат на одлуката на АД ЕСМ за тестирање на нови мотори со дизел гориво во топланите Исток и Запад во Скопје по 15 ноември се несериозни и непотребни во услови кога природниот гас е опција како енергенс за овие топлани, апелираат од Центарот за истражување и информирање за животна средина …

Еко свест: Јавното здравје мора да биде дел од носењето одлуки во енергетската криза Read More »

Општински обврзници и економски зони – што најави Мицкоски за финансирањето на општините


Општините кои што се под водство на градоначалници од редовите на ВМРО ДПМНЕ ќе издаваат општински обврзниц со кои ќе бараат нови извори на средства за нивно финансирање, најави денес лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Обврзниците ќе може да ги купуваат граѓаните и фирмите, а каматата ќе биде неколкукратно повисока во однос на онаа …

Општински обврзници и економски зони – што најави Мицкоски за финансирањето на општините Read More »

Народна банка почна да објавува статистички податоци за должничките хартии од вредност


  Народната банка започна со објавување нови статистички податоци за показателот должнички хартии од вредност. Овој показател ги прикажува финансиските врски помеѓу секторите во националната економија, како и помеѓу секторите на националната економија и секторот странство, врз основа на должничките хартии од вредност, соопштија од НБ. Со изработката и објавувањето на овие податоци се збогати …

Народна банка почна да објавува статистички податоци за должничките хартии од вредност Read More »

Митровденска задушница – спомен за починатите


  Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде …

Митровденска задушница – спомен за починатите Read More »

Облачно време со повремени локални врнежи од дожд


  Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови со повремен локален дожд. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер, дури и над 65 километри на час, од југоисточен правец. Максималната температура ќе …

Облачно време со повремени локални врнежи од дожд Read More »

Асоцијацијата на спортски новинари им додели плакети на Заев, Ципрас и Тупурковски


 Асоцијацијата на спортски новинари на Северна Македонија вечерва на научниот симпозим што се одржа во Струмица им додели плакети за мир на поранешните премиери на Северна Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и на долгодишниот претседател на МОК и политичар, Васил Тупурковски.   Во рамки на симпозиумот пред присутните се обрати Зоран …

Асоцијацијата на спортски новинари им додели плакети на Заев, Ципрас и Тупурковски Read More »

МВР: Дојавите за поставени бомби во училиштата се лажни


Лажни дојави се заканите што денеска по електронска пошта ги добиле четири училишта во Скопје за наводно поставени експлозивни направи. Тоа е утврдено откако се направени сите потребни проверки, информира попладнево Министерството за внатрешни работи. -Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и …

МВР: Дојавите за поставени бомби во училиштата се лажни Read More »

Јуроп Хаус Скопје одбележува три години постоење


Јуроп Хаус Скопје денеска одбележува три години постоење. Како што соопшти Делегацијата на Европската комисија во Скопје, во таа прилика евроамбасадорот Дејвид Гир ги презентираше плановите за проширување на мрежата на Јуроп Хаус и во други градови. – Пред три години, тогашниот претседател на Европскиот парламент Дејвид Сасоли (1956-2022), симболично им го предаде клучот од Јуроп Хаус Скопје на …

Јуроп Хаус Скопје одбележува три години постоење Read More »

Пендаровски и претседателот на Еврејската заедница го поздравија донесувањето на законот за клубовите


  Претседателот Стево Пендаровски и првиот човек на Еврејската заедница, Пепо Леви, на денешната средба  го поздравија донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политичките партии, согласно кои се забранува називот и ознаките на политичките партии, здруженија и фондации да содржат симболи, зборови, кратенки, кои предизвикуваат расна …

Пендаровски и претседателот на Еврејската заедница го поздравија донесувањето на законот за клубовите Read More »

Повторно дојави за бомби во училиштата, евакуирани „Карев“, „Орце“ и „Јосип Броз“


Попладнево учениците од втора и четврта година од скопската гимназија „Никола Карев“ се евакуирани по дојава за поставена бомба. Исто така, eвакуирани денеска се и „Орце Николов“ и „Јосип Броз Тито“. Припадници на антитерористичката единица со кучиња трагачи ги пребаруваат објектите. Во СВР Скопје, денеска околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на …

Повторно дојави за бомби во училиштата, евакуирани „Карев“, „Орце“ и „Јосип Броз“ Read More »

Јовески сака да биде избран антикорупциски јавен обвинител со визија


 Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески упати порака до јавните обвинители во врска со гласањето за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти Јавното обвинителство. – На 7 ноември се спроведува гласањето за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на …

Јовески сака да биде избран антикорупциски јавен обвинител со визија Read More »

Викендов саем на мед во центарот на Скопје


  Повеќе од 20 изложувачи од сите краеви на земјава изложуваат мед и пчелни производи на штандовите што се поставени на плоштадот „Македонија“ во Скопје во рамките на четвртиот „Пчеларски саем на Македонија“ во организација на Пчеларската федерација на Македонија, под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За време на тридневното траење на …

Викендов саем на мед во центарот на Скопје Read More »

Владата ќе продолжи да го субвенционира парното греење во Скопје до крајот на кризната состојба


Владата на денешната 99-та седница донесе одлука за преземање мерка за финансиска поддршка со засметување на разликата на цена на топлинската енергија на вршителите на енергетските дејности на пазарот на топлинска енергија, за потрошената топлинска енергија од страна на потрошувачите од категоријата домаќинства, во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Оваа одлука …

Владата ќе продолжи да го субвенционира парното греење во Скопје до крајот на кризната состојба Read More »

Викендов дожд и пад на температурите


За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, најавуваат од УХМР. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, над 35 литри на метар квадратен, особено утре во ноќните часови и во недела претпладне. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер, над 65 километри на час од југоисточен правец. В недела …

Викендов дожд и пад на температурите Read More »

МОН: Учениците нема да ги одработуваат часовите од евакуацијата


Училиштата имаат раководства кои се надлежни за организирање непречен воспитно-образовен процес, а тоа значи и обврска да се грижат за безбедноста на учениците додека престојуваат во објектите, велат од МОН во врска со тоа што ученици поради страв деновиве отсуствуваа од наставата во училиштата каде што беа пратени лажни дојави за поставени бомби. -Општините под …

МОН: Учениците нема да ги одработуваат часовите од евакуацијата Read More »

Аеродром објави конкурс за изградба на две градинки


Општина Аеродром објави конкурс за изработка на идејни решенија за две модерни и современи детски градинки. – Со ова, практично го реализираме едно од моите најважни ветувања за решавање на деценискиот проблем со недостаток на места во детските градинки, а истовремено ова е почеток на крајот на чекањата, ургенции и нервози со кои долг временски …

Аеродром објави конкурс за изградба на две градинки Read More »